па зависи,ние на другарка ми и однесовме, долен веш,лепеза со пердуви и марамче со парички за играње. Значи се оди со нешто симболично,онака ради реда -шала пример,можеш лисици со пуфки
девојки, ми требаат маички за моминска вечер.. онакви со некој инетерсен натпис. или било каква облека и аксесоари за моминска вечер каде можам да купам или порачам?
Колку е луда тортава. Ја нарачавте? Претпоставувам дека е нарачана (супер е направена), и како рековте при нарачката? дајте ни торта-пенис? Сум гледала на момински вечери, обавезно по една ваква торта, ама многу обични биле. Ова смајлито е стварно кул.
^Phyramide беше одговорна за нарачката незнам што рекла кога нарачувала. Инаку да од Канела е тортата
^ Ништо не рековме, во Канела имаат каталог специјален за вакви торти, односно на комп те седнуваат и си бираш. Рековме дека ни треба торта за моминска вечер, нормално дека не рековме - еј давај торта со ку* Имаше секакви, стварно имаат голем избор. Интересен беше моментот вечерта кога бевме да ја подигнеме нарачката, истовремено имаше фамилија со мали деца кои ја чекаа нивната роденденска торта. Продавачкава искача со нашата во рака, демек да ни ја покаже, незнаејќи дека децава нестрпливо чекаат - и децава кога видоа каква форма има тортата кога фатија да пискаат, ама татооооо Инаку мислам и Сноу ќе се согласи, превкусна беше И толку многу остана што ако добро се сеќавам левото јајце им го подаривме на келнерите, а десното и главчето (ете ти деталЧич) им го испративме по тајна мисија на момците кои беа на момачко. Нормално дека не не видоа зошто вешто се криевме на паркинг и замоливме едни средношколци да им ја однесат на маса Балинт за маички е лесна работа. Јас најдов другар што го барата фотошопот и му реков во убав фонт да ми напише BRIDE, купив маичка и ја дадов на принтање. Во Рамстор мислам на приземје принтаат по сопствен избор. Распрашај се. Ако си доволно креативна, можеш да измислиш што ти душа сака. Јас играв на карта на едноставност, ама по нетов ако прогуглаш имаш секакви сајтови за момински вечери и за маици, па може ќе те инспирира нешто Ау да, аксесорајз, ако мислиш на цевки со мали куриња и слични глупости, можеш да најдеш по секс шоповите.
^и тек како беше вкусна и да едното јајце им го пративме кај младоженецот со натпис: поздрав од женско друштво а ти текнува како сите не гледаа чудно? па како се погоди и едни млади деца и странци
А, вие две, Спојлер другарки сте, се познавате? Жална работа за една момиска, каде моја не толку верна другарка правеле цело друштво моминска за нивната најдобра другарка. Се изнаслушав жалење околу организацијата и трошоците што ќе ги имале (а, сите се вработени и земаат добри плати). Сето тоа им беше како терет. Жалосно што постојат такви другарки. И јас исто, немам некои посебни, откачени, кул другарки, кои се креативни и кои би знаеле да ме изненадат доколку правам некогаш моминска вечер.
Тепање со перници покрај базен while wearing underwear звучи како креативна и кул идеја за моминска вечер
и јас бев изненадена од моминската вечер, иако беше оддамна,сепак и тогаш имаше девојки кои организираа прекрасни момински вечери. Излеговме вечерта пред свадбата (една ООООГРОМНА ГРЕШКА) во еден кафич, седевме, пиевме, но немаше ништо така специјално, познавајќи ме мене сите колку сакам такви работи. Седевме до кај 2часот, јас си отидов мислам бидејќи во 7 имав закажено на фризер. Они продолжија во еден бар кај си поминале феноменално до 6 часот наутро.
И моите ептен ме изненадија со моминската вечер, не очекував да направат нешто посебно, мислев ќе седнеме ќе се изнапиеме и доста е. Ми купиле една маичка со ептен добар натпис, изнакупувале се и свашта, толку бевме смешни, сакаа да се сликаат луѓето со нас. Па имаше некои странци, не прашуваа што славиме, зашто сме така облечени. Продолживме во диско до сабајле, со пеење, со пиење, препреубава вечер што нема да ја заборавам, ниту пак нив ќе им заборавам дека ми организирааа таква вечер. Моминската беше два дена пред свадбата и среќа, едвај се оправив следниот ден.
Бидејќи јас сум прва од друштвото што се мажи за мојата моминска вечер ми беше кажано да не се секирам јас се ќе ми биде организирано .мое е само да се дотерам и да бидам точна на договорено место и време таа вечер ( 1 недела пред свадба ) јас си се спремав со една моја другарка(таа знаела се, ја пратиле да се осигураат дека нема да ги провалам ) и чекав да ми се јават каде да одам . ми се јавуваат и ми викаат ти биди спремна ќе поминеме да те земаме со кола и одиме во кафана.... јас дотерана стокмена чекам со бел вел на глава. Ѕвончето ѕвони на врата и влегуваат тие со конфети пијалок на тони + јадење + звучници се си носеа.Земаа за 2 мин ми го преуредија станот наместија фотеља на средина изгасија светла запалија свеки насекаде, музика рокнаа до даска и точеа пиење...Почна журот Луѓе јас бев занемена од изненадување бев пресреќна што си ги имам . Најмногу си ги сакам моите другарчиња За кратко време бев и тогаш дојде најглавното ...ми врзаа очи ме седнаа на фотељата и пуштија сентиш музика.. некој дојде и почна да ми игра в скут ми го симна превезот и луѓе мои што да видам - викнале стиптизер типот сладок среден издепилиран погоден абе милина - врв! типот ми играше в скут заносно абе лудница незнам со да ви кажам повеќе си замина тој после некое време (толку бил платен ) јас на нозе неможев да стоам( ме фати одма не бев јадена цел ден нели оти ќе одевме во кафана де)..им викам ај да се одморам малку и продолжуваме..отидов во друга соба си подлегнав и сум заспала доаѓаат после некое време и ми викаат ајде нели одиме а јас еве идааам и тап пак заспивам...ме оставија да спијам a тие си продолжиле до раните утрински часови Спојлер btw мојата моминска вечер беше се само не со моми значи еден куп другари и 2 3 другарки од кои едната кума а другата старосватица
^кумата заедно со старосватицата,деверушките и останатите девојки кои би биле на моминската....ќе се чујат ќе се договорат до колку пари да се оди со подароци декор и место. какво изненадување што...значи треба сите да се соберете и да се договорите. друго ништо посебно нема.
Знаев, знаев, знаев дека ти ќе ми пишеш Фала ти многу Snow, треба деновиве да ми се јави старосватицата па да се договориме