1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моменти, случки, внатрешни доживувања што ве прават среќни

Дискусија во 'Слободно време' започната од Bellla, 21 февруари 2010.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Славење празници во кругот на семејството, смеење до премалување, летен растуст, слободни денови, сончево време за долги прошетки, шопинг, милиот поглед на миленичето и уште многу други работи... :D
     
  2. Lilian

    Lilian Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    13
    Ме прават среќна многу работи како : разговор со некоја пријатна и позитивна личност,кога ќе се видам со некој драг што не сум го видела многу одамна,кога ќе успеам во она што сум си го замислила и зацртала,кога некој слатко ќе ме изнасмее,кога некој ќе ме гушне... :)
     
  3. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Денес сум најсреќна дека Иван победи , кога ќе ми се исполни некоја желба , кога сум со саканата личност, пријателите, семејството .... :D
     
  4. little-girl

    little-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    јас најсрекна сум кога....ке се видам со некоја славна личност...или на Виктор ке му пишам во инбокс и тој ке ми врати.....срекна сум кога ке треба да се сретнам со некого кој ми се допаѓа..... :D
     
  5. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    153
    Најсреќна во животов сум кога можам и успевам да помогнам некому. Солидарноста ме исполнува ненормално многу одвнатре, без разлика колку е голема или мала ^_^ и да..кога оние што ме сакаат ми обрнуваат внимание со најситни детали и гестови... :)
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Мене буквално позитивната енергија и хармонијата ме прави среќна, кога во мојот дом владее топлина, кога сум во прегратката на дечко ми а тој со мал збор знае да ме направи најсреќна во тој миг, кога ќе направам резултат во спортот и кога ќе ја видам гордоста и насмевката на мојот тренер, кога гледам како пријателките се искрени кон мене и кога подавами ми подаваат рака за помош.Има ли нешто поубаво од тоа кога ќе отидам кај баба и дедо, и кога на баба ќе и направам ручек а на дедо ќе му помогнам во дворот, иако веќе сум порасната, јас секогаш ќе бидам нивното внуче кое ќе ги гушне и бакне. :)
     
  7. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Добра оценка в учииште, излегување со другарки, моето семејство ме прави најсреќно и тоа.. :D
     
  8. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Koга ги гушкам саканите..
    Среќата на моите блиски ме прави бескрајно среќна..уште кога ќе им ги видам насмевките..чуствувам некакво НЕОПИСЛИВО чуство...
    Кога ќе ме пофалат за нешто..тие се моменти кои секој човек го прават бескрајно среќни и задоволни :)
     
  9. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Па вака во 5 сабајле први работи што ми паднаа на памет..
    Утринскиот џогинг. Празни улици, мирис на бурек и уличните светилки се гасат. Тишината полека се издигнува над ова парче небо и како одеднаш да ја обвило населбава метаморфоза. Работниците се појавуваат од некое ќоше на улиците со мамурни фаци, летно време чичето што продава лубеници ми мафта. Целиот тој склоп на изгрејсонце, Бон Ивер и Јас ми го стартуваат денот.
    И не само џогингот, секое утринско вежбање чисто од разонода, на некој начин ми го прават денот поубав.

    .. седенки со пријателкиве и ретроспективите низ кои талкаме. Си ги воочуваме разликите и си се смееме на чудните навики. Секоја различна на свој начин, секоја со свој став, едната инат, другата мекост и така за секоја има по некој збор да кажам кој ја опишува. Со секоја од нив си имам заедничка допирна точка, безразлика дали заедничка тема ни се книгите, музика, храна, момци.
    Секоја средба со нив ми претставува преродба на самата себе.

    .. семејни собири, ручеци, прослави, веселби. Како год да е, си носат некоја своја позитивна еуфорија. Полна трпеза вкусна храна - ние алчни дегустатори. Десет души зборуваат помеѓу себе, се надвикуваат кој погласно ќе се доискаже, а кој знае дали се разбираат. Се бистрат политики, се вадат слики од стари кутии на кои се згрутчила прашина, ти се чудат колку си пораснала, родителите си ги фалат децата, бабиве ги хранат внучињата..
    И тоа си има некоја својствена убавина.

    .. секој момент со Него. Од кавги и паузи, па до заедничко лежење на ѕитчиња и уживање во тишината, разглабање и генерализирање на ситници, убедување кој е во право, маратонско дремење низ паркови кое никогаш не ми станало досадно, седенки кај него на тераса, заедничко закотвување под чадор кога е врнежливо, делење на чоколадо, крадење бакнежи, разгорени страсти, искри од емоции.

    Па има многу моменти.. хант со сестра ми, излети со друштвото со гитара, француски сендвичи и полски кревети во викендичката на другар ми, фамилијарни одмори, ноќни патувања со кола/автобус(ова за накај одмор), преспивања кај баба ми и дедо ми во таа мала куќарка како кибрит и секое будење од баба ми со доручек и долгите пешачења со дедо ми низ ридовите и кога ми доловува слика од неговата младост, роденденски изненадувања енд соу он енд соу он.
     
  10. indelible

    indelible Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    81
    До сега најубави случки ми се на овој одмор. Пиењето на плажа, кога игравме "Wine Pong", пешачењето од плажа до дома, шопингот со друштвото, моментите со него итн.. Најискрено мислам дека овој одмор нема никогаш да го заборавам. :) :?: :$
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.529
    Пол:
    Женски
    Моментот кога некој ми спомнува за нешто што сум му го кажала години уназад и сфаќам дека внимателно ме слушал штом тоа сеуште го памети.
    Моментот кога некој ќе ми каже дека му требам, не заради корист туку затоа што му треба мое присуство. Тогаш знам дека на некој му значам и тоа ми дава поттик да се борам и да живеам.
    Кога љубовта ми е возвратена и ја живееме нашата бајка.
    Кога ќе купам некоја облека или чевли и ќе ги ставам на себе за прв пат.
    Кога после напорен ден ќе си легнам во мојата постела, секогаш се насмевнувам. Ќе се сместам удобно и ќе потонам во сон.
    Некои песни кои ми го дигаат расположението моментално и ми даваат неверојатна сила.
    Запознавање со нова личност и склучување ново пријателство.
    Кога ќе положам испит и така полека си одам кон завршување на факултетот.
    И уште многу други нешта. Јас сум позитивна личност и среќа наоѓам насекаде.
     
  12. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Кога ќе успеам во зацртаните планови и ќе ми се исполни посакувана желба, ќе се реализирам себе си во согласност со мојата визија за себе и иднината, кога саканите ќе ми приредат некое изненадување, успехот на деловен план, дружба со позитивни и драги личности, летен одмор и уживање на море, љубов и поддршка од најсаканите и најблиските, некое подновување со омиленото и посакувано парче гардероба или накит и уште многу други нешта.
     
    Последна измена: 22 јуни 2019
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.