Бидејќи многу го посакувавме ова бебе, и да не речам долго се трудевме, моментот кога ги видов двете цртки не можам да го опишам. Се тресев и плачев од возбуда, не ми се ни веруваше во тоа што го гледам. Тестот го правев на 32 ден, што значи и дека не ми каснеше нешто посебно, но зошто имав болки како за добивање направив тест за да можам на раат апче да се напијам, и нели не се напив Одма му соопштив на мм. Едвај чекав да си дојде од работа, и само го гледавме тестот и се чудевме. Малце резервирани, ама кога ни потврдија на доктор поверувавме.
Имам пишувано на темава. Но денес пак би опишала се што почуствував. Бременоста и те како ми го промени животот. Да не зборуваме за бебето кога се роди. Се тоа проследено само со позитивни работи, препозитивни и пресреќни. Мојот живот има денес многу поголема поента за разлика од животот кога бев/бевме сами. Останав бремена од одма, на мене искрено и не ми се веруваше кога ми каснеше 2 дена. Ама сепак земав тест и решив на 3 тиот ден да направам. Кога видов втора цртка не ми се веруваше. Никако не ми се веруваше. Го повторив тестот тој ден 5 пати и пак не верував на цртката. А се појавуваше на секој саат. Од разно разни искуства бев гооолем скептик. Очекував дека ќе се бореме. Ама ете се случи најубавото. Мешето секој ден растеше а ние се радувавме на сите еха и прегледи, на секое дете и плачот, на секоја количка. Еден ден се будам и мислам дека можам многу деца да израстам и создадам. А друг ден сум скептик и си го сакам само и само ова. Оваа љубов не се мери со ништо на светот. Ова чуство и овој живот не може да се одмери за било што на овој свет. Една е мајка.. не е клише вистина е. И сега сваќам зошто сите тие болки тие тежини, плачови и проблеми.. сум имала денови кога газев по облаци и си мислев дека не сум жива.. ама сега сваќам колку само се вреди и се е така прекрасно. Се поминува ама љубовта и малото бебче остануваат. Тоа е најважното.
Се сомневав дека сум бремена веќе две недели зошто имав симптоми и сега кога не ми дојде земав тест излезе позитивен..Знаеме само јас и мојот вереник,тој е многу среќен,исто и јас сум само сакав за неколку години да останам не сега на 20 ама нема веза само одкога дознав некако се како да сум во депресија...Јас ке си го сакам бебето,ама не знам зошто толку лошо се осекам како да не сум срекна..се плашам како ќе го носам,да не му биде нештоцело време ми се врти,омалаксана сум и само плачам зошто ми е така
Крвна слика си провери? Вртоглавици имам и јас дека сум малку слабокрвна. Повеќе течности ти требаат сега, овошје и немој да се грижиш, еве и јас на 21год останав бремена, сега сум со второ бремена на 24год и посреќна не сум била Гални си го стомачето, а периодов ке ти помине верувај, особено кога ке дознаат и другите луѓе и ке видиш дека сите ке бидат пресреќни
Да да и јас сум исто слабокрвна..Имам апетит ама не многу,а течности малце слабо Фала ти се надевам ке биде како што кажа
тоа што го кажа е од измешани чуства а највеќе од хормоните. и мене ми се случуваше на почеток од бременост, потоа се смени. не се секирај, не знам која недела си, но кога ќе се навикне телото на хаосот од хормони подруго ќе е. (зборам за депресијата и тоа што се осеќаш никако).
Kaj nas fati od vtor mesec prviot bevme seksualno poaktivni I se ama si dobiv naredniot mesec imavme samo dva pati seks od koj vtoriot pat veke sum bila bremena.megjutoa jas imav nekoj problemi so psihata I mislev deka nemozam da imam deca PA zatoa I na Edna nedela kasnenje NE reagiram.mm znaese da rece Abe trebase to da dobies ama jas celo vreme mu vikav Abe sigurno nesto mi SE slucuva od nesto sum bolna ke dobijam ke dobijam...Posle nedela Dena I pukna na koleskata film I rece jas ke ti kupam test deka ti Aber nemas..Kupi go pravev na rabota I oppp dve crtki jas shok nit nasmeana nit rasplakana.ko za belja denta so togasniot decko Sega veke maz odevme Po mebel aj si vikam kaj Sega posle ke mu kazam million misli vo glavata ama kjutev...Mu kazav duri vo pet sabajleto samo my rekov ke bides tato I toj zbunka cel prvo SE rasplaka me izguska posle rece jas Mora da prosetam niz soba PA cekajjj da go razbudam moite da I'm kazam odma na kraj samo go gusnam si legnavme prespa PA utredenta sleduvase SE nadalje
Што од хормони што од неспремност односно неподготвеност. Сепак си многу млада и нормално е така да се чуствуваш поготово кога не се спремни за таков голем чекор. Секако тука се и хормоните.. Првите 3 4 месеци е така, бран од емоции, мисли и омалаксаност. Потоа е се веќе подруго и подобро. Тебе ти треба разговор со блиска особа и никако останување сама и запаѓање во депресија. Животот е убав доколку ние самите знаеме да го искреираме. Штом си одлучила да станеш мајка и да родиш тогаш треба да бидеш свесна за сите лоши и добри страни односно да учиш да профаќаш живот, живот веќе на една жена пред се мајка со се сите безброј одговорности.
Тоа беше мојата прва бременост и единствена сега за сега Толку бев нестрплива да го направам тестот, и си станав во 5 часот. Кога ги видов убаво исцртани две црвени линии, почнав да се смеам и бев многу радосна. Веднаш му се јавив на мм, и тој беше многу збунет и истовремено радосен Убави моменти за паметење
Првиот пат се тресев од среќа. Вторава бременост лута бев дури, затоа што ни на крај памет не ми беше дека ќе биде баш тој месец. Сега сум среќна...али првиот пат мислам дека најдобро се памти
Кога го прочитав насловот на темата ми надојдоја убави чувства скоро една година од кога ги видов двете црти. Спремање за свадбата, трчање за средвање низ дома, од немање време само еднаш во месецот ( еднаш ама вредно ) не ни очекував две црти затоа што добив ( мислев дека добив, а јас сум била веќе бремена ама крварев) Крварење траеше два дена и престана. Ни на крај памет помислував дека сум бремена. По убедување на другарка купив тест и одвај го направив ми се истури чашката со мокрача. Па некако успеав го направив кога видов две црти една бледа неможев да поверувам. Неможев да му се јавам на мм си доаѓаше од службен пат несакав сообраќајка да направи од возбуда мислам дека тоа беа најдолгите два часа не знам како издржав да си дојде да му кажам. Наредното утро направив уште еден тест да бидам сигурна дека сеуште стои втората линија Потоа следеше крварење, терапии, стрес, не се знаеше дали ќе се задржи плодот или не, па во меѓувреме беше и свадбата и кога ден после свадбата слушнав срценце не бев воопшто свесна што се случува. Знам само со солзи излегов од ординацијата и му реков на мм тука е сеуште во мене а има и срце. Срцето што го слушнав сега си спие до мене
ЈАс пресреќна, очекувавме со мм затоа што ни беше планирано и мислам дека направив 6 теста хахаха последнователно еден на една недела потоа по една уште еден и така натаму, од кои на 3 немаше линија а на 4тиот кога ја видов бледата линија срцето ми скокаше од среќа, ама беше премногу бледа и мислев да не случајно се лажам, по два дена исто и веќе кога почна д ами касни направив тест на кој убаво се виде цртата, ние дома растурени доградуваме спрат и си дојдов од работа и мм веднаш го викнав кога му го покажав тестот пресќен беше ме крена в раце и се изнагушкавме си поплакавме од среќа и тоа беше, никогаш нема да го заборавам моментот и сега солзи ми идат. И сега сум веќе 6 месеци пресреќна сум одвај го чекаме
Си се смешкам кога ке се сетам на тој ден, а не беше одамна.Бремена сум 13 недели. Две години се мачевме со мм.Испитувања нон стоп, докторите кажуваат се е во ред а бебе сеуште немаше. Прво осетив дека имам гадење од се и повракање, мислев дека е стомачен вирус па пиев ранитали, реглани.Тогаш беше рано за циклусот.Обично добивам на 27 -28 ден, никогаш покасно. Па така кога веке помина и тој ден а не добив, почнавме да сумљаме Неможев да чекам да касни многу, па на 30 ден од циклусот земав тест. Истот тој ден пред две години ми беше најубав...маж ми ме побара за жена...најубавиот ден во мојот живот ...до тогаш. Го направив тестот сама наутро, цела се тресев. Кога го отворив ги видов двете цртички убаво изразени....паднав на колена и почнав да плачам...најубавото нешто , најубавото чуство, емоции на сите страни. Го сликав тестот и му го пратив на маж ми, неможев да дочекам.Веднаш се јави со плачење од раб, за 5 мин беше дома, само се гушкавме и плачевме.Секогаш кога ке се сетам на тој момент си плачам. Сега си растеме полека, дај Боже да биде се во ред кај секому, секој да си осете таква срекичка. Ве гушкам
Колку убави чуства ми разбуди темава. Помина година од највозбудливиот ден во мојот живот. Иако не ми доцнеше имав некое чудно чуство. Ден пред дата за добивање решив да направам тест пред да одам на работа. Не бев баш многу вешта со правењето тестови со оглед на тоа што ми беше втор, па решив да си повежбам. Го оставив тестот на пералната и отидов да се спремам за на работа. Кога се вратив имаше што да видам, втора бледа линија. Брзо и го сликав на сестра ми и го ставив на фемина за потврда. Кога сфатив дека тоа е тоа решив да не му кажувам на мм преку телефон (на работа беше). Пред работа отидов во Џамбо, купив мало боди и кесичка со Дедо Мраз. Во кесичката го ставив тестот, бодито и картичка со порака. Пораката беше - Затоа што беше многу добар и ја сакаше мама многу многу, оваа година Дедо Мраз подрани. Ме остави мене во мешето на мама и ќе бидам таму се до лето. Во меѓувреме сакај ја и чувај ја мамичка. Те сакам многу, твоето бебе. Таа вечер кога му го дадов тој подарок никогаш нема да ја заборавам. Многу емоции, гушкање и бакнежи. Неговиот израз на лицето, бесценет!
На Водици вечерта со мм вечеравме и кога се најадовме мене ми се слоши. Не помислив на бременост оти имам нередовна менструација, мислев од храната е. Наредниот ден наутро отидов кај моите, пиевме кафе и мене пак ми се слоши, имав нагон за повраќање. Мајка ми ме праша дали има нешто, ѝ кажав Нема, всушност не знам. Земавме тест, го направив и излегоа две јаки црвени линии. Не ми се веруваше. Им кажав и почнаа да се радуваат, во тој момент ми се јави свекрвата да ме праша како сум, и кажав и на неа, почна да плаче. Веднаш кажала на свекор ми и девер ми. Му се јавив одма на мм, не ми дигна, му пратив слика од тестот, ама на работа слаб бил интернетот и не ја добил. Во меѓувреме почнала паузата и веднаш брат му му се јавил да му каже. Потоа ми се јави мене целиот во неверување да ме праша дали е вистина, ми кажа колената ми се тресат, не можам да си поверувам. Кога се видовме се изнагушкавме, бевме пресреќни и сите околу нас беа. Криво ми е што лично од мене не дозна, ама тоа е. Во тие моменти бев многу возбудена, оти не ни очекував такво нешто.
Ми беше роденден, а ми доцнеше 2 дена и ми беше чудно, зошто многу редовен циклус имав. Помислив дека е од патувањето, зошто само што се вратив од одмор. Се мислев дали да земам тест... и на крај викам ај бе, за 100 ден... Кога излезе дома позитивен паднав у несвест.....не буквално се разбира Веднаш појдов на лекар, ама не се гледаше пошо многу рано било, па правев крвна слика и ми потврдија.... Значи беби ми е поклон од дедо Боже за роденден! И од маж ми се разбира ))
Преубава тема Вака сега : - Првиот пат сосема неочекувано за тој месец , стресови еден врз друг и се и сешто ни на крај памет дека ете баш тогаш ќе биде иако чекавме две цртки година ипол , мажми беше како здрвен и не веруваше се додека гинеколог да потврди , а јас збунета и оклештена до уши - После првиот пораѓај менструацијата ми беше толку не редовна тоа беше чудо невидено , мажот едвај дома од работа доаѓаше и така односите ни беа еднаш-два пати во месецот ,и не се пазевме кој знае колку ама оп две црти пак , му се јавив и се убив од плачење на телефон од радост рикав - За трето богами не идевме и нај малку дека закажав за кола да полагам и што уште не , секакви планови , ама дедо Боже имал скроено план друг за нас , по толку пазење и нередовен однос уште еден позитивен тест од кој ми изби ладна пот , се гледав во огледало и не знаев како да искочам од купатило и како да кажам , се смеев и се плашев во исто време , маж ми беше блокиран едно 5 мин не реагираше и зборовите му беа само " Како бе , па пазевме" , " Не е можно" ," И сега што ќе правиме ?" , а јас " Како што да правиме , па секако дека нема да му скратам право на живот , како ќе ги погледнам овие две а сум го убила нивното идно братче/сестриче " и така си се изнарикав се изнаплакав , се смирив и ја прифатив вистината , знаеме колку ќе биде тешко не е лесно со две мали дечиња а наскоро вкупно три ама нај битно е да ми се живи и здрави јас не знам како порано пред да бидам мајка не ми било досадно едноставно не можам да се замислам без нив низ сликите од тоа време како тинејџерка
Прв пат ми доцнеше толку, околу 5-6дена , инаку е точна до секунда што си викам јас Со дечко му испокарани,јас нервозна.. Морав да напраам тест, да си бидам на чисто. На пауза од работа земав тест,се заклучив во вц.. И што да видам. Две темно црвени линии. Кога си викнав да плачам, плачам ли плачам 30-40мин Му пратив слика на дм, пошо скарани нели нема ѕвонење и се испобрка кутриот, не му се веруваше и на него, ама беше пресреќен што ќе си оформиме семејство за кратко. Кога се видовме вечерта, гушкање и галење по стомакот имаше цела вечер, неможевме сеуште при себе да дојдеме. Иако неочекувана бременост, сакана е и пресреќни сме и двајцата.
Ми доцнеше неколку дена, но си реков - може да е од стрес, промена на време... А имавме и смртен случај во фамилијата и некако на тоа остана. А првпат ми доцнеше - точна ми е како швајцарски часовник. По една недела, не доаѓа, па не доаѓа. И ме фати јанѕа. Викам чекај, није ваљда...? И купив тест. И уз кафе, саботно сабајле тестот сам си кажа две цртички Збунета, исплашена, среќна, сите емоции во едно. Кога отидов на гинеколог и ми ја потврди бременоста, уште повеќе се вознесов. Се гледавме со либето ко тинејџери, среќни и збунети. Ново чувство, неописливо е со прости зборови. Како одеднаш да си се претворил во жирафка и се’ ти е нејасно Кога им кажав вечерта на моите, после тоа во кола липав сама пола саат од што знаев дека тоа е тоа - нов живот во мене, бескрајно откачено, фантастично нешто доаѓа!
Na 31vi avgust imav jaki bolki i si rekov deka e menstruacija posto sekogas pred da dobivam jaki bolki imam. No ne mi dojde posle toa pak jaki bolki temperatura. Glavobolka pa pak ne mi dojdes pa si rekov eden test. Mada ne veruvam deka e do toa vejke vo 9 saat sabajle so prva mokraca i nestrplivost 2te crti na testot ne se trgaaa i nemozev da veruvam cela se tresev. Znaejki deka edno malo nesto pocnalo da raste vo mene