Приказната за Мурасаки од Лајза Делви. Спојлер трк до библиотеката и веднаш ја зимајте! Ќе уживате додека ја читате, така неможе да раскажува секој. Ќе се соживеете со главната улога и вие ќе посакате да бидете предадени само на уметноста. Дејството е во единаесетитот век, кога било срамота жените да бидат учени. Но главната хероина воопшто не се замара со тоа. Таа е посветена на книжевноста. Чита, пишува и раскажува...
The curious incident of the dog in the night-time од Mark Haddon. Спојлер Подарок од една посебно драга и битна личност во мојот живот......ма најдрага и најбитна!!! Фала срцко, сигурна сум дека книгата ќе биде баш онаква како што кажа и како што пиша во посветата. Се надевам ќе дискутираме за книгава на кафе или пиво што е можно поскоро
Дванаесетиот ангел од Ог Мандино Спојлер прекрасна е книгава ја прочитав содржината и се заљубив (но е многу тажна) ви препорачувам да ја земите ќе ве остави без зборови
Американска Трагедија-Теодор Драјзер,ја зедов на форумскава препорака па ќе видиме,ептен на почеток сум
И мене ми е лектира, па во еден ден ја прочитав и јас. Кога се вратив од надвор во 11 вечерта, седнав на тераса, покриена со ќебе и ја прочитав за 2 часа. Прекрасна книга. Од каде ја зеде „Грех њене мајке“? Ја позајми од библиотека, ја купи, што? И он-топик, сега ќе ја почнам „Tристан и Изолда“ од Жозеф Бедие, исто така за лектира.
Девојките од Ријад-Раџат Алсанеа Ја почнав пред две недели негде и никако да ја завршам,последно време многу ме мрзи да читам