Епа така кога копираме се од Америка. Ама Македонија не е исто со Америка, таму еден град е колку целово наше државиче... овде и без тоа луѓево го знаат сечиј живот а не па уште јавно да се каже кој што направил, со кого спиел, зошто бил во затвор и т.н. Најглуп можен начин да се дојде до пари, пари кои ретко кој ги зема. Еднаш баш загледав еден имаше стигнато на повисоко ниво и му поставија прашање дали некогаш украл нешто таму кај што работел, и вика тој: не! и овие ЛАГА и му вика таа водителката: ти можеби не си го направил тоа ама си мислел да го направиш (!?) свашта бе....
Се емитува уште на некоја телевизија? Се надевам не. Кочишки ја водеше неа ако не се лажам, а она... Емисијата уште едно америчко срање донесено на европски пазар. Не ја гледам поентата. Ниту на тоа да се изложам јас, родителите, блиските на јавен резил, ниту на тоа да го гледам шоуто и да посматрам што како се дешава во чудните животи на пријавените.
оваа во Мк не сум ја гледала али српската и словенската ми се шокантни...да не знаеш што се ке слушнеш...
Ова е според мене најглупавиот концепт за шоу на светот. Незнам како некој воопшто може да се пријави и да учествува во тој циркус, каде што само ќе те направат будала и ќе си заминеш без пари
Додека уште траеше шоуво кај нас, редовно си го гледав.Многу ми беше интересно и никогаш не ми беше јасно колку ли се глупи луѓето-си ја продаваат приватноста за пари, јас нне би го направила тоа, имам премногу скелети во шкаф Американското ми беше уште поинтересно затоа што имаше повеќе пикантерии отколку нашето, а мислам дека уште го даваат на МТВ...
Македонсково воопшто не ми се свиѓаше. Некако беа премногу досадни и неинтересни. А пак водителката .. Американското е доста поинтересно.
Со самата помисла дека пред цел свет откирвам целата вистина за мене мене ме лазат морници . Не дека имам доживеано осмо светско чудо ама некои работи треба да си ги зачуваш за себе . Пред се заради тоа што некогаш ќе треба да се заозбилиш , оти неверувам дека луѓе со здрав разум одат таму. Треба да се има на ум дека кога одиш таму треба да бидеш спремен на се , ќе го изнајдат и она мало делче од вашиот живот што не ви паднало на памет дека ќе го спомнат.Ако е за парите , можат да се заработат и на други начини, од бес се оди таму . Луѓето што ги гледам пред ,,жешката столица,, ми се благо ретардирани .
Го гледав и македонското и ми беше ептен интересно, ни една емисија не пропуштав. Ми беше некако многу шокантно, и интригантно за гледање. Луѓето што одеа таму донекаде ги разбирам, ама до толку да си спремен да направиш се за пари, е тоа малку ме зачуди. Како и да е, ова шоу ми беше едно од омилените, сепак македонското не може да се спореди со американското, кое е далеку подобро.
ке се согласам со крејзи ин лав а до некаде и добро е шоуто имаш шанса да видиш со каков човек со во контакт и да ги дознаеш неговите најголеми тајни, грешки, мисли добар начин да ги натераш луѓето да се исповедаат но лошото е што понатаму ништо повеќе нема да биде исто личноста нема да ја гледаш со исти очи како некогаш, но особено ми е интересно кога пар одговара наизменично на прашањата и имаше еден таков пар кои беа верени и во текот на шоуто дознаа дека се варале меѓу себе, и на крајот јавно ја откажаа венчавката а што е најтрагично девојката и идната свекрва која требаше да и биде предходно не се поднесувале и водителот ги натера да се смират изгушкаат и да ветат дека ке ги подобрат односите во име на тоа дека ке бидат едно семејство а на крајот дечкото на прашањето дали и понатаму ја сака за жена девојка си одговори со не, ја остави на цедило девојкава во последен момент онака јавно.
Couldn't agree more. А водителот од американското е цар и многу ми е попријатно да го гледам тоа од ова нашево. Аууу онаа лошотијана цинизмон кој хода...сите ќе ги извреѓа и расплаче нема никој да сака да се пријави
Абе ако се пријавиш бракот или семејната врска ќе ти се растури Се само за пари . А дали го даваат уште или нема повеќе?
Американското го даваат сега на МТВ 1 и поинтересно ми е од ова македонското... Кога ќе фатам навечер го гледам
Не јас не би се пријавила. Што има сите да знаат за мојата интима? Не ми се јасни овие што се пријавуваат. Не можат да најдат попаметен начин да дојдат до пари?
Јас би се пријавила но да одговарам само на реални и проверливи прашања а не на прашања на кои како и да одговориш може да кажат дека не си во право на пр. Дали ја мразиш мајка ти? Ќе одговориш не, они ќе ти речат ти мислиш дека не ама потсвесно ја мразиш и такви некои глупави прашања. Инаку немам проблеми да одговорам на било кое прашање што се однесува на реален настан и кој лесно може да се провери.