Од вчера почнав да ја читам " Ѓаволот носи Прада " од Лорин Вајсбергер Ми се гледа малку големка ( 413 стр.) али се надевам дека ќе можам да ја дочитам
Ја дочитав Ќерката на чуварот на спомените од Ким Едвардс,преубава книга ме остави без зборови. Сега се думам дали да ја почанм Убистви ви Месопотамија од Агата Кристи.Татко ми ја почнал али не му оставила некој впечаток и не знам дали да ја читам или да појдам да си земам некоја друга утре.Ваш коментар за книгата?
Ми ја донесоа од Америка пред неколку дена, и баш ми е мило што ја имам дома, бидејќи сум such a huge fan of Carrie Bradshaw.
Сестрата на Сигмунд Фројд - Гоце Смилевски. Само што ја привршив. Очекував повеќе филозофии и психологии. А добив чисто семеен роман, живот гледан низ очите на осамена жена која плашејќи се да живее ги пропуштила предизвиците и моментите во животот. Оние за кои вреди да се пишува книга. Но сепак е нешто поинаку, реално и стокмено. Ми се допаѓа тоа што раскажувачот не е идеален во никој поглед, а тоа во љубовните романи е реткост.
Мали слатки откази-Сали Кослоу Не очекувам ништо посебно од книгава,освен релаксација на мозокот и мислите
Атентат - Јасмина Кадра. Ме заинтересира тематиката, ама што знам, стасав до 80 и некоја страна и освен првичниот настан не се случи нешто друго.
Колачиња за појадок, до сега прочитаното не ми остави некој силен впечарок, се надевам дека ке ми се смени мислењето.
Возвишената убавина на непознатото од Инду Сундаресан. Прекрасна е. Сите детали толку добро опишано, сликовите, а сепак не е досадно. Можам да си ја претставам целата слика во себе. Баш празник за сетилата...