1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моминска вечер

Дискусија во 'Свадба' започната од fs-fs-fs, 1 јуни 2011.

  1. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Треба да спремам девојачка вечер за мојата најдобра другарка....и сега сум во голема дилема, знам дека не сакам да биде во нашиот град, имам една одлична идеа на 2 дена до некоја Европска земја преку ryanair.com најдов авионски карти за 30-50 евра смешка и плус уште два вечери смештај некој 100 евра мислам не е многу? , дали мислите дека ова ќе биде малтретирање или луда вечер...
    Ваше мислење, идеи....или некаде низ Македонија каде ќе биде лудо и незаборавно, :inlove:
     
  2. kalinaaa

    kalinaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    9
    Девојачка вечер

    Епа вака и мене ме чека нешто такво за некој месец, со тоа што јас би сакала сама да си ја организирам, ама ќе видиме како ќе биде тоа. Инаку моја препорака ти е да не се замараш за 2 дена да тепаш пат некаде кај што не си ни била претходно и додека да се снајдеш ова она, да прошеташ отишол викендот...вака мислам дека е подобро да останете во границите на нашата прекрасна држава со тоа што би отишле во некој друг град, ако сакате да бидете подалеку од она што ви е секојдневие...можете некаде да си изнајмите викендица или да па да се сместите во хотел, зависи колку другарки сте се на се и да си правите работи што си ги сакате само вие. Секој има различна претстава за девојачката вечер...некој лудо да се журка и да се пијанчи до сабајле, некој да си прави седенки по дома/викендица и сл, некој да оди по женски третмани ( маникири, педикири, масажи...) Незнам која е твојата замисла, ама викенд во странство ќе можете да реализирате и после свадбата на другарка ти, мислам дека нема да биде никаков проблем (само фатете некој фудбалски викенд и решен проблем ;) )
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Девојачка вечер

    Често се случува да најдеш еден куп тематски облечени девојки по некои европски метрополи на девојачка, добра идеја, зошто да не?! Ама се зависи од тоа колкав ви е буџетот ;)
    Ако се стискате со држ не дај, девојачката не мора да излезе како што очекуваш.

    Но може еве до Палма да идете, има евтини летови со Рајанер од некои европски градови. Евентуално до Италија. Коктелчичи на плажа, згодни дечки, иха!

    Јас организирав една девојачка, и морам да кажам сосема нескромно - дека ме бива :wasntme: Добивме со другата деверуша пофалби за најдобрата девојачка ever :P Мајке ми многу беше добро. Ама отпосле се замислив, дека и покрај тоа што се ни беше беспрекорно организирано, со тема, идеја, оригинални покани, превоз, кинки поклончичи итн. - вечерта беше незаборавна поради луѓето и најмногу невестата.
    Со такво одлепено женче не можеше да помине вообичаено вечерта. Плус иако немавме стриптиз, наидовме спонтано на такви фаци - јас мислам да ги нарачавме немаше толку добро да не забавуваат.

    Битно цел град не научи - поздрав до сите фаци кои се во мојот фотоапарат, немам поим кои сте! :lol:

    Ако ти требаат теми за девојачка, лесно е - чика Гугл ќе ти помогне, само укуцај Hen night. Воглавно прашај ја другарка ти што би сакала, отприлика каква тема и останатото нека е тајна. Ние само тоа знаевме, дека сака коктели и сака нешто во тој стил а другото го остави на нас. Костимите и се останато и подготвивме ние, без таа да знае и во последен момент ги доби.
    Не заборавај дека невестата не би требало ништо да плати и се треба да остане изненадување до последниот момент! ;)

    Фс, ако сакаш некоја идеја, пиши ЛП, ги имам еден куп...впрочем наскоро ме чека уште една вечер во моја режија ;)
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.967
    Допаѓања:
    111.699
    Пол:
    Женски
    Девојачка вечер

    Само немој после да се премисли девојката па да биде Runaway Bride работава, од згодните дечки на плажа де :lol: :lol:

    Мене може да ме премисли такво нешто :lol:
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Девојачка вечер

    Еве предлог и од мене, како јас си поминав на една девојачка вечер.

    Вечерта ја почнавме во спа центар (не рекламирам намерно каде) го изнајмивме само за нас 2 часа....одбрано друштвенце -околу 7-8 девојки, џакузи, сауна, турска бања, чоколадна масажа, релакс музиче...милина..старосватицата организираше и стриптизер (напомена-невестата НЕ СМЕЕ да плаќа ништо цела вечер :!: )
    Потоа правец сушење, шминкање... нема поинтересно нешто од девојки на куп, расклештени, видно поднапиени :lol: (во самиот центар си имаше шанкче со шампањ, црвено и бело вино...) кои се туфкаат и врткаат да се средат. :rofl:
    Потоа правец во едно кафуле каде продолживме,ни се придружија и останатите другарки на невестата, сите носевме венчиња со исто цветче, а невестата бело цветно венче, и` донесовме торта на невестата со секси содржина, и завршивме во една дискотека до раните утрински часови (пожелно е да си резервирате сепаренце).

    Доколку се одлучите на ваква опција препорачливо е да одите со торбичка во која ќе си сместите гардероба за продолжетокот на вечерта и секако шминка (апсурдно е да се оди во спа центар нашминкана ;) )
     
    На tanjusskat, Lovely93, sonjicka-86 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Девојачка вечер

    Малку оff- се вика моминска вечер :)
     
  7. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Интересни идеи гледам. Треба и јас и моите другарки да огранизираме моминска вечер па убаво што се ја отвориле темава. Ние во план имавме да изнајмиме викендица некаде за цел викенд (една вечер не ни стига за славење :) ) Ќе имаме испринтано маички со некој натпис.... и до тука негде заглавиве. треба деновиве да се организираме, па пишувајте уште идеи.
    Битно треба да се испланира буџетот колкав е, не е само организиарј нешто да е прекрасно а цело време да се мислиш за парите. :) и ако се погодат се луди жени кај и да идеш лудо и незаборавно ќе биде
     
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Кога прочитав за маичкиве ми текна нешто, морав да постирам :D
    [​IMG]
     
    На martinuska, lackygirl, JoxyTheFreak и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    :lol:

    [​IMG]
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    другарка ми се мажеше летоска, и се собравме во еден кафиќ на кеј, сеокоја другарка и купи некаков интересен подарок, купивме балони, торта,круна и маичака bride за неа, а ние имавме ружички на главите.
    еве ја тортата
     

    Прикачени фајлови:

    • [000066].jpg
      [000066].jpg
      Големина на фајлот:
      61,5 KB
      Прегледи:
      4.678
    На Dreem.Girl, eleni23, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.900
    Допаѓања:
    123.135
    Mи се допаѓа што во последно време се организираат момински вечери,убаво смислени ,и со иновативни идеи ;)
    Пред 5,6 години ретко која и да ги правеше.Знам кај другарка од клас,не викна таа дома,јадевме пиевме,и после искочивме во дискотека,нити вел имаше нити торта ништо.
    Сега за последните 2,3 сме малку поорганизирани.Купуваме вел со венче,обавезно некој убав долен веш и некоја безобразна торта :P Ние сами си правиме еден вид китенки или цветчиња за на глава,ќе се собереме другарките од Бит пазар некоја ќе испазарува и си се забавуваме.Китенките се нели за сите на моминската.Последен пат ,на велот на невестата имавме две пеперутчиња и стапче на кое имаше исто пеперутка-како некој вид магично стапче :P ,вака нешто само со пеперутчиња [​IMG]
    а китенките исто беа пеперутки.На една пак,направивме бел цвет ,таа беше облечена во бело а ние сите во тегет со тегет цветови. Зе една свадба кај колешка од охрид,другарките и беа испринтале маичка -game over,а за нас гостите исто такви маички само пишуваше-still on sale :lol: Прво седиме во фино ресторантче,потоа имаме резервирано сепаре за некаде.
    Ама ете приметувам сите почнаа да ги прават вака стандард моминските-вел,торта па за наредната се надевам ќе има нешто ново,веќе клише е ова.
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    ^Баш тоа сакав да кажам, веќе е навистина досадно, секоја моминска вечер е иста.

    Јас сакам да имам моминска, ама не со 20 женски како што ги прават зашто реално не може сите 20 да ми се блиски.Доволни ми се 6-7 другарки, ама баш мили и блиски, а не некои што не ги гледам и слушам со месеци само колку да ми пополнат бројка.Друго, сите веќе почнаа со венчиња, со маички со пораки, па вел...старосватициве се слабо креативни :D
     
  13. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    На последната моминска вечер што присуствував имаше околу 10девојки и идната невета што беше имаше тул на главата и невестински ракавици а другите девојки што беа имаа испечатено маици и пишуваше на нив Сингл. И јас би правила моминска вечер само незнам како и што ќе биде.
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    :D :D Веднаш ми текна на [​IMG] . Е тоа е моминска вечер да утре не се сеќаваш што си правел :) .
    Моминската вечер и забавата ја прават финансиите. За да не биде клише (а Е клише како да после нема да излегуваш и се глупираш :D добро де помалку се глупираш) и го направиш поразлично од стандардна процедура, ти треба само машта и пари во џеб.
    Златно правило, не се прави ден пред свадба за да на свадба не бидеш [​IMG] туку 2 -3 дена пред свадба што ти го крши филмот работниот ден и :devil: газда :).
    Моето пројде пред 4 год. со стриптизети по маса и алкохол во неограничени количини. После 1 по полноќ (виша сила до толку работеа локалите) жените ги изненадија мажите т.е отидоа кај нив и ја повторија научената лекција од дада стриптизета (жешко играње). Ех, тоа беа луди времиња :lol: и ден денес се смеам на снимки и слики :$
     
  15. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Мене веќе овие момински вечери со велчиња, торти со перверзен изглед а.к.а кур*ац и сите тие слични сценарија, па посебно ако сето тоа се случува во сред кафиќ каде се привлекува вниманието на сите присутни ми се веќе досадни. Ако па во локалот има жива свирка и слушнеш еден мал милион пати поздрав до невестата на микрофонот, абе врв |( .
    Кога јас би правела моминска вечер некогаш, најверојатно тоа би било викенд во некоја соседна земја, па со уште неколку девојки да се опуштиме онака како што ние сакаме.
    Втора опција, празен стан и луда и незаборавна ноќ во него најверојатно нешто тематски испланирано или слично.
    А овака, во кругче собрано женско друштво и сите ѕенѕаат со пијачка во рака, апла класично излагање со по некое велче, маиче или нешто налик на тоа, не.
    Едноставно мислам дека за вистинска моминска вечер е потребна интимност (барем надвор од градот да е), за да може да се дозволи вистинско опуштање, а не утре сабајле цел град да ме збори (што е пракса по помалите градови во Македонијава).
    Евентуално пак, не би ни правела ако не ми се пружат вистински можности да си ја изреализирам онака како што јас сакам. Не ми е нешто must be пред свадбата.
    Јас ако до тогаш не сум се провела добро со женско друштво, таа вечер ништо нема да ми надокнади.
     
    На Мала плавуша, koritsaki, MissDior и 6 други им се допаѓа ова.
  16. 1234girl

    1234girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    35
    Потполно се согласувам со Tenna,веќе овие новите да ги наречам модерни невести не знаат што побрзо да направата демек нешто као еве јас се мажам па кој ве е.е вас ми е скрос глупо клише и се исто едни исти момински забави се прават со по еден куп женски,од околу минимум 15-20 а на крај краева од сите тие со 90 посто од нив никогаш не си зборнал и здраво.Јас сепак мислам дека поважно е ШТО СЛЕДУВА ПОНАТАМУ-а НЕ ПРЕД?Нели?Па затоа се мажиме,а не за да на градот или на градските шемаџии им се пофалиме утредента на фб еве колку сме се испијаниле или види каква КУР торта ми донесоа.Искрено мене ми се гади од овие ....ЗАПАДЊАЧКИ КОПИРАЊА!!!!!!!
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. celebrity20

    celebrity20 Активен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    4
    zdravo fs-fs-fs,ne e bitno kade ste i kade kje patuvate dali vo stranstvo ili vo makedonija,BITNO e da se druzite i da si pominete ludo i nezaboravno.od mene na nevestata podarete i striptizer,cisto za zabava.pozz ;)
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не сум размислувала за мојата моминска вечер(каде, како, што)
    не дошол мометот за тоа :)
     
  19. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.238
    Допаѓања:
    6.675
    Имам видено на една емисија каде сите девојки што се собрани на моминскава вечер освен невестата носеа розеви маички и на нив пишуваше BRIDE`S BITCHES :D
    Мене ми изгледа ова интересно и планирам да го реализирам тогаш кога ќе биде ова , а верувам дека ќе биде . Не за друго уште од мала си имам замислувано некои вакви детали што се ситни но значајни за мене . Па и да не е оригинална идеја неможеме за се да бидеме иновативни . Не е толку битно местото туку битно е со кого си и дали друштвото со кое си знае да направи атмосфера.

    И ич уво не ме боли дали тоа било кич , како изгледа отстрана и слично .

    Мене ми е убаво , ќеф ми е и крај :) :hai:
     
    На Мала плавуша му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Преубаво ќе биде!Ама кога ќе дојди време :)
    Се сложувам со Фајркуин :) Не битно местото,туку друштвото !
    И мене ми е ќеф за такви работи :)
     
    На Мала плавуша му/ѝ се допаѓа ова.