ако тебе не ти се прави,не прави.Но,според мене немаш право да му го скратиш тоа уживање доколку он сака
Не знам на каква јахта мислиш, но минатото лето рентавме едрилица во Охрид за моминска на другарка, беше околу 5000 ден за 5 луѓе. Капацитетот беше 6, но го имаш и човекот што ја управува едрилицата, така да ќе можете 5 луѓе.
Ќе бидам старосватица дали моминска по некое правило организира старосватицата или невестата сама? Ако организира старосватицата дали финансиски таа ја подмирува цела организација или сите поканети заедно со исклучок на невестата?
Еее ова ми е најдебилното нешто шо постои, моминска и ергенска вечер да можам со закон би ги забранил, туѓ срам ме јади кога ги гледам како се глупираат.
Обично другарките, сестра ако има, братучедки и сл. ја организираат моминската и трошокот го делат заеднички (без невестата). Обично старосватица, кума, сестра се “лидери” на процесот и тие најмногу се залагаат, ама се зависи како ќе се организирате.
Зависи од буџетот што го планирате, можете Охрид а можете и Грција, Белград и сл. Се зависи од замислата. Јас кога бев старосватица организирав цел викенд во Охрид. Искрено преубаво и преефтино поминавме а баш имаше доста со катамаран со искачање комлет се.
Каде во Скопје може да се најдат декорации за моминска вечер на пример тањирчиња, салфетки, банери и слично?