Кога бев прва година средно и си водев дневник , а клучевите ги чував под тепих. Арно ама кога чистела мајка ми ги нашла , го отворила дневникот и сите мои тајни ми ги читаше..
најголем срам: седам со една другарка кај мене (најверна ми е до ден денес) и збориме за нашите дечковци како ни е со нив во кревет во се...а толку занесени во муабет што не сум приметила да вратата од децка ми е под отворена (а татко ми спиеше во дневна) и јас велам: абе добро е само ме нервира што неможе повеке од 5 мин да издржи мора да сврши...ниту предигра ниту ништо немаме...неможам ко човек да се задоволам....(сетоа тоа татко ми го слушмал ) и само што ја изговорив реченицата еве го татко ми: Здраво Мими добра ли си чичо? во земја се закопав..од тогаш кој и да дојде вратата ја затварав со проверка по два пати и гласот на мин.го спуштам кога зборам,а плус што долг период пред татко ми избегнував појавување
Ооо,па многу не убаво од мајка ти...тоа си е приватност,да си сакала некој да ти го чита,немало да ги криеш клучевите...
Дестин не треба да им одговараш или ставаш коментар на сите ,доколку нешто ти се допаднало стисни ми се допаѓа и ќе завршиш работа .
Ова беше пред 4-5 години, јас возам, татко ми до мене и еден семеен (и многу откачен) пријател на задното седиште, и по некое време пријателчето ме прашува: ЕлеМентал, шо е оваа флека горе (и покажува кон некоја мала флека на плафонот од колата, а јас стварно немав поим од каде таму) и наеднаш почна да опишува: ааа си легнал некоја цура на задното седиште, па нозете и биле таму... ПРЕД ТАТКО МИ!!!!!! А татко ми само се смешка и го охрабрува. Јас мислам дека штом тој срам го издржав, се друго е лесно
Кога еден ден си дојдов многу пијана. Одвај се движев и мајка ми ме начека во салонот А јас си седнав наземи и почнав неконтролирано да се смеам После тоа цела недела се обидував да ја избегнам.
Destin, исто така би можела да го користиш и копчето ,,редактирај‘‘, и да го надополниш, или поправиш твоето мислење, наместо да пишуваш пост врз пост
Не се срамам од родителите. Им кажувам тоа што имам, а и да не кажам знаат скоро се, и они биле на мои години некогаш. Во претходниот милениум. Иако кога размислувам на тоа да запалам пред нив ме фаќа срам. Не знам зошто.
Седевме кај мене во двор со друштво навечер, а кога е тивко се слуша и обично зборење горе. Правев муабет со другарка ми и одеднаш еден другар ме сврте и ме баци, додека другиов му викна: „Кој ти рече да ја залапаш Вајлд?“ И сите грнаа да се смеат. Дали ме цивна, или ме погоди во образ врска немам, беше набрзина и останав вака и одеднаш слушнав како тече тушот од ВЦ, мајка ми се туширала и слушнала гарант. Без слика којзнае како и се чинело.
Беше пред некој месец, се вратив дома така покасно и бев прилично пивната.И мајка ми се разбуди, дојде муабет да ми прави и се смеевме нешто, ми се приближи во образ да ме баци, а јас кутрата не знам што си мислев и ја бацив во уста! Е баш како смајливо Не е којзнае колку страшно, ама стварно ми беше непријатно, не сум веќе тинејџерка.
Најмногу се засрамив кога сум го оставила оставен разговорот што го правев со дечко ми а татко ми случајно го прочитал разговор ко разговор не е ништо страшен ама овој беше первезен
Го бакнав вујко ми во уста сакав да го бакнам во образ ама он се сврте на друга страна и ...... На вагината ми се појави нешто и и кажав на мајка ми и оваа пред тато ААА ДАЈ ДА ВИДАМ ВАГИНАЛНАТА УСТА...... На тв имаше филм Матриск и го гледав и на сцената каде имаат односи влезе мама и се направив дека спијам
Јас еднаш се спремав за да одам на трчање и се качив в соба да се облечам и не знам од кај ми текна и си велам - ај да се изврзам со најлони, демек за да има поголем ефект трчањето. Зедов најлони од оние со рачки од Веро, се раслеков по долна облека, се замотав што се замотав и одам да ги земам тренерките кога бап - татко ми влезе в соба. Тој ме барал ама не знаел дека сум горе, па си рекол да ме побара в соба и тропнал ( јас ни го слушнав ни ништо како што бев занесена и расшушкана со најлоните) ама дека не сум му одговорила помислил да не спијам. Кога ме виде така, замотана во најлони, плус по долна облека ( а не бев мала, 2-ра средно бев), му падна незгодно. Јас потонав. Не дека не ме имаше видено по купачи, ама се засрамив. И излезе надвор и ме праша што ќе правам така замотана и кога му кажав и почна да се смее, па ми даде некој спортски совет и тој за да ја замачкаме работава ( дека тој беше спортист како млад). После кога го видов се правев наудрено, демек ништо немало .
хахах ме изнасмејавте мене не ми се случуваат мн вакви моменти ама колку за да споделам некој има пред 2 годни беше и сијаличката на „штекерот“ на вклучување на светилката во вц ни беше прегорена (леле не ми текнува како се викаат тие за вк и иск на светилките па си напишав штекер ) се пристемнуваше и јас од надвор се враќам а ми се мочкаше нз колку многу и јас натискам во средина за да ја„пуштам“ светилката отварам врата и гледам тато моча и брзо излегувам затворам врата и викам леле сеа кај да се денам овој коа ке се развика и брзо на таван се скрив и седев таму во темно на едни прашливи даски цели 2 саата
e, a jas da vi kazam pred edno 4-5godini bev na gosti so majkami i tatko mi kaj brat na tatko mi...mene mi se mocase i gledm svetloto e izgaseno si velam nikoj nema(prikve4er bese)ja otvaram vratata i so da vidam cico mi gol pod tuz lele kolku se zasramiv i sega koga i da idam mi teknuva na toa i mnogu,mnogu mi e sram!!!!!
за тема секс, лелеллеел толку ми е срам тоа, дека така од мала, ич не м збореле за тоа, мајка ми ништооо, татко ми уште помалку, се сама си литав и се знам, како некој гинеколог сум сега, од интерент списанија и слично, па и да има на тв некоја сцена со секс лелеле срам ми е е да ви кажам уффф, тоа е македонскиот менталитет за жал
Ауу јас колку само сум се посрамотила еднаш кога влегов да се бањам и ги оставив гаќите на едни рафтови што ги имаме во вецето...и заборавив после да ги фрлам во корпата со нечисти алишта...и после мене влезе тато во веце и испаѓа и вика : кој ги оставил ѓаќине онака расчепатени