Лол ја гледавте ли вчера емисијата кога една призна дека имала НАД 100 сексуални партнери !!! Господи боже до каде се се спремни да отидат луѓето за пари! Па уште ми излегла на телевизија и признава пред цел свет, небаре тоа е нешто за пофалба !? ц.ц.ц не ја гледав целата емисија , можеби има и деца, а таа курва си се рекламира себеси на тв.
Еве баш сега ја гледам, продолжи во оваа емисија жената со над 100 сексуални партнери.Се чудам какви луѓе живеат на земјава...
ц.ц.ц минатата емисија си кажа и дека некогаш наплаќала за услугите а одговори со да на прашањето „Дали на вашите партнери сте им биле како слугинка“ own: и сега дошла овде да печали, за пусти пари што не се прави!
Немам гледано и не планирам да гледам оти немам убаво мислење за ваков тип на емисии.Попрво би се ѕверела во празен екран одколку да си го малтретирам мозоков со вакви глупости.
Кога сум дома некогаш ја гледам емисијава, ама многу ме нервира што луѓето одговараат за се и сешто, буквално цел интимен живот го раскажуваат, и на крај за некое банално прашање испаѓа ЛАГА, мислам дека се е наместено, ретко кој земал пари.
Па се тоа е игра на умот. Не поставуваат некое прашање за нешто што се случило, па со сигурност да одговориш да или не, туку некое за како се чувствуваш, или дали мислиш и нешто од тој тип за кое не можеш да бидеш сигурен. И на крај Вашиот одговор е лага, бидејќи еден мал дел од вас сепак мисли дека... Затоа кај нас сите земаат 100 000 и си одат.
Еднаш малку начекав од емисијата и многу ми беше глупава.Ваквите емисии не ми се интересни затоа што како прво не верувам дека е тоа точно,сите тие што идат сигурно се глумци,бидејки ако веке се пријавеш на таква емисија ке одеш до крај нема логика да лажеш,секако ако излажеш само ке ти ги земат парите а вистината ке се дознае,вака барем пари да си имаш А и што е целта на емисијата,многу ме гајле некој дали ја изневерувал жената,дали има вонбрачно дета,какви гаќи носе....живи глупости.Па и таа водителката ме нервира.
gledam cat-pat ama makedonskava verzija ic ne mi se svigja-pola saat se ceka da se kaze vistina ili laga,preprasuva voditelkata milion raboti,namesto se da bide pobrzo,dinamicno,interesno.amerikanskata verzija na mtv1 e daleku pozabavna i podinamicna
Ama najinteresno mi bese koga ja prasaa za sluginka,,i ona odgovara mnogu sakam da im ugoduvam na site ,jas prvo gledam na drugite da ima e dobro ,jas na posledno mesto se stavam,a koga ja prasa dali se zaprasala kako reagirale nejzinite,decata na toa sto imala nad 100 partneri vika,pa jas si gledam mene da mi e ubavo...........abe se IZNASMEZV GLUPOSTI TRESESE NEVIDENI
господи ова е нешто нај никакво .. да те зборува цела македонија .. не гледам и не сакам да гледам ...
Емисијата е дебилна се чудам како воопшто некој се пријавува.Американската емисија што ја даваат на Мтв е многу поубаво и поинтересно шоу.Плус тоа водителката зашо ја тупи работата со милион глупи потпрашања откако ке одговарат на основното прашање кога нема потреба.
стварно ... ни јас не сваќам како можат за пари да искочат така на тв и да се резилат СРАМОТА !!! се надевам дека луѓето кој прифаќаат такво нешто се свесни дека можат да си го заебат животот ...
срамота, како прво. друго водителката толку ме живцира што ја тупи емисијата во едно место само за повеке да се одолговлечи и да трае повеќе емисии, зашто немаат доволно натпреварувачи а и друга работа, значи на банални прашања паѓаат натпреварувачите... значи испаѓа дека ако не се откажеш сам нема пари
Не ја гледам емисијава. Се чудам како можат некои за пари да ја кажуваат својата интима пред јавност.
Емисија за луѓе без страм .. без самопочитување , што коа ќе искочат од таму , сите ќе ги гледаат со презир , што си се искажале пред сите, пред цел народ , а тоа значи тој нема и нема да има приватност , поради тоа што сите што го гледаат тоа му ја знаат неговата приватност, воопшто неговиот живот .. и да , наместено е секогаш губат на 3то ниво баш сум приметила .. како и да е глупости се овие , според мое мислење и да ми дадат којзнае колку пари и нешто друго... не би се пријавила ..
E затоа нашите си се откажуваат на 100.000. Го гледав вчера на пинк и имаше еден машиновозач. Леле што се не кажа еј. Дека се самозадоволувал во кабината, имал секс, и секакви други глупости. И одеше до крај и испадна лага на едно глупаво прашање и човеков цело време викаше дека не е точно. И како после тој човек ќе се врати на работа? ццц
Водителката е за никаде, сака да ја имитира таа од Пинк, но некако слабо и иде. Уствари никако не и иде, само го тупи со безвезни прашања и самата емисија станува уште по очајна
Секогаш овде идат некои чудни луѓе,со чудно минато...Никогаш не сум видела да се пријави некој па да му се постават обични прашања од секојдневен живот..Стално е нешто чудно,а луѓето ги откриваат своите тајни пред милионите гледачи за пари гледам гледам,и македонсконо,и српското и американското на мтв.. А нашата водителка е за нигде!!!
ја имам гледано американската емисија, и е милион пати подобра од нашава.. побрза е и поинтересна... оваа нашава водителка кога ќе ја затупи... а и плус, тоа прашањата се безвеза.. дали си помислил ова, дали ти текнало на тоа... кој нема помислено се и сешто? не знам...
Два пати имам гледано и никад више. Стварно не знам дали повеќе ми беше гадно или жалосно тоа што го видов и го слушнав. Не сакам никого да навредам ама за да се појавиш таму стварно треба нешто да не е во ред со тебе. Ама очигледно тоа им се гледа како некоја најлесна варијанта за стекнување на некој денар. Не сакам да бидам погрешно сфатена ама колку што можев да забележам тое се луѓе со низок коефициент на интелигенција или пак луѓе кои не постигнале ништо во животот, освен што станале порочни. Во секој случај секоја чест на храброста.