Ја почнав Пирамида - Том Мартин. Засега стигнав до 90 страна, и ептен ми е возбулива книгата. За дополнителни коментари кога ќе ја прочитам ќе пишам во соодветната тема.
^Нека не се возбудува многу книгата, не е на арно (знам дека мислеше на возбудлива ) Јас ќе ја почнам Жолта минута од Јован Дамјановски, па ќе пишам импресии во Последна прочитана книга
Леле книгата е пре, пре убава. Уживав додека ја читав. Јас моментално читам крими роман од Нора Робертс. Ја читам на германски ама на македонски насловот би дошол Во рацете на ноќта. поздрав
Мандолината на капетан Корели - Луј де Берниер Не се сеќавам дали сум го гледала филмот ама подобро да не сум, за да ја прочитам книгава премиерно
Само што ми ја донесе другарка ми и почнувам да ја читам..''Рајот може да почека''-Кели Тејлор..се надевам дека ќе ми се допадне книгата.
По долго барање конечно ја најдов на македонски и ја читам „Хари Потер и реликвиите на смртта“ од Џоан К. Роулинг
Однесувајте се како дама размислувајте како маж - Стив Харви и Денен Милнер До 70 стр. сум и до сега книгава ми се чини доста иритирачка. Човеков има патријахален став во однос на жените и цело време потенцира на тоа колку мажот е глава на куќата, дека љубовта на жената и ја докажува со тоа што финансиски ќе ја обезбедува, со тоа што ќе ја објавува како своја девојка или госпоѓа и со тоа што ќе ја заштитува, дека мажите љубеле на сосема поинаков начин од жените.. итн
Раскажи ми ги соништата – Сидни Шелдон првите 100 страни ги прочитав во еден здив,многу интересна книга :up:
Ќерката на мојата најдобра пријателка - Дороти Кумсон. Сеуште сум на почеток, добра е. Ме интересира каква ќе биде понатаму и што уствари ќе се случува.. Не можам да претпоставам. Се надевам нема да ме разочара.
Биди сигурно дека нема да те разочара.Книгата е прекрасна,се чита во еден здив. Да не бидам офф топик денеска треби да ја прочитам Чекајќи го Годо за на училиште ми е.За петокот ми беше али не можев да ја најдам така да ми останува денеска да ја прочитам