Моментално ја читам Оркански Височини-Емили Бронте.Ме остава без зборови.Не ни сонував дека книгата е толку убава.
Конечно во моите раце ја имам ,,Папата Јована,, од Дона Вулфолк Крос! Од поодамна сакам да ја прочитам и ете го моентот
Јас, Мона Лиза од Џин Калогридис, како што ми е досадно на работа едвај чекам да отидам дома да ја читам. Се надевам дека е убава, прочитав доста позитивни коментари за неа.
Никогаш повеќе од Катажина Грохола. Книгава е всушност чик лит од полска авторка Почнав да ја читам и можам само да кажам дека хуморот не изостанува, авторката пишува со неверојатна леснотија, речениците се кратки, концизни и разбирливи. Се надевам на многу смеење до крајот на книгава.