Последниот преживеан - Тес Геритсен Магичен час... Со еден збор ПРЕКРАСНА, ти ја препорачувам за некое следно читачко уживање Книгава, делот на пријателството на девојчето со волчето ме потсети на една прекрасна книга што сум ја читала пред 20тина години, Ликос, напишана од македонски автор
Ааа ти им запна на Муза .Стварно добри книги имаат јас се заразив со нив,ја имам Градина не ми е почната. А "Тешка вода" како те бендиса?
Купив 15 книги од Муза сега, а и претходно имам купувано и генерално нема утка Тешка вода 3 или 4/5, некаде измеѓу
Две напоредно. Хофман го запознав во време на короната кога седењето по кафичи беше мисловна именка со неговата прва How to make the best coffee at home. Оваа подлабински има навлезено во зрното кафе, опишува доста интересно за разни варијанти на арабика, како и комерцијална подготовка на кафе. Втората Нефикција, периодот на режимот на Гадафи, (70тите до неговото симнување од власт во 2012та). Релација меѓу син и татко, кој во режимот има настрадано. Интересно четиво доста комплексно и слоевито ги објаснува тогашните политички превирања, ситуации во неговата богата фамилија, егзодус, итн.