Имав 5 годинки кога се роди сестра ми. И мајка ми го остави бебето да спие со мене попладне бидејки ми беше мерак да ја чувам. Ама таа почна да плаче и не сакаше да се смири.Станав да ја викнам мајка ми од дневната. Отварам врата и имам што да видам-тато и мама во акција лелелелелееее уште денски ауууу..и ја си стојам и и велам мамо оди бебето плаче и уште еднаш ги имам фатено кога имав 8 год и не ми се верува дека уште се сеќавам јасно на првото
Мајка ми ми го имаше купено оној филмон со Ех Хетавеј и Џејк Џиленхал, оној срамотниот.Мислела дека е некоја комедија И еден ден ја си го пуштив да видам дали е саглам филмче, и си го изгледав сама, ама секако ги премотував ''оние'' делови И неколку дена после тоа дома бевме сите фамилијарно и моиве викаат ај да гледаме филм, оној со Ен Хетавеј, и јас Ммм па јас не би го гледала, срамотен е... И татко ми Од кај знаеш, си го гледала? Пропаднав во земја, и пробувам да се извадам Не бе тато, на интернет прочитав... И не, не ми поверува
Лелелел колку пати се имам така посрамотено му имам неколку пати влезено на тато во веце И еднаш бев сама дома и укл песна до даска и по пижами а баш другарка ми ми се јави да сум отишла да сме гледале некој филм и јас дека спијам без прслук и си ја соблеков пижамата и таква и само тато ми влегува во соба и јас фала богу бев свртена на другата страна и одма го зимам чаршавот се покривам лелеле после ми беше сраам да го погледнам Кога бев кај баба и дедо и играв со другарками монопол надвор и ми се припи вода и на брзинка отидов на чешма да се напијам вода и дека чешмата ее ниска и се наведнав да пијам вода ии шорцевите ми биле симнати и ми се гледал гзот ии само некој од позади ми ги дига и јас онака се вртам кога гледам дедо ми лллеле и само погледнав и брзо се враќам назад Лелелеле ова ми беше најголемиот срам пред татко ми беше зимно време и татко ми си седи покрај шпоретот и јас лежев на креветот во дневна и само одеднаш доаѓа мојот помал брат и незнам од каде му текнало тоа и му вика на тато:Дада има на главата влакна под мишките и доле влакна и тато само онака го погледна ама и него му беше непријатно и јас брзоо се затворив во децка ии не искачав цел ден
Си седам на фејс,татко ми отворил нов таб да ја провери прогнозата за наредната недела и после тоа го гаси табот и еден мој другар ненормален ми напишал ороспијче кај се губиш
За еден роденден другарки ми имаа купено ланче и го ставиле во украсна кутија. Ама дента е и ден за борба против сидата па овие додека барале поклон, на плоштад делеле бесплатно кондоми. И им текнало на овие ај ке се заебаваме и во кутијата го имаа ставено ланчето а врз него 10-15 кондоми. Се посмеавме кога ми го дадоа поклонот, јас го извадив ланчето а кондомите останаа во кутијата. Вечерта сите поклони ги ставив на бирото. И после ден, два некои (меѓу кои и кутијата) се уште беа на бирото. Влага мајка ми кај мене во соба и седнува на столчето кај бирото и си рчкаше пенкало, шнола... ме чекаше да завршам на телефон. Арно ама рчкајки ја закачи кутија и падна. Така кондомите се расфрлаа низ соба, а мајка ми кога ми даде еден поглед и таква, ти ова...? ова користиш...? Се збуни жената. Јас зборев на тел. со дечко ми и му викам ај ќе ти се јавам мајка ми ми ги расфрла кондомите , ама се стаписав глупо ми падна таа си помисли дека се е*авам на велико. Знаеше дека имам дечко ама и уште бев мала за такви работи Па ај после додека и објаснив од каде се и што бараат, и дека сеуште немам потреба од такви работи се згазивме од смеење. Она мислела дека сум си ги купила. Па не еден цела кутија со кондоми бе
Кога мајками ми ги прочита пораките на телефон со сегашниот.. Како бев толкуу глупа и го заборавив телефонот дома,а вечерта во 4 саат му пратив порака..Тој мутавиот да ти заспие и ми врати сабајлето баш коа заминав у школо..Тогаш ли најдовв бе да го зааборавам телефонот?? Али ок е си напрај шала мајками со мене јасс у земјаа тонамм.. Слична случка и со братми..Вечерта у 2 му пратив порака за да го прашам за мување..Тој ми вратил за 15 мин ама несреќата е што јасс мутавата заспав 5 мин пред да ми врати.. И утрото јас станувам као ниш да не било и брат ми ми вика-Си ја виде ли ма пораката од оној твојон..Слободен бил среда..(со ваква фаца) ( не за друго туку бев 6 одд а имав дечко,и уште си го чувам фала богу) И јасс се праам на 3 и пол и му викам Шо ти е бе?!?Каква порака?!?Од кој мој?!?(без да знам дека ми ги прочитал пораките).. И ми вика не се секирај,не сум мутав ги видов пораките!..И јас.. И уште си се праам на мутава,на другарками беа таа ми ги прати..(смајлишоседрецкаодземја) И он со така посилен тон ми вика..А ДРУГАРКАТИ ЛИ СЕ ВИКА К***(името од мојон)??.И јасс Не знаев шо да му вратам освен со еден глас сличен на некое животно шо се дави му велам-ок а ке ме кажеш ли на тато? И он..Нема да ти кажам али барем кријај си ги пораките да не ти ги глеам страњата..И јас се разбира си се извлеков и хепии ендд..
Имам момент кој сум се засрамила но не пред родителите туку пред поп Ко ке ми текнит ми ида да си пукнам од мака..Спиев кај баба ми но сабајлето требало да поминува поп незнаев и си спиев..И кога се отвори вратата од собата на баба мислев дека е баба но тоа било попот претходно ми се одеше многу во тоалет и си реков на тивко малку ке прднам баба нема да слушнит и наместо тивко бесе прегласнооо хахааххах браво за мене .....и попот си излезе хаха му дојде незгодно но не колку мене ..А најпојке во животов мразам попој
Многу одмамна кога ми беше дечко мажот ми и демек на гости кај нас ние во мојата соба вежбаме математика нема грешка бакнување до бесвест заборавивме дека моиве се дома оддеднаш мајка ми влегува во соба со пржен домашен чипс и занеме женава што е најважно ќерка и вежба математика за испит не праша вежбате вие двајца така?Математика ? или .... само да видам слаба оценка тогаш ке видиш .....ние ко попарени може една недела не сакаше да дојде кај мене потоа се си одеше во нормала,но оттогаш мајка ми недозволуваше да седиме со затворена врата
Многу пати сум се посрамотила што веќе и не ми ни текнува на сите моменти ама еве нешто да споделам и јас бев негде 3то или 4то одделение, бев затрескана во едно дете од моја уличка, постар беше од мене ехеее а мене сите тетратки ми беа ишарани со срценца со неговото име, а појма немав дека моите ги виделе срценцата и еден ден една другарка ми даде на едно ливче некој текст напишан демек да се препише текстот на 4 листа и да се подели на други 4 другарки за да те засака симпатијата и јас со цел памет отидов на татко ми да му речам да ми го препише ливчето 4 пати, он само го прочита и се смее и ми вели: А што ако не го поделиш, Петар нема да те засака? ЛЕЛЕЕЕЕЕ кога ме пукна еден срам, почнав на Тошо да се правам, кој Петар? Не знам јас никаков Петар.. После тоа цел ден во соба се затворив, се правев демек глава ме боли и демек спијам за да не го гледам татко ми во очи
Ми се случи и тоа на 22 години Се враќам од град пред да се раздени,а како ги качив скалите поим неам-со прекини ми е во памтење таа случка И за моја несреќа,во собата на брат ми(низ која треба да поминам за да влезам во мојата) спиеше татко ми Али јас тоа немаше да го дознаам доколку си одев полека и нечујно ама каде во таква состојба Се мавам во еден ѕид,ја промашувам вратата и еве ти го тато:"Ти пијана ли си ма?Како не ти е срам?" Ееее богами после една недела главата не ми се креваше од срам
Ме фатија на дело дека ги лажам, еден месец ми беше страм да ги погледнам... а и уште ми е кога ќе се сетам
Имам оставено многу пати гаќи така фрлени во веце по грешка и ги имаат затекнато сите у фамилијата барем еднаш Исто и на тамблр некат коа си седам, си разгледувам постови ова она, и коа ке се избаци некој безобразен пост баш тогаш ми влегуваат во соба ии ја таква мењај брзоо њу таб таму отварај нешо што било хахаха... И ми имаат влезено во веце додека вршам нужда, и јас имам упаднато многу пати и после се праам наудрена или ке речам нешто као АБЕ ЗАКЛУЧУВАЈТЕ ВРАТА ВЕЌЕ ЕЕЕЕЕ!! имало многу фруги случки ама не ми текнуваат во мемнтов или не се баш за кажување.
Повеке пати,ама намногу се засрамив кога си отидов мртва пијана дома па уште и не можев да ги искачам скалите па мајка ми ме влечка катастрофа и до ден денеска ме зафркават дома за тоа
Па има повеќе али ајде еве еден.. Одевме по продавници и моите родители ме прашаа што сакам да ми купат капут или подебело зимско палто? И јас несвесно почнав набрзина капут,капут,капут и знаете што испадна Кога ми текна шо правам многу се засрамив и само реков упс а тие сеуште ме гледаа чудно
Пред неколку години од досада нема што да се прави па си пуштив да гледам 18+.Брзината на нетот беше слаба па морав да чекам да се наполни клипот.И така чекајќи сум заспала на креветот,а компјутерот се стаил сам на стенд бај.Мајка ми седнала на компјутер и видела.Кога ми се развика што е ова што си гледала и јас уште нерасонета и испаничена затоа што видела почнав јас неа да и се дерам и да ја правам будала бидејќи не се разбира многу во компјутери. И реков што е ова што си стискала што си гледала компјутерот ми фатил вирус гаси го одма хахахахахахахах. После тоа ништо не ми рече исто како да небило ништо.
кога едне другар ме викна за надвор да пукаме петарди она мислеше нешто друго.. ме уби од зајбавање полсе
Ајахахах и јас имав скоро иста случка Сите тераттки ми беа ишарани со името на симпатијата во кој бев затрескана и неговото име ми беше пасворд на мобилниот.Поима немав дека моите знаат.. Еден ден отидов на роденден кај другарка а мобилниот го оставив дома исклучен и кога се вратив го најдов вклучен ,се ми беше јасно...
Мноогу пати -Кога ги лажев а тие ја знаеја вистината -Еден ден си седам на фб и една другарка ми пушта некој линк и нели јас да го отворам и кликам на него и таму некои секс пози и во тој момент брат ми влегува во соба И јас бев како исклучи брзо брзо отвори нов таб, ама џабе компјутерот ми заглави и брат ми виде и ми вели ооо што гледаш ма ти сега ќе те кажам на мама И јас земав да се оправдувам -Додека бевме на одмор со семејството и едни пријатели на мама и тато и јас излагам од морето, а сите беа под чадорот и одам на кај нив и не сум приметила горниот дел ми се поместил на голе и пола гради надвор и сите ме гледаат зачудено и јас вика шо ме гледате бре и мајка ми ми даде знак со очите Леле кој срам