Ја гледам американската верзија што ја даваат на Мртв а овие нашивеее.... Шо да ти кажам се ..Не знам прво водителката е многу а после прашањата.А за натпреварувачите да не зборам. Дали си имал секс со мајката на твојот најдобар пријател ? Само тие што не се со сите можат да идат на ова на А1.Ццц срамота!
Јас стварно не знам тие што се пријавиле ако собрале храброст да се пријават на такво нешто...значи свашта на денешен ден,да си ја продадеш приватноста за пари па и на крајот да ти постават зезнато прашање,а си дошол до поголема сума и те зезнат и што после?тешко некој да земе повеќе пари и не ги ни гледам,водителката наша некако се труди да биде озбилна ама не и успева
Ова е единствената емисија на која не и се потребни спонзори, затоа доега никој не ќарил некој денар од таа емисија. Иначе емисијата ми е интересна, само што не ми се допаѓа тоа што многу го тупат. Па стварно нема смисла.Водителкта му поставуе некое банално прашање на тој според мене шушумига и после чекаме две минути да чуеме дали одговорот е витина или не, а очигледно дека е!!!! Не дека кријам којзнае какви тајни, ама сепак не би се појавила во такво шоу, па ни како пубика. Од тие шо досега биле таму, абе еден немаше нормале, сите кој од кој....
Емисијата ако беше за да се добијат пари тука се и МИЛИОНЕР и други квизови каде се заработува пари. А квизов е Чиста Глупост, луѓе собрани од улица..
Не ми се воопшто допаѓа Момент на вистината и никогаш не би се пријавила во такво нешто.Како прво луѓето што одат таму прават будала од себе,исмеани се а често и прилично се зезнат и останат без ништо.Крајно глупаво е да зборувам за најинтимните работи во мојот живот пред цела јавност.Го имам гледано и нашето и амеркианското,американците се прилично одлепени,не се замараат со ништо и знаат да направат интересно да биде.А нашиве што ги гледав 2-3 навистина изгубени случаеви
американската верзија ја гледам и ми се допаѓа многу , а овие нашиве за жалење се ..глупави прашања ..ма очајни ми се
Лелее ги направивте луѓето ептен психопати и ненормални . Па јас имам гледано неколку емисии и се што видов беа нормални луѓе што можеш насекаде да ги сретнеш, и тие се исти како нас, само што во јавност кажуваат што и како мислат, правеле итн .... Де едниот беше разведен, татко на две деца, овој другиот готвач што ептен си ја сака мајка му, а знам гледав еднаш и со една девојка што сакаше со парите да си го задржи станот, и сосема си беше нормална девојката, ништо не и фалеше ....... Единствена разлика меѓу нас и нив е тоа што тие решиле да кажат се пред цела Македонија, а ние што си маткаме во паметот знаеме само ние, така? Јас не би се пријавила на такво шоу, а ниту пак ги осудувам тие што се пријавуваат, кој што сака нека прави, негова работа. А инаку кај нас уште одма поставуваат некои тешки прашања и одма сите го сфаќаат тоа сериозно, а додека кај Американците никој не се замара со нив ...... е тоа ти е Балкански менталитет. Инаку Американскиот мн повеќе ми се допаѓа, бидејќи одма одат со прашања а кај нас, оваа водителката ги отекува за 1 ќелаво прашање 10 мин, па ќе фатат реклами и да те фати сафра додека го гледаш А да и сега ми текна ..... една Американка ја прашуваат дали искрено и е гајле за гладните деца во Африка? И оваа вика не. И сите уааааааааа Мислиш како тие ептен да се замараат, а уствари никој и не се секира ...... Ама важно и викнаа уаааааааа ..... Абе свашта
цццц катастрофа,јас до сега не сум видела некој нормален да се пријави на квизов,сите кој-а разведен-а од 3 брака,кој педер,кој алкохоличар....па и очигледно дека паметен човек на тој квиз не би се пријавил никогаш...
Паметните се премногу паметни да се пријават на овој квиз Еве што читам по постовите на пример американскиот квиз не се замараат многу,оваа нашата водителка ептен замара со прашања што не треба,а во врска со парите не верувам некој да е земал поголема сум на пари од овој квиз кога тогаш мора да киксне
Леле стварно и јас мислам дека нашава водителка мн замара со прашања некои безвезни.Во цела емисија само 5 прашанја со носат пари поставува..другото е се муабет од страна.А американсково кога го гледам ептен е интересно одма прашање по прашање поставува и не го тупи мн
Квизов ми е одвратен и сеирџиски. Се чудам како не стана попопуларен од Шехерезад Народов наш обожава да навлегува во туѓа интима, да му се сити и после да го оговара. Како скроен е за Балканот.
Според мене лабилни, несвесни и изветиперени личности се пријавуваат на овој квиз Како прво водителката- , не можам да ја гледам, толку е одвратна...И, како не им е срам на учесниците пред цела јавност да се брукаат за пари...Па јас леб да немам да јадам, попрво би просела на улица, него таму да се пријавам и да правам тешка будала од себе Во една епизода, случајно пуштив зимоска беше и кога гледам учествува една жена што ја познаваме јас и мајка ми(само ја познаваме) и лелееееееее, кога почна да открива дека се продавала за пари, дека живеела во подрум пошто ја избркале од дома, била силувана пред неколку години,сакала садо-мазо игри со старци, пиела алкохол како луда итн........... А, има две ќерки студентки таа, кои се надвор од Скопје...Мене да ми е таа мајка, јас со свои раце би ја задавила и ќе се откажам од неа...
Лично познавам луѓе кои беа на квизот ..велат ништо од парите Во Македонијава наша ништо не е како што треба па и квизов , наместо конкретни прашања и одговори целата емисија е кафе муабети и заобиколување...дај нека ја укинат и луѓето нека се пријавуваат за во Опуштено .
Момент на вистината не ми се допаѓа...ИЧ!!! нема потреба цела јавност да им ги знае тајните на луѓето...толку плитко, одвратно
Момент на вистината Квизот само покажува што СЕ би направиле луѓето за пари, па макар и да ја продадат и најдлабоката интима и најдлабоките тајни и стравови. Tие што се пријавуваат се според мене луѓе без морал и морални вредности во животот. A и ретко кој си заминува со освоена сума на пари, сите се лакомат и на крај ги губат и малкуте освоени пари. Страшно!!!
Момент на вистината Па така и намерно им прават!Еден го прашуваат дали има деца и овој вели не!Излезе дека е одговорот ЛАГА Како да тој не знае дали има или нема деца.Со еден збор глупости!
Момент на вистината ја имам гледано таа епизода...може човекот не знае дека има или некогаш се посомневал...абе глупости
Не е многу лесно да седнеш на столче пред сите твои пријатели, роднини, деца, сопруг... И сите пред малите екрани и да си кажуваш за твојата интима.. Сите сакаме да добиеме пари, но дали е тоа цената која мораме да ја платиме? Јас попрво би се пријавила на Милионер или на некој друг квиз за да земам пари, немора никој да ги знае тајните што сакам да останат во мене. П.С. Чудно ми е.. На пример сега ќе ме прашаат дали сеуште го сакам бившиот дечко, а мојот нов дечко тоа го гледа.. Секоја жена ќе каже не, и ако таа е свесна дека сеуште го сака и тоа е точко, нормално дека ќе биде ЛАГА.. Ако е свесна дека детекторот ќе каже лага, зошто да не ја каже вистината, и така и така кога ќе се постави прашањето, вистината ќе излезе на виделина, што мислите вие за тоа?