Заборавете дека сте имале ќерка - Сандра Грегори Бунтовничка, оди на патување во Тајланд и таму останува неколку години. Нема финансии да се врати дома во Британија и затоа се согласува да прошверцува хероин, но на ајродромот ја фаќаат и завршува во затвор.. Интригантна приказна, полна со емоции.
Фирма- од Џон Гришман, имало и филм со Том Круз. Да сменам малку после неколкуте дела на купохоличарката да земам нешто со подлабока тематика.
Ловец на змејови - Халед Хосеини Извонредно....јас сум фасцинирана. Една прекрасна приказна за другарството, љубовта, болката , страдањето, сето тоа испреплетено со обичаите на една друга култура, еден за нас поинаков свет. Ако помисливте дека е некоја лимонада за две заљубени души, сепак не е....ова е едно патување кое допира и до најтврдите срца. Ќе ви доловам две реплики кои мене ми се допаднаа многу ... “ Не постојат повеќе гревови, постои еден и единствен грев, а тоа е кражбата. Кога убиваш човек, го крадеш неговиот живот, го крадеш правото на неговото семејство да биде покрај него. Кога растажуваш некој, го крадеш неговото право да се смее....“ „ Подобро вистина што боли отколку лага што те теши.“ Прочитајте ја....
Конечно почнав да ја читам „Алхемичарот“ од Пауло Коељо. Имам слушнато дека е многу добра книга, а плус го слушнав истото и од брат ми, што ми беше доволно за да ја земам од библиотека.
ништо против тебе, за крајот се насмеав само. нема да го коментирам бидејќи нема да ти биде интересно ако го кажам. ќе кажеш после мислење
Конечно, Тајниот свет на една купохоличарка-Софи Кинсела... Па каде бев јас досега да ја прочитам?! Летам низ страниците...
Богот на малите нешта - Арундати Рој. Книгава ми е баш по мерка, презабавна нарација (дупка во Универзумот во форма на... -знам дека е прилично морбидно, ама смешно ми е), уникатен и игрив стил дум-дум, на почеток ме нервираше постојаниот прескок на релација минато-сегашност и некои грешки во преводот како мешањето на полот на главните јунаци-близнаците Еста и Рахел, практично ја доживував нивната мајка Аму како сроден лик преблизок на мојот карактер, штета за прераната смрт. Книгава плени, како впрочем и се што сум добила на читање од една многу драга личност, .
Покрај неа, моментално ја читам.. * Полиња со диви нарциси - Винка Саздова - Сега за сега, ми се допаѓа.