Ние на другарка ќе и правиме моминска на викенд па дајтеее некој предлог со што да ја изнензадиме таму нешто несекојдневно и интересно.....не велови торти др дрррр
Значи поисфолиран и понаметнат тренд од овој НЕМА. Видовме по Америкине како е, па ајде и ние. Се собрале 20 жени, облекле пуфки, тракатанци, вибратори в раце, торти со форма на пениси се направиле ќускии пијани, па лижат, се лигават, да ти е гнас да ги гледаш. Ама оправдано е нели, моминска вечер. Жими *****. Важи и за мажите. Тие се уште погрозни. Пријател на вереникот мој, ќор пијан, се слекол гол ко од мајка роден, лежи на улица а стриптизетата му меша одозгора. Нормално се тоа снимано и документирано, да се пофали мажот. Мене да ми е, го оставам и око не ми трепка. А верувам и дека вереникот би ме оставил, кога би ме видел летва направена, без моќ за расудување како се лигавам по некој стриптизер. Некако се ова ми е за неизживеани луѓе, кои на 20тина седеле дома па сега на 30, пред свадба, кога треба да се озбилни, земаат и прават глупости. И неретко на ваквите забави има неверства, барем овде каде што живеам јас. Така да ако мене ме прашувате, ако толку сакате да го прославите крајот на моминскиот живот, соберете си се дома со најблиските другарки, потсетете се на најубавите моменти поминати заедно, ветете си дека бракот нема да го промени вашето пријателство, дека секогаш ќе најдете време една за друга и прославете како што доликува на една идна невеста, сопруга и мајка. Со секоја почит за тие што правеле или ќе прават, да не се навредат или пронајдат ова е само мое мислење. Марјан Георгиевски за моминските вечери http://www.youtube.com/watch?v=oVLNK3QpacQ
Девојќи ми треба некоја интересна идеја за моминска вечер. Другарка ми - невестата е 6 месец бремена Друго ќе славиме во кафана или во кафич. Сакам нешто оригинално, торта во вид на пенис, балони, мајци со нтпис се нешто видено... Секакви идеи од вас се добредојдени
Не ми се јасни зошто е тоа моминска вечер , која е целта ? од каде се наметна кај сите тоа да го прават ?и навистина не го оправдувам (дека ) мора да се направи .Живи глупости само нешто се прави како интересно а во суштина се бара причина за пијанчење и глупирање .Сум бил случаен сведок на група жени или пак мажи по локаливе каде што се бламираат со тоа МОМИНСКА ВЕЧЕР пфф .Никогаш не би правел а и да ме повикаат ке изнајдам причина да не присуствувам
Devojacka vecer Devojki (i decki, ako ima) dali nekoj znae da se iznajmuva vila so bazen za edna vecer samo? Sakam da ja iznajmam za devojacko pa ako nekoj znae da se iznajmuva ili ima prijatel pls da mi dadete brojce? tnx
За еден месец сум на моминска која ќе биде надвор од државава, и е покриена со трошоци од страна на сестрата на невестата. Таа организирала буквално се, резервирала и платила, а на нас останува да се спакуваме и да одиме. Прашањето ми е дали има место нешто да купам/спремам, незнам што би можело тоа да биде и што се прави при организации на момински, не сум уште во тие води со другарките и затоа тука прашувам. Инаку, идната невеста ја знам преку дечко ми, многу блиски другари се дечко ми и идниот и маж, па преку нив се зближивме доста и ние две.
Со оглед на тоа дека организирање моминска вечер е увезена работа кај нас која доаѓа од Северна Америка, можам да искоментирам како е таму. Моминската вечер е за невестата да се дружи со другарките. Е сега точно е дека работите во изминатите деценија, две отидоа во сосема друга крајност со пениси на сите страни, намастени набилдани стрипери и тони алкохол. Меѓутоа генерално моминската вечер обично подразбира вечера и ноќен клуб. А во последно време се' попопуларно е организирање на нешто покреативни момински вечери (цел ден во спа центар, изнајмување на апартман во хотел и правење на т.н. slumber party со другарките, пеинтбол турнир, караоке, часови за правење коктели, вечер на грди фустани, scavenger hunt и сл.). На моминската вечер не се даваат подароци. Обично се носи нешто за зафрканција - ептен смешна долна облека хммм сељачка што би се рекло прљави игрици и слично. И потоа сите се кинат од смеење кога ги играат игриците. Понекогаш, ако забавата има некоја тематика, домаќинката на моминската вечер може да подели некој симболичен подарок, чисто како спомен на вечерта (венче, пластично прстенче со лижавче, ѓердан од бонбончиња и сл.) Подароци се даваат на т.н. bridal shower. Иако често и тој не се организира. Меѓутоа, моминската вечер ја плаќаат сите подеднакво (освен невестата). Затоа во случај како на Руби, некое поклонче нема да е на одмет. Ти предлагам ваучер за масажа, некое убаво млеко за тело (порано имаше Victoria's Secret во Космо, сега не знам), некое лакче и сл. Ако добро ја познаваш идната невеста можеш и секси карти да и' земеш - порано имаше во Икона. Не се невкусни, туку баш на граница.
Па ако она веќе ви платила на вас патување мислам дека редно е вие да и купете нешто*, независно од тоа дали се носи на моминска или не. Срамота е како куми така да си отидете. * под НЕШТО подразбирам фин и неефтин накит. Лупнете некоја 1000ка мајко му, па она ви организира вас многу посолена шетња
Niti sum bila na moninska vecer niti znam kako odi taa rabora...Uste 7 meseci i jas ce se omazam ....no sakav da gi vikat drukarkite da izlezeme...na kafe,blagici,tortici E sega bas ova me interesira ,,mominska vecer,,treba jas da ja organiziram taa vecer ili drugarkite treba da mi ja priredat ?
Таман работа дека не сакаме да купиме, или дека 1000 ден се проблем. Прашував бидејќи до сега нема организација групна од девојките, па ако остане на тоа, прашував што можам сама да "однесам". Парите не се проблем, туку немањето поим од овие работи. Фала на одговорите.
Ова е некоја лејтли новина која не ја обожавам, бидејќи ми изгледа ко последен пат у живот да излегува невестата и крајот доаѓа. мразам наметнати западњачки работи, а особена торта во форма на пенис, венчиња со вел, ленти со - последен ден сингл, купете ме, или стари моми за другарките, претерувања...Сум била на милоин, ради реда, секогаш подарокот бил долен веш, и никогаш не сум јадела од половиот орган на кој новестата паѓа во несвест од неговата големина.
мене не ми се допаѓа оваа вечер и како што кажаа претходно поготово тортата со форма на пенис-на ништо не ми личи па велови и што ти не ја кога би дошло ред за тоа, би сакала само едно фино дружење со вечерче некое или благичко така нешто и girls talks сепак не мора цела кафана/кафич да дознае дека сум невеста
Мене треба да ми прават моминска (во најава ми е ) само се надевам дека нема да биде како клише-моминските од кои сите се онесвестуваат (јас од грдо можам да се онесвестам) Сакав да прашам, дали треба да се купат поклончиња (од страна на невестата) за девериците? Оти сакам да им купам нешто (од 3 до 5 би требало да бидат, така поскромно) ама не знам што би им купила, појма немам.. Дајте ми некоја идеја? Сакам да биде нешто што ќе им остане како спомен од таа вечер. Идеи?
Најчесто не се купува но ако сакаш можи некоја секси танга или подвезици , а ако сакаш да им остани можиш рамка со слика каде што си ти со неа ( и ако ова не е многу иновативно )
Мислам дека најубав подарок ќе биде слика со сите вас заедно, доколку имате. Или они карикатурите што ги цртаат.
Јас немав баш моминска онака искочивме само другарки, сега една другарка ми се мажи и не сфакам дали ние треба да ја организираме/ платиме моминската или таа да си плака?