Љубов со мали букви - Франсеск Мирајлес, книгава ме изненади најпријатно, толку е стилот навлекувачки што страниците просто се голтаат, поттикнува на размислување, гласно смеење и измамува и понекоја солза истовремено. И говори за нов вид осаменост - бучна, па и за тоа како навидум една обична случка поттикнува лавина на нови настани и средби со нови луѓе.
Штотуку ја завршив Најголемиот успех на светот - Ог Мандино, а планирам да ја почнам Бакнеж во ноќта - Шерили Кенион .. поздрав
Ноќниот воз за Лисабон - Паскал Мерсие, ветувачки почеток кој мора да води кон интересен развој на настаните, соу фар, соу гуд, море вери гуд, !
Јасмина Кадра - Атентат..епа ајде да видиме. Ми ја препорачаа и ми рекоа дека навистина вреди да се прочита.
Мојот дедо Луј Витон - Исидора Бјелица. Книгата ми се допаѓа. Баш за во досадни моменти, опушта. Уште неколку страни имам да ја завршам и ми се допаѓа.