Само што ја прочитав Да се сака повторно-Сидни Шелдон,топло ја препорачувам прекрасна е Преубава книга останува во глава, а и филмот бил убав јас лично не сум го гледала
Јас ја читам Зоја од Паскал Гилевски. Многу добар почеток, книгата изобилува со еротски сцени. Инаку започнува како дневник на некој војвода, а потоа се развива нетипична љубовна приказна за тоа време (времето пред грчката окупација на Егејска Македонија) раскажана на оригинален начин.
Моментално читам книга која се вика Заканата Мефисто од Е.В. Симор. Интересна е сега за сега, трилер е во врска со тајни агенти. Имам прочитано 150 страници, па кога ќе ја дочитам ќе пишам пак.
Даниела Стил има исто книга по име Зоја и се работи за животот на една војводка во времето на Октомвриската револуција во Русија ...многууу убава книга, една од моите омилени, ти ја препорачувам
„ Крвна врска“- Шелдон. Преѓе ко некое смотано си отворив во темата за книгава, за малку крајот ќе го прочитав како е, ќе си упропастев. Во секој случај, ми се допаѓа неговиот стил, оваа ми е прва од него што ја читам и одма ми влегува во топ 5.
Фактотум - Чарлс Буковски. Мене лично ми се допаѓа стилот на Буковски, сум читала и претходно негови дела, иако за некои авторов е ту мач по многу нешта меѓудругото понекогаш и по вулгарниот стил. Веројатно не е за секого, ама мене ми е приземјен баш поради тоа што е автентичен дотолку повеќе поради искажувањето на она што на многу луѓе им доаѓа на ум, ама немаат гатс за да го друмосаат де, .
Какао - Мишел Кан. Вчера ја почнав, да ја довршам, и ќе пренесам импресии, но до овде каде што стигнав, се растопувам значи.
Денес бев во саканата ми библиотека. И го покачиле изнајмувањето на книги на 15 денари Немаше да ми падне криво да имаа нови наслови, да имаш што да земеш, па и ќе си платам. А не вака да копам по полицине, да вадам некои стари распарталени книги. Имале нов директор, кој нормално, место да ја снабди библиотеката со нови книги и да привлече читатели, прво ја качил цената на книгите, да ги изгуби и тие што ги има. И да ви кажам што земав? Некое прастаро издание на Фишер-У другом браку, на јазик кој и веќе не постои, па Љубовен лавиринт исто од Фишер, што е исто така прастара, ама нели, немаат што да преведат, па преведуваат од Фишер, Стил и Шелдон, од 1970. И од Јован Дамјановски, авторот на Диви магнолии и Сенките на сонот, Жолта минута. Сигурно е некое тешко патешествие на некој Македонец кој го носи целото бреме на светот. Ама ајде, заради Дивите магнолии ќе му дадам шанса. Не дека па и имав избор.
Љубов на југ Ми требаше нешто опуштачко за пред спиење, а оваа веќе ми стоеше на полица. На почеток сум, но ми делува како веќе видено... Сепак, ќе ја дочитам, па ќе си кажам мислење во соодветната тема...
Кобен час - Габриел Гарсија Маркез. Маркез ко Маркез стандардно - брилијантен ми е единствениот коментар, .
Песокот на времето - Сидни Шелдон. Претходните 2 книги од него ми се допаднаа многу повеќе од оваа. Ништо специјално. Малку авантура, сите ликови со некоја траума, сексуално искуство и сл. 15 ден. не ми требаа за оваа книга. Ќе подразмислам следеЌи пат во библиотетка, дали да земам нешто пак од Сидни.