Најтопло ја препорачувам БЕЗ ЗБОГУВАЊЕ- ЛИнвуд Баркли. За љубителите на потресни драми кои изобилуваат со мистерија, љубов и доза на криминал, оваа книга ќе ве убие во поим. Просто не ја оставате се додека не ја прочитате. Ја читав и КАКО ВОДА ЗА ЧОКОЛАДА-Лаура Ескивел. Па љубовна е. Ми одговараше на расположението, така да сврши работа.
Амонов рог - Јово Тошевски Книгава ми ја препорачаа, нешто како прирачник за жени и мажи (повеќе за мажи), за машко-женското однесување и сексологија. На корицата под насловот пишува: Практикум за мушкарце и три женске грешке
Денеска ја почнувам Мојата преубава шпионка-Колин Фалконер. Ми се допадна мислата на почетокот - Кога љубовта не е лудило, тогаш тоа не е е љубов - Мислам дека книгава ветува многу, па по исклучување од Фемина страствено се фрлам на читање.
Сенка на ветрот - Карлос Руиз Зафон Апсолутно прекрасна, до пола сум негде, ама уживам во секоја прочитана страница.