Rakova obratnica -Henri Miler и само да кажам, мразам што морам да ја читам на српско-хрватски. Ама Милер на македонски не е преведуван
Почнав да ја читам Ана Каренина од Толстој, голема е , треба да се снајдам, малку тешко иде, али ке и го најдам крајот и на нејзе !
Мистеријата на синиот воз - Агата Кристи. Уште сум на почеток, ќе ја коментирам кога ќе ја прочитам цела
Заробени сништа-Марина Немат. Вистинска приказна за двегодишниот престој на авторката во затворот Евин во Техеран. Приказнава уште со првите страници ми го зароби вниманието.
Евгениј Онегин - Пушкин. Прекрасности, прекрасности ! Ни во еден момент не ми го задржува вниманието,ама што се мора - мора се.
Обично кога читам влагам во серија со читање на книги со иста тематика. Ако е тоа случај и со тебе ќе ти ја препорачам - Заборавете дека сте имале ќерка - Сандра Грегори. Трогателна, преубава, поучна.
Сум ја читала одамна, сепак фала на предлогот Кога веќе пишувам, следна на списокот ми е Руска зима од Дафне Калотеј. Очекувам многу од книгава
искрено ме чуди ова што го велиш за Евгениј Онегин...јас ја обожавам оваа книга! и баш толку се занесов додека ја читав првиот пат (2/3 пати сум ја читала) што неможев да ја оставам....
Поигрување со љубовта -Марија Луис Шифер ова е прва книга што ја читам од неа и сум позитивно изненадена од писателката ,ми се допаѓа книгата ,од неа можат да се научат многу работи затоа кои грешки не треба да си ги дозволат жените откако ќе стапат во брак ,но најмногу ме интересира делот што допрва треба да го прочитам а тоа е убиството што што се случува ...