Буда од предградието - Ханиф Курејши. Книгава е од оние кога чиниш дека страниците сами се вртат, сурово е искрена и тоа ми е предоволно за да ме освои, ко читател де . Станува збор за околностите под кои созрева едно младо момче за неговите сложени семејни односи, неговата сексуалност и судирот на различните култури сето тоа дадено преку прилично провокативна нарација.
Приказната за Мурасаки 2 недели ја читам, ама слабо ми иде, после кошарката со забрзано темпо ќе продолжам.
веќе некое време ја читам, дооолго време, не е до книгата, до мене е некако мозоков на пасење сум го пуштила. Се уозбилувам, во рок од 2 дена да ја прочитам цела
„Единаесет минути“ Ова е последна шанса што му ја давам на Коелјо. Не е толку лоша како останатите, но далеку од убава. Се чувствувам како да сум прваче додека ја читам. Ете таков му е стилот на раскажување на Коелјо и поради тоа ич не го сакам. Ама ајде...