Како помала некаде слушнав од комшиите дека ако ти течело крв кога какаш, дека си имал рак на желудникот. И мене ми дојде прв пат летото пред 5то ама многу малку а по некој период како што треба, и си бев во вц претходно, кога одам пак по некое време глдам гледам, не ми изгледа како за циклус, како што ми објаснуваше мајками со месеци и ме припремаше... Ништо гаќичките ги фрлив спакувани, плачев неколку часа, и ајде ме викаат за ручек. И седнувам, со говор подготвен помирена и им викам мамо и тато, да ви кажам јас, вака и вака рак имам на желудникот, тоа е тоа... Додека се објаснивме што е, срцев удар ке добиеа луѓево, мајками појде со нараквици од ѓубре ги вадеше овој и помага, потрага шта да ти причам па кога ги располса после уште лупа и фалеше, и гледаат двајцата Ден денес ме зебаваат, еве ја оваа со ракот, ц ц ц а пак сега кога ке ми речат не мозжам да прекинам да се смеам а и ми е срам кога ке ми текни двајцата седнати а јас со говорот ко баба стара пред умирање. Друго, во средно се имам вратено камен пијана, кое никогаш нема да си го простам, таткоми по скали да ме крева да ме носи цела омлитавена, да ме држи да повраќам, мајками до мене спиеше, којзнае што сум кажувала, секакви глупости. Сабаљето мајками покрај мене спиеше, и цела недела не слегов да јадам од срам. За повеќето работи не се срамам и многу сум била отворена, иако во последно време толку не , но еднаш порано кога си бев расприкажана таткоми ми вика добро мори имаш ти осет некаков, како се осеќам јас ко татко глупостите да ти ги слушам? Јас за принцеза те гледам, ти со какви глупости се расправаш, скрос ме сецна Во секој случај, поарно се да си кажеш и да си отворен, оти што и да заглавиш од дома најдобриот совет ке го добиеш и со најубавите намери.
Мајка ми ми објаснуваше математика, и кога и го дадов моливот таа само се изнасмеа и јас и напраив фаца нешто како ова „ “ и послем кога го видов моливот, на него беше со шестар издлабено МОНА&____ Кога мојот помал братучед на татко ми му рече: Чичоооо, да не знаеш кој број прслук носи Мона?
Кога си мењавав влошка и заборавив да а фрлам и ја оставив заборавена на кадата и после мене влегува брат ми (5 год постар), после 5 мин мајка ми влева у соба и ми вика знајш штоси направила?..................... Јас потоа 1 недела бегав од брат ми И кога еднаш бевме на одмор ми с еодврза горниот дел ама засрека смао мајками ме виде
ХАХАХАХАХ лелее се изнасмеав со предходниве иначе јас имам мнооогу такви случки Еднаш мн бев мала за градинка ли така нешо и јас си седам кај мене во соба и татко ми таков јас отидов да се бањам Лолита и ја доброо.. и што ми текна да идам во дневна (а вц-то е карши дневната) и нешо праев и само слушам татко ми искача од ВЦ и ја одма трчам и коа го видов човеков гол - со брзината на светлината се вратив во дневна и после татко ми .. Леле срце мое извини вака така Ми се има десено повеќе пати така и со гаќите да ги заборавам во ВЦ (што не сум ги пикнала во корпа) и татко ми да ми држи предавања после тоа хаха И последен пат толку се засрамив пред мајка ми и брат ми ... Си праев муабет со либето и после разговорот го копирав и на една другарка и го пратив и брат ми после мене седеше на компјутер и видел се што сум се допишувала со него и таков ми доаѓа ми вика кој ти е овој вака-така ќе ме утепаше и после се морав да и раскажувам на мајка ми па и да прекинам секаков однос со овој Едно време неможев у лице да ги глеам ама добро помина сеа
Кога прв пат добив менструација. Признавам не бев баш запознаена со тие работи и кога наутро станувам и гледам крв на гаките и одма во соба кај татко ми (мајка ми не беше дома). Татоооо види крв имам сум се повредила А тој само се насмевна и рече ништо не е оди пресоблечи се сега мајка ти ќе дојде. После кога ми објасни мајка ми што всушност било тоа
Кога прв пат добив, имав 13.5 години и бев запознаена со сите тие работи, ама најверојатно од паника ми беше срам да им кажам на моите, плачев и ме прашуваа пола саат што ми е, и полека се отстрамив и со тешко срце им кажав, и тука почнаа советите ...друг срам беше кога бев летва пијана за една нова година па мораа да ме зимаат од местото каде што славев, е тој срам траеше 2 месеци, неможев во лице да ги погледам, но и сеуште трае многу ми е незгодно кога ќе ја почнат повторно таа тема и ја одбегнувам, ова со пијанствово на никој да не му се случи ужасно е срамно!!!
Бев некаде прва година средно и еден ден гледав на нет клипови за 18+ но заборавив да ја избришам историјата на пребарување и татко ми наредниот ден видел што гледам и и кажал на мајка ми... Само мајка ми доаѓа во соба и ми вели - гледаш порно филмчиња а? - Јас само неее јас негледам тоа па уште ја убедувам и татко ми го правам будала дека случајно отворил некој таков сајт...
доаѓа дечко ми сегашен сопруг и си влагаме во мојата соба расположени за секс јас бев по сукњиче облечени ја врз него и мајка ми одеднаш влага упадно и ние како здрвени марии таа правосмукалката да ја ставела и тоа под крвет а ние бевме доле потпрени за кревет
Хахаха леле во последно време се срамам кога ќе му пишувам на него пораки.Леле.Ќе си го земам мобилниот и мама и тато цело време ќе ме зафркаваат,резили Целата црвенееам
Се случило многу пати, само не ми текнуваат сите. Прво нешто- коа прв пат добив , а бев кај баба ми. Немав појма дека е тоаа менстурација и прво се исплашив, а и незнаев како да и кажам на баба ми. Собрав храброст после пола саат и и кажав а она само ми се насмеа и отиде да купи улошки хахахах и коа дојдее со едни километарскиии поголеми од гаќите мои Ама ајде нема врска. ) - Второ нешто, кога бев кај братучетка ми а телефонот сум го остаила доле, кај мене т.е сум го забораила. Се симнувам јасс и Мајка ми ми викаа : Дојди ти ваму ! а јас па мислам дека се заебава и идам и ми вика што е со поракиве ?? ( а иначе имав милион поракии од дечкото што го свиѓав, сегашен дечко) и плус имаше пораки у кои што ме прашуваа за мување ! Се здрвив во тој моменттт и измислив глупости некои. Уште па ми вика што е ова безобразни пораки a немаше ништо безобрано ама ајде нема везе. После неколку дена се праев дека спијам а она му кажа се на татко ми а ја се слушнав и коа "станав" татко ми одмааа милион прашања. ја се укопав секако и после му реков декаа сум слушнала се и почнаа да се смеат. после неколку дена не ми беше срам иако ме заебааваа Ааа да и коа бев многу малаа а сеуште памтам. Татко ми бил у Вц, ја му влегов и го глеам свртеН накај шољата со рацете нешо подолее, и му идам од странаа и му викам : - Tато што праиш си играаашш ??? ииии самоо он ќутиинии збунет и јаа у истата секундааа коа ми текна летнавв низврата да ме нема. хахахахаха и непамтам после шо било шо не било. Слично на овааа коа имавме дома мајсторррр за фасадата минатото лето мислам бешее.. он кај нас дошол да иде у вц а ја незнаевв, ииии тропам само и никој не одговара и ја си влагам а он седи на шољаааа ии јаааа лупање вратаата и истрчав горе кај братучетка миии за да не го глеам пошто ми беше срам. . Често ми се дешавало да му влезам на некој у вц. ама достааа изнакажав. ))
Кога сум се засрамила хмм,ми текнува на една случка кога бев 7одделение,ни даваа некои брошури за пубертет,како телото се менува,што се случува ,за првата менструација,влошки ни дадоа ,итн. И јас си доаѓам дома ,татко ми седеше во дневна соба,и ме праша што тие книги,некои лектири да не се. А јас ма не,му викам ,кога зедов да му објаснувам па тоа е за менструација,влошките му ги покажав,земав да му раскажувам се што ни објаснија . И тогаш доаѓа мајка ми целата и ме искара едно убаво ,рече ти веќе си голема девојка,вакви ли работи на татко ти ќе му кажуваш . И јас целата засрамена тој ден пред очи не му излегов,а сум се осмелила да му кажам зошто со него бев поблиска
јас кога имав 15 години излегов од бањата се бањав и пошо алиштата ми се во детската а таа е на горниот спрат а бањата на долниот си реков ајде набрзинкка ќе истрчам до горе да си земам алишта а бев само по долна облека..и излегување од бањата и влезе дедо ми и јас 360 и назад да ме нема повторно во бањата ама сум се засрамила лелел после тоа ми беше срам да го погледнам дедо ми во очи.их.
Летово кога отидов на одмор. Им го оставив лаптопот да се занимаваат, а јас уште не бев на граница стасана они веќе се протарашкале. Да не спомнувам дека во лаптопот имам секакви чудесии, од глупи сликички, писменца некои префрлени од стариот компјутер, глупирања со другарки, запивки, па се до комплетна документација на осмомартовски стриптиз која вклучува многу зумирања на ,,нештото,, на стриптизерот. Во земја пропаднав кога ми рекоа дека си ги гледале сликичките... А јас со сиот памет и фејсбук вклучен им го оставив, после по брза постапка се менуваше пасворд.
Кога дознаа за мојот прв дечко . Мајка ми прогласи вонредна ситуација у цело Скопје А јас ќе умрев од срам , татко ми поддржи и многу ме осрами . Влезе во соба, јас помодрена од плачење и ми вика океј иди си со дечкото ама пази што правиш И уште еднаш татко ми ми вика стави ми некоја слика на телефонот за позадина. И пошто знам сака коли му ставив кола со женски до неа. И му викам : Tато јас ти ставив Коли со женски. А тој да разбрал „голи женски“ Кога почна да вика : Како не ти е срам , така ли те воспитував со мајка ти .. Абе партал ме направи. Збунето викав што има лошо во коли бе па?? Сега скоро се осрамив пред дедо ми . Дошол кај нас, а јас сама дома сум легнала на софата во дневна и бидејќи жешко сум се соблекла по фустанче за спиење и гаќи. Ама гаќите ми се бутнале во газ Кога гледам некој ми го покрива газот. Дедо ми ни грам срам у него , со фротирката ми го покрива голиот газ После неможев во очи да го гледам.
Ле-ле, зини земјо голтни ме. Минатото лето брат ми повеќе време остануваше сам дома и машко ко машко си пуштал порно страници. Арно ама кога ги исклучил, заборавил дека при ново отварање на мозила се појавува new page и previous page. И јас си доаѓам дома од излегување, моите во соба седнати да им раскажам што се случило, бидејки беше интересна вечерта и јас раскажувајки, во зборење си чепкав на компјутер, си кликнав да ми ја отвори претходната страна и што да видиш. Волуме 100ка, таа вришти, тато уште толку, мама црвена у фацата а јас Во неизлез, целата збунета, прво што ми текна е во веце да отидам, ама кад тад ќе мораше да искочам. Лзлагам јас и ете ја мајка ми пред мене со говор спремен на лист: ние те мислевме за поштено девојче, дека вакви работи ни на крај на умот немало да ти дојдат, за една секунда го сменивме мислењето за тебе, за срамота е ова што го правиш... утре дента на ручек сите собрани, ми идеше во супата да се гњурнам и да се удавам
Имав еден симпатија во седмо одделение и стално му се јавував на домашен . Еден ден бев излезена со родителите и ја сретнувам мајка му на сипматијата која е школска на татко ми. Зеде жената се поздравува со мајка ми и татко ми и мене ми вика Ејј па оваа ли е Пупи што ми ѕвони? Јас во земја пропаднав, а не можев да речам. Си замина жената и мајка ми ми вика што беше ова каде и какво ѕвонење... сигурно погрешила жената... и јас да да грешка е. Од тој момент не ми текна уште еднаш да му се јавам или па да го погледнам детето во очи Уште една случка. Си гледам јас слики од еден лепотан на фб без да заприметам дека татко ми стои зад мене. Си гледам си гледам и едно време слушам Пупиии кој е ле овај лепотанот Многу убав дечко. Јас па со цел памет не знам... требаше да речам тато ако ти е убав за зет да го земам