Една од најубавите книги што сум ги прочитала. Ако е толкава, книгава е нешто неверојатно совршена,како и други книги од Иго (клетници, Екстази и бездни(поезија)
Не можев повеќе да издржам, на што личи ова, да чекам 3-4 години за една книга... На крај, си ја симнав и со задоволство кажувам дека ја читам Harry Potter and the Deathly Hallows. Пу мајката, да знаев дека се вака добри на англиски, ќе си ги колекционирав сите на англиски. Не е лоша идејата да се порачаат преку ибеј, има добри понуди.
Тестамент од Дејвид Морел. И морам да извадам една реченица од книгата, да видите до каде дотуркал нашиот превод. " Пред неполна година, во декември, три Кесови поручници се обвинети за убиство со предомислување." Мислам дека е сосема јасно зошто се обвинети. Па не требало да се предомислуваат, требало веднаш да го извршат убиството