Моментот кога дознав дека сум бремена

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 9 октомври 2013.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.957
    Пол:
    Женски
    Ајде малку да напишете нешто поопширно, како дознавте, каква ви беше реакцијата,д али се сомневавте, што прво помисливте, какво чувство ви се јави, што направивте откако дознавте....и каков ви беше денот воопшто.
     
    На Bitter-Sweet и Carpe Diem New им се допаѓа ова.
  2. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.563
    Со првото се сомневав...
    Му кажав на мм и двајцата бевме радосни и исплашени млади луѓе , многу чуватва измешани
    Па се спремаше свадба и бременоста ми траеше ми се чини како 3 месеци :)
    Ама затоа кога се роди бликнаа емоции среќа, љубов, нешто што не се опишува , мора да се доживее
    За второто малку се помачивме да го добиеме, но кога ги почувствував симтомите му кажав на мм , беше пресреќен....а јас не покажав емоции се до првиот ултразвук кога по трет пат во животот се заљубив :inlove:
    Првиот пат во маж ми, вториот пат на првиот пораѓај и третиот пат во малата точка на екранот :)
     
    На Umbrella22, blessed2, ana.tinkerbell и 5 други им се допаѓа ова.
  3. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.065
    Бев кај мајка ми и имав земено тест. Не се ни сомневав. Се си мислев утка ке биде како и претходните месеци. Хех. И го оставив тестот во ве-це седнав во дневна. Тоа беа најдолгите 5 минути во мојот живот. Идам сосема опуштено. Кога видов 2 цртки од кои едната побледа. Одам во дневна здрвена,мајка ми праша што ти е, и одеднаш почнав и да се смеам и река солзи да ми тече од очите. :rofl:

    После дојдов дома,мм дојде од работа, и му викам ми дојде, ништо и месецов,тој се сврте нешто да земе и повторно се врти накај мене а мене тестот веќе во рака и му го покажав пред очи, :) , душава се помести два чекори назад, се пофати на масата и му се насолзија очите.

    Таквите моменти не се забораваат. :inlove:
     
    На marija305, Cinderfakinrella, Lolipop23 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.658
    Допаѓања:
    19.697
    Пол:
    Женски
    е па вака,веќе ми доцнише една недела а месецOт што поминуваше беше премногу стрес,нервози,неисхрана и мн проблеми,така да се си мислев да е од тоа.
    додека пак мм ме зезаше зарем во ова борба си бремна :D али и двајцата мислевме дека се е од стресот.
    мојата сестра пак ми вика ај земиси тест немај инат :lol: и ке видиш дека си бремена,јас сакав да сум али по некои тестови негативни си викав пак ке е негативно :( ми беше страв... и така ајт му викам на мм одиме во Aптека а надвор веке се затемнуваше,и ние одиме во аптека а они затвора тогаш и од тука во супермаркет земавме еден и тоа набрзинка оти и тие затвора,идеме дома јас цела вечер умот на тестот а што Aко апк испадне негативо.......така мисли ова она помина вечерта.
    рано наутро мм на работа оди и вика кога ке се вратам да го имаш направено тестот,јас никако да го направам од наутро дO пладне се мислев...дојде мм. си ручавме и потоа он вика ајде ти оди во бајна јас пред врата ке чекам :lol: и го правам тестот и гледам две цртки :o не ми се веруваше ;( веднаш солзи ми протекоа и вика мм го направи ли и јас ааааааааааа извикав,,влегува он и гледа :D почна да се смее ти викам јас бебе херој E тоа,ме изгушка силно се извикавме и двајцата :D со солзи во очи...
    па он си почна,вика бебуш најубав E тоA на мама и тато......така половина ден помина во спална со тоа што и како понатака,плановите веднаш почна :D момент засекогаш во нас,преубав со солзи радосници :)
     
    На Bitter-Sweet, Lolipop23, buba4e89 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. ana.tinkerbell

    ana.tinkerbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    234
    Јас вака дознав дека сум бремена :) Една вечер коа си легнав да спијам толку страшно ми се сврти ми се чини потонав во креветот, само станав и ми дојде нагон да повратам, другиот ден ми беше многу лошо главата ме болеше мислев дека сум настинала и цел ден ме тераше да спијам, дури и фервекс се напив :D ај викам да направам еден тест за секој случај ама бев уверена дека нема шанса да сум бремена зашто имав симптоми ко за пред добивање (потечени гради, подуен стомак, слаба менструална болка ко за пред добивање ) направив тест испадна негативен како и што мислев, ми каснеше само два дена тогаш, поминаа уште пет дена јас пак ништо од добивање ама некако не се замарав зашто бев сигурна дека ќе добијам :lol: во меѓувреме многу ми се спиеше неможев да се освестам и на работа на пауза викам ај ќе си купам уште еден тест и го праам и коа ОП мојата фаца беше ваква :o ПОЗИТИВЕН, коа почнав да се тресам коа се исповозбудив му се јавив на маж ми викам праев тест позитивен искочи и тој само ми рече ЖИТИ СЕ? ВИкам даааааа :rofl: Ги замолив да ме пуштат од работа зашто ме видоја како се исповозбудив си мислеа којзнае што и е ме зема маж ми и уште еднаш го повторив тестот па направив и проверка со крв и немаше сомнение бев 4та недела бремена :inlove:

    П.С Најсмешно беше тоа што откако дознав дека сум бремена, седев на столче ко да сум 8ми месец хаха уште се смееме за тоа, страв ми беше да се движам, да идам у тоалет :lol:
     
    На Bitter-Sweet, Lolipop23, Bebulleee и 10 други им се допаѓа ова.
  6. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.704
    Допаѓања:
    4.986
    Пол:
    Женски
    Како дознав...
    Мене редовно менструацијата ми доцнеше по 10-15 дена (тоа веќе како редовно стана зошто откако добив ми е така) и затоа не се посомневав баш.
    Тие денови бев во бркотници со времето. Мм заминуваше во Шведска да вози таму (шофер е на камион) и со него, се спремавме, купувавме, цело време заедно го поминувавме и менструацијава баш и не ја забележав дека ми доцни повеќе од 15 дена. Се испративме на аеродром и последно што ми рече беше „Мила да не има бебче“ и ме погали по стомакот и јас ваква :o :^)

    Замина што замина и јас по 1 недела веќе почнувам да гледам календар, бројам денови некако многу денови + ми идат од датумов кога требаше да ми дојди и почнаа да ми се вртат 300 мисли низ глава, да купам тест бла бла психава ме уби 2 дена не можев да заспијам. Купив 1 тест го направив гледам позитивен, се израдував секако, но незнам некако чудно, глупаво, идиотско чувство ме совлада како камен во градиве почувствував, неможев ни да плачам ни да се смеам. Се приклучив на Скајп за да му кажам на мм тој беше пресреќен, плачеше од среќа дури, а јас само го гледам и една глупава вештачка насмевка :^) И сеуште се прашувам зошто бев таква, на што се сведуваше таа моја реакција. Дали можеби бидејќи тој не беше тука до мене па чувствував дека немам со кого да ја поделам среќата и љубовта или нешто друго, а далеку од тоа дека не сакав дете со него или сосема 10-то.
     
    На Umbrella22, Ekstaza, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  7. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Се почна неочекувано,во тоа време имав редовен циклус ни ден не ми каснеше,така да ретко обрнував внимание на тоа кој датум сме бидејки си ја очекував на време.Една ден почнав да чувствувам болки во градите што од ден на ден стануваа све по неподносливи,а ни на крај паметот да ми појде тамо,почнав да и кукам и да и се жалам на мајка ми да ме носи на доктор да се прегледам да не имам некоја болест,и во моментот она ме гледа вака :^) и вика да не си направила бела некоја ке те утепам,до душа знаеше за мојата 2 годишна врска,но сепак за тоа нешто бев млада.Вечерта ме сојаде јанза,цела ноќ око не склопив,кога утредента купувам тест го сторив потребното и сега чекам,кога ке видам што ке видам двете линии се појавија,а јас десет пати го препрочитав упатството да видам да не го толкувам грешно,кога веке се свестив што се случува почна да ми се тресе цела снага,тука од страв,среќа,возбуда се живо беше замешано.Му се јавувам на мм тогашен дечко,и му велам сега веднаш треба да се видиме,кога се најдовме јас прво што сторив се инаплакав,па потоа му кажав,и сега тој онака вкочанет,очите му се навлажнија,така поднагален ме загуши и ми вика па што плачеш,ќе си имаме бебе.Од тој момент почнав да уживам во бременоста и како што изминуваа месеците бев све погорда на моето меше,а посебно на она што живееше во него со кое се запознавав од месец во месец се повеке и повеке.Вториот пат беше после пет години.Веке 6 месеци навикната да гледам негативни тестови,и тој пат го купив без никаква надеж,и тоа беше во вечерните часови,бевме излезени со мм и купив еден тест, вечерта решив да го направам без да знае тој,бидејки многу ме караше бев опседната со тоа зошто не сака да биде.Откако заспа го направив,и што ке видам две линии,почнав да скокам по вц-то,влегувам в соба и го будам ,,еј јас сум бремена,,тој зачуден со милион прашања незнае кое попрво да праша ама почна да пушта глас и ми вика кој ти кажа,-е направив тест кој да ми каже нокеска.Возбудени двајцата легнавме да спиеме,ме фати за стомакот,јас над неговите раце моите,божем мрда детево пак да сетиме,ама од возбуда човек што не ке стори. :D
     
    На Lolipop23, Umbrella22, Ekstaza и 7 други им се допаѓа ова.
  8. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    4.220
    мм си дојде од странство и одма у акција бебе..тој си замина пак а јас потајно верував едоставно знаев дека сум бремена не знам такво чувство..еднаш ми се имаше силно гадено ама си помислив од психата е. после 4 дена каснење сабајлево у 6 пред раб... правам тест и оште смакнати гаќи необлечена неизмиена се пуљам кон тестот и гледам две цртки БОжеее мили која радост се збркав од среќа само скокав плачев од радост едноставно бев пресреќна.. од раб се уклучив на скајп со мм леле која радост како само се радуваше :inlove: незаборавен момент ми е кога го видов тестот позитивен уште си го гледам.. и ќе си го гледам.. сега си имам мало ќеркиче во стомак кое ме клоцка ме шутира кое си го сакам најмногу на свет...
    нека ни се здрави и живи бебушките на сите
     
    На BoyL, okcenzi, aleks26 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.837
    Допаѓања:
    75.791
    Пол:
    Женски
    Ние тазе земени, рековме ај нема да се пазиме,па што биде нека биде :D и така требаше да ми дојде , почна да ми касни многу денови и се чудев што е проблемот, и мислев да не имам некое х.пореметување зашто јас си имам и така проблеми со мензисот. И од прв пат не очекував трудна да останам :D а мм на работа кога ќе подигнев нешто тешко, ми викаше пази не дигај тешко, да не му стане нешто на бебето :D :D и јас му викав што ти е , не сум трудна. И ајде веќе наредниот ден се загрижив и го пратив мм во аптека да ми купи тест. Неколку денови пред да направам тест само што ќе станев како да ми се вртеше, па ме болеа градите и стомакот како да ќе ми дојде,но ништо. И читавме заедно инструкции, па отидов го направив,излегов од вц и го оставив на масата и чекавме. Кога се појавија две јасни дебели црти. Јас не го гледав тестот и само мм почнува на цел глас да вика, ПОЗИТИВЕН Е и ме дигна во раце, почнува да ме фрла во воздух јас ни а ни б , цла во шок, чудни измешани чувства,те сакам бебе те се ли ќе биде во ред со бременоста, признавам дека имав и страв. И наместо да се радувам јас почнав да плачам хахах и се чудам и сега зашто сум плачела, потоа се јавив на мајка ми на скајп, и и кажав она се смее, ми вика супер млада баба ќе сум а јас плачев :tmi: и потоа кажав и на свекрва ми и она после на сите :)
     
    На Lolipop23, BoyL, Veki4kaa и 3 други им се допаѓа ова.
  10. makgirl

    makgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.102
    Пол:
    Женски
    denes doznav deka po treti pat sum bremenaa i kako i vo prethodnite bremenosti reakcijataa mi bese AAAAAAAAAAAAAAAAAAAAA
     
    На Cinderfakinrella, gothchick, maculencence и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Adeline

    Adeline Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    1.890
    Допаѓања:
    4.573
    Пол:
    Женски
    Zosto iako sum verena cuvstvuvam nekoj strav kako da I'm kazam na roditelite? My se ima deseno na nekoj od vas ?
     
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.514
    Мислам дека нема девојка на која не и е страв. Прво од самата информација, потоа од соопштување, па прифакање на таа промена. Мислам дека е нормално. Подсвесно знаеме дека за нашите ке сме секогаш деца, па валда на нив и “најтешко“ им соопштуваме.
     
    На Bitter-Sweet, Fatalnata и Adeline им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.188
    Допаѓања:
    65.445
    Пол:
    Женски
    Treti pat so bliznaci si? :D Slikickata na avatarot... :D
     
    На honey.11 и Ekstaza им се допаѓа ова.
  14. Adeline

    Adeline Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    1.890
    Допаѓања:
    4.573
    Пол:
    Женски
    Toa se nodzinja od edno bebence
     
  15. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.758
    i mene mi bese istoneznaev majka mi kako ke ja prifati vesta,iako nemase nikakov motiv za da reagira negativno ama ete :)
     
  16. Adeline

    Adeline Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    1.890
    Допаѓања:
    4.573
    Пол:
    Женски
    Iskreno toa mi e nekako edinstven strav . si mislam ke recat sto Ste izbrzale da pocekavte uste malce mladi Ste....oh..
     
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.188
    Допаѓања:
    65.445
    Пол:
    Женски
    its twins pisuva i dve bebenca ima na slikata :)
     
  18. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.758
    istot bese i kaj mene,ama jas i kazav na majka mi deka mi docni za da posle ne ja sokiram naednas ahaha i posle i rekov,ke pravam test i ona cekase rezultati :D
     
  19. Adeline

    Adeline Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    1.890
    Допаѓања:
    4.573
    Пол:
    Женски
    Oh jas ne bi mozela taka :D edinstveno od posle itoa verenikot da e do mene da me bodri hahhaa
     
    На bokace му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.970
    Ti ne i kazuvaj nisto, neka ti docni prvo, napraj si test sama i ako iskocat 2 linii, t.e. deka si trudna posle reci i deka ti docni mnogu i kje odis na ginekolog da vidis sto e rabotata, a i bez toa moras da idis na ginekolog neli za da se potvrdi bremenost i koga kje se vratis kje i gi kazez ubavite vesti, demek neocekuvano ispadnalo duri i ti ne si znaela deka si ostanala trudna ;)
     
    На N.Kety му/ѝ се допаѓа ова.