Кралска крв. Кога веќе библиотеката е на одмор, мојата домашна не е. Во секој момент ми е на располагање, а и нема некој избор, така да оваа ми е на репертоар сега
Не губете ги нервирте поради ситниците во љубовта-Д.р Ричард Карлсон и Кристина Карслон. Интересна книга може да се каже дека научив некои работи. Spoiler Да беше мојов по читањето книги за поклон би му ја дала да свати и тој некој работи.
Последниот ангел од Ендру Дејвидсон. Ја зедов за подарок на дечкото, но мора прво јас да ја проверам И задоволна сум, не сум направила грешки при бирањето.
Долг - Владимир Додовски Барав Книга во нашата скромна домашна библиотека, оваа остана единствена непрочитана,а ја добив откако завршив основно училиште за Одличен успех сите години. не сум ни до пола ама итересна е.
Купохоличарката првите три дела ги прочитав по втор пат, сега го читам Купохоличарката и нејзината сестра при крај сум па ке ја почнам Купохоличарката и бебето.
Англиски или македонски? За англиски знам дека постои, но ако има на македонски може да ми кажеш од каде ја зема?
моментално ја читам ИЗГУБЕНИОТ СИМБОЛ-ДЕН БРАУН а многу му е добра и ,,АНГЕЛИ И ДЕМОНИ,, И ,,КОДОТ НА ДАВИНЧИ,,
"The road home"- Rose Tremain не ми е нешто посебно, до 100 страна не ме возбуди или не ми предизвика некој немир или желба да ја завршам ама ќе ја...
Оваа баш при крајот ја стопирав ми ја позајмија "Прирачник за анти антиалкохоличари" од Игор Џамбазов и не можев да дочекам морав да почнам да ја читам при крај сум и задоволна сум малку потсетува како продолжеток на "Гол човек"...како истовремено да ги пишувал но добра е....