Сопругата на дипломатот-Пам Џеноф.Добра е книгата, интересна, возбудлива, тажна и потресна...се во едно.Приказната е добро осмислена и ликовите ми се допаѓаат.Ја препорачувам.
ВЕШТИЦА- ВЕНКО АНДОНОВСКИ-ФЕМИНКИ ЧИТАЈТЕ МАЛКУ И ДОМАШНА ЛИТЕРАТУРА ИМАМЕ ТОЛКУ МНОГУ ПРЕКРАСНИ ПИСАТЕЛИ И ДЕЛА
Вештица е, според мене, исклучителна книга. Премногу ми се допаѓа стилот на Венко Андоновски. А инаку јас си читам „ Мистерија на седумте бројчаници“ - Агата Кристи и изненадувачки досадна ми е. До сега сите книги што ги имам прочитано од неа во еден здив сум ги читала, оваа некако не оди. Внатре сето Крпче, Чорапче не знам какво -пче, ко детска литература да читам...
Пиреј - Петре М. Андреевски. Со извинение ама книгата е многу здодевна. Дури се нервирам што ја влечам пола месец.
леле како може Петре М.Андреевски да ти биде досаден? Ајде дај му шанса. Човекот има еден прекрасен стил на пишување. Моментално ја читам Ребека од Дафне ди Морије. Кој ја почитува англиската книжевност, знае за што зборувам!. Романот го позејмив од тато, за жал морам да ја читам на српско - хрватски, ама не ми смета. Не знам ни дали ќе ја најдам на македонски.
Хехех, немам ништо друго прочитано од него, башка овој негов стил на пишување ми е бљак. Едвај разбирам што раскажува а и многу ми е глупава и здодевна историјата на мак. народ .
Како можеш за историјата на својот народ да викаш дека е здодевна и глупа, пази богати ?! Па никој не те тера да ја читаш книгата, ако не сакаш. Башка, оваа е една од најубавите книги на Андреевски, после Дениција. Не ми е јасно ... Моментално читам „Ќерката на Магда“ од Кетрин Колиер. На почеток сум, но навестува книгава дека ќе ме задржи со сиот жар до самиот крај.