Многу работи ме прават среќна.Успехот на училиште,кога дечко ми сред караница ќе ме гушне и бакне и ќе ми каже дека ме сака,кога правам нешто што ме исполнува,кога седам на фемина и си уживкам,кога сум во топла купка и се релаксирам...
Излегувања со другарките, летово, долги семејни седенки.. едноставно животот е многу убав кога го гледаме со широко отворени очи
некогаш само ќе се сетам на нешто и онака ќе си се насмевнам, сум се сетила на некоја случка од порано и разбудила насмевка во мене, во тој момент сум си среќничка инаку среќна сум кога се ми е ок. кога нема расправии дома. кога не се караме со дечко ми и кога знае да ми посвете доволно и квалитетно време. кога ќе успеам во некоја зацртана работа. кога вечерта сум си ја поминала убаво .... кога ќе си купам нешто новичко
Среќна сум кога ми вика дека никој не го гледа како јас. Кога подарувам и добивам подароци, апсолутно без причина. Кога врне, а јас сум под ќебенце, со пуканки или чоколадо и лигаво филмче. Кога двете мои принцези ми приредуваат музички перформанс, при што едната прави шпага, а заборава дека носи шмизловски кратка сукњичка, па и се гледаат гаќичките со Hello Kitty! Кога завршувам огромно важна задача без ничија помош. . . . to be continued . . .
Среќна сум кога има хармонија во домот т.е. кога моите родители разговраат нормално и не се караат. Среќна сум кога дечкоми ми кажува колку ме сака и јас нему. Среќна сум и кога сум сама,искрено некогаш ми е потребна тишина да си ги средам мислите,ѕоа ме прави задоволна. Среќна сум кога другите околу мене се среќни. Среќна сум кога со некое крпче ја подновам гардеробата...ххахаа а тоа често се случува Среќна сум кога......ма милион работи има што ме прават среќна
Среќна сум кога ќе научам се што е потребно за тест/испрашување... Кога некој ќе ми даде комплимент... Среќна сум кога ќе ми рече дека ме сака Среќна сум кога надвор истура,а јас сум сама дома и си гледам филмчиња придружени со многу благо и сок... Кога сум пријатно изненадена.. Среќна сум кога ќе се збериме сите заедно на ручек... Среќна сум кога правам интересен муабет со моите... Кога ќе станам рано наутро и ќе си го организирам денот убаво.Среќна сум кога имам пријатни гости дома... Всушност ситниците го исполнуваат животот,малите нешта го прават животот среќен и комплетен
Среќна ме прави/прават: - советите од мајка ми и татко ми - паметните муабети со бабче - да гледам слики од одмори, да се враќам на истите места со истите луѓе - уште една прочитана книга - положени испити - долги гушкања со мојот најсакан Игор - кафе-мафе трачарење - смеење до солзи - учење од грешки - ФЕМИНА - позитивни промени - комплименти - „те сакам“
Среќна сум кога: *се среќни моите најмили луѓе *ќе завршам некоја работа, план, обврска без ничија помош и ефективно, а уште посреќна сум кога таа задача е потешка, покомплицирана и понеостварлива * ќе положам испит, а особено кога е некој од потешките * ќе си купам некое ново "крпче" * ќе направам нешто што со кое што ќе ги направам среќни најмилите * некој ќе ми каже искрени зборови * ќе видам дека сум подослабена и некои фармерки ми се пошироки од обично * искрен разговор со мајка ми, сестра ми, дечко ми или некоја другарка * спомени * добар филм+ чоколадо + смеење * хармонија, слога и разбирање во семејството * семејни седенки ...
Најсреќна сум, кога сум на сцена. Музиката, ми дава живот, филтер ми е. Среќна сум кога јадам во друштво, со мезење, муабети. Кога водам љубов и после тоа уморна си дремам во прегратка на саканиот. Шетање по скопски улици, без поента, тоа неверојатно ме исполнува, се дишам со градот. Кога танцувам, дома, со тргнати теписи. Кога готвам нешто убаво. Кога ќе и помогнам на мајка ми да среди сметки, да купи нешто за дома. Татко ми кога ќе ни донесе ружи на сите три жени дома, а јас за возрврат, го масирам и му правам кафе. Среќна сум и кога размислувам, за сите промени, што ме снајдоа. Динамиката, на животов ме прави среќна!
Најсреќна,најисполнета, најзадоовлона сум во друштвото на моите внуци! Секоја нивна палавштина ме тера да им се радувам од срце! Среќна сум кога уживаме со дечко ми во нашето мало собче особено во зима... ме прави среќна самата атмосфера во собата кога оганот од каминот ни ја затоплува и осветлува собата! Многу грицки и добар разговор, па водење љубов и кога си одам дома после таква вечер се чувствам најисполнета и задоволна од се што имам! Среќна ме прават и долгите прошетки низ градот со мојот најдоверлив човек-другарка ми! Доооолга прошетка низ улиците во градот, седенка во паркот и секогаш сочен муабет!Од таквоте градски прошетки имам многу незаборавни моменти! Незаборавно среќни моменти ми се празниците кога целото семејство сме собрани и си празнуваме со богата софра! Среќна сум и кога имам добро организиран работен ден! Добар пазар доста ме усреќува и потикнува да вложам повеќе труд во рабтата која ја работам! Многу моменти,случки и доживувања кои цел живот ќе ме усреќуваат имам и од студенстките денови! Често се присетувам на спомените од тие времиња, собиранките по дома, алкохолот, музиката, учење прд испит...се тоа ми е врежено во сеќавањето како убави моменти кои ме прават среќна!
Среќна ме прави: -смеење со другарка ми -добиена многу добра оценка во школо -ново крпче што одамна сум го посакувала -изненадувања,кога изненадувам и ме изненадуваат со поклон без причина -слободно време(бидејки многу малце имам и тоа го поминувам на пц) -распуст,и кога губам некој час во школо или не учиме некој ден не ми текнува друго,но ситниците го прават животот убав
Ситните работи ме прават среќна. Најсреќна сум на Бадник, секогаш на тој ден се чувствувам исполнето и ништо не може да ме изнервира или растажи. Среќна ме прават семејството, пријателите, родендените (мои и на пријателите), големи собиранки исполнети со смеа и озборување, кога гледам стари фотографии и со другарките или семејството се потсетувам на детството и многу други работи. Посебно сум среќна кога ќе видам некого кого не сум го видела долго време, а најчесто тоа е другар ми кој го гледам еднаш неделно. Среќна сум кога некому ќе му помогнам, ќе дадам некој совет или кога мајка ми и татко ми ги гледам среќни и насмеани до уши. Кога ќе ја видам симпатијата. И многу други работи ме прават среќна.
Ситните работи прават да се чувствувам среќна. Секој најмал детал или момент посветен на мене ми носат топла насмевка на лице Среќна сум кога се гушка доброволно , нежно се припива до мене ме гледа право во очи и ми кажува дека ќе бидам мајка на неговите бебиња. Го сакам кога е најтешко а тој силно ме држи за рака не пушта , кога заедно сонуваме и потајно се надеваме на подобри времиња.
Токму како што пиша Тенкаи или ИксСтронгерИкс - ситните нешта ме прават среќна, што би се рекло, зрно по зрно погача Насмевка, убав збор, кога знам дека на некого ќе му помогнам или го разубавам денот на некого со добра вест - чуството ме исполнува, убав муабет, убаво поминато време со семејството, пријателите....такви некои можеби за некого вообичаени работи, мене многу ми значат Во последно време многу ме радува, кога ќе видам некоја пријателка или пријател а ете не живееме во иста држава и кога ќе изразат желба дека сакаат да дојдат да ме видат. Ааааа вриштам и рипам до таван а и плус обожавам гости, така да тоа ме исполнува - дружење со луѓе кои сум ги запознала и засакала во текот на животот а сепак сме останале во контакт и покрај тоа што секој тргнал по својот пат.
Хмм...па има многу работи.Јас знам да се израдувам и на многу мали нешта.Ме радува секоја насмевка,прегратка и пријатно дружење со моите блиски,моето семејство,моите пријатели,ме радува кога сум заљубена Ме радува кога ќе успеам да ги завршам своите обврски на време,Кога ќе успеам во тоа што сум го намислила....Списоков значи нема крај
Нова Година, Божиќ....па се до Водици - неверојатно чувство на мир и хармонија, денови во кои фамилијата е едно! Нешто посветено од страната на саканиот, до најмал детал, па макар било ситница, ме прави среќна! Ме разнежнува искрена прегратка од саканиот, или пријател, едно искрено те сакам со насолзени очиња! Ме разнежнуваат погледите на моите миленичиња........ .......
Малите нешта ме прават среќна: собиранки на целото семејство, гледање филмче со друштвото, прегратката на саканиот, нова фризура, ново парче облека кое долго време сум го посакувала, топла купка и опуштање додека сум сама дома, мали изненадувања без повод на саканите ...а најмногу..кога ќе успеам да измамам насмевка на нечие лице, нема поголема среќа од тоа да направиш некој среќен
Најмногу се радувам на малите нешта. На искрена насмевка, прегратка, долг разговор после кој се чувствувам многу подобро... Ме прави среќна убавото време, престојот во природа, бакнежи, држење за рака. Времето поминато со моите најмили. Среќна сум кога знам дека имам некој до мене, некој на кого можам секогаш да се доверам и да ми даде поддршка, некој што ме сака безрезервно.
Најмногу се радувам на насмевката од ќерка ми. Знам дека е детска и дека не е вештачка. Знам дека ми се насмевнува бидејќи сака да ми се насмевне. Ја користи таа прекрасна насмевка секогаш кога сака да ми покаже колку ме сака. Сега научи и да бакнува и да гушка. Се радувам на нејзините невешти чекорчиња.Се радувам кога ме бара како сигурност во сонот.