Ја почнувам Убиство во Месопотамија од Агата. Реков дека веќе нема да читам од неа, станува предвидлива, но слаб беше изборот во библиотека
Jас од таа книга една две страни прочитав и не ми се свиде,ја вратив.Прва книга од А.Кристи што не ми се допаднала
Агата Кристи- Пајаковата мрежа Веќе една недела ја влечам а тоа значи дека не ми го задржала вниманието, и искрено разочарана сум малце, ова ми е инаку прва книга од Агата. Ќе пробам за последен пат да ја дочитам веќе еднаш, сум ја земала и не ми се враќа не прочитана книга во библиотека
Јас ја оставам од Агата Убиство во Месопотамија. Преводот е ужасен, ни точка ни запирка, не се знае кој е раскажувачот, кој мисли, кој не мисли, тапа невидена И почнувам со читање на нешто од мојот омилен автор Роберт Ладлам - Рајнемановата размена
Папата Јована - Дона Вулфолк Крос и се воодушевувам, а исто времено и разочарувам од начинот на кој биле третирани жените.....страшно!!!
Хари Потер и редот на фениксот. Да да, уште се занимавам со тие книги. Планирам до 15ти септември да ги дочитам сите и да ги изгледам сите филмови. Одново. По 3423049 пат.
Gut gegen Nordwind - Daniel Glattauer...прекрасна книга....многу возбудлива....до сега се се дешава преку е/маил...а и така е напишана книгата како е/маил.... двајца се запознаваат преку е.маил...таа е мажена со две деца а тој не е женет...но е повреден од неговата бивша.... интересна....само не знам дали ја има на македонски....