Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моминска вечер

Дискусија во 'Свадба' започната од fs-fs-fs, 1 јуни 2011.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    ^Моминската вечер ја организираат другарките и тие ја плаќаат, по некое непишано правило.
    Сега зависи од другарките и близината и карактерот, секој сака различно нешто.

    Мене новиве момински кај нај што ги гледам ми се малку смешни искрено, мислам дека претеруваат со потресување и сите тие цвеќиња во глава, велови, фешти, ама до некаде и во некоја граница ми се слатки.
    Вајда би сакала да се начукам толку многу, да не се сеќавам што сум правела, и сигурно некој стриптиз јак да падне чисто од заебанција.
    Ама не би ги терала да носат маици или цветови во глава или нешто слично како дрес код, секој само нека понесе насмевка со себе и добра забава, тоа се бара само и ништо друго.
     
    На Marossa и Cka им се допаѓа ова.
  2. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.038
    Пол:
    Женски
    :o А јас ќе имам моминска и сама ќе си ја платам :tmi: овие моиве ништо не спомнаа за плаќање само некое изненадување ми спремале :^) баш зборевме пред некој ден за местенце и јас онака напоменав да е попристапно зашто пред свадба финансиите се слаби :D И они ништо не спомнаа дека тие ја плаќаат |( Е, да знаев немаше ни да правам ]:)
     
  3. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Анастијаки ти не правиш моминска и не би требало да правиш. Јас како што знам тоа е собиранка со најблиските другарки да си помуабетите ,да се поднапиете и да се подружите . Вообичаено е да платат другарките за тебе и тие да закажат некаде каде што сакате да одите .
    Гарант изненадувањето е торта -пенис . |( :D

    Ако толку им е проблем да платат за тебе , кога ќе дојде сметката плати си само за твојот дел и готово . :D :devil:
    Сметам дека не е многу сите да донираат по некој денар за да платат неколку пијачки и вечера за еден .
     
    На Valerin, drugarka и anastasijaki им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Ако ти како невеста си изразила желба за моминска, прва си рекла и сама организираш тогаш се очекува од тебе да платиш. По правило другарките треба тебе да ти приредат, но ако гледаш дека тие не спомнуваат или чекаат организација на тебе тогаш јасно е кој плаќа. Значи не те канат тие тебе туку ти нив.
    Порано моминските невестите си ги плаќаа, и немаше торти, велови, маски, туку частеше невестата по пијачка, две, малку смеа, забава и ајт по дома.
     
    На zaMiG, Lovely93 и anastasijaki им се допаѓа ова.
  5. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Мојата моминска стана толку дива што морам да се соберам и да си одам.
    Шест девојки направија сметка од 9000 денари во 2-3 саати на едно место, која ја плати рандом турист кој го собравме од улица да ни биде стриптизер на вечерта. Имав торта, имав шампањ и незаборавна вечер. Забавата продолжи во друг локал но таму ми стана јасно дека морам да напуштам дури сеуште имам сомнителна самоконтрола.

    По своја инцијатива ми ја организираа другарките и планираа тие да ги платат сите трошоци. Имав подарок вел и прекрасен фото албум со слики од нас и посвети, имаше дури и слика од денот кога им кажав дека ќе се омажам.
    Се на се ,имаме компромитирачки фотографии од вечерта и убави спомени со план за репете годинава :D .
     
    На Cinderfakinrella, Madam-A и femina90 им се допаѓа ова.
  6. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.038
    Пол:
    Женски
    Не е пенис торта сигурно, знаат дека не сакам такво а и они не сакаат, гадно е :D Е ајде де кој да знае дека така требало :( а и они или не знаат или се прават дека не знаaт и сега пред свадба јас на сите да им плаќам треба :worried:
    некако да им кажам дека треба они да платат ама да не е директно има начин? :$ :wasntme:
     
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Ако твоја е идејата за моминска, ако ти ги каниш, тогаш не личи да бараш да ти ја платат.
    Ако тие тебе ти предложиле и сега не им се плаќа а ти не си во состојба, кажи им дека не можеш да си дозволиш и готово.
    Нема такво правило да мораш да имаш моминска.
    Или имаш голема желба, слушаш тука дека другарките треба да платат па се лутиш на твоите.Непотребно.
     
    На andromedae и Lovely93 им се допаѓа ова.
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.038
    Пол:
    Женски
    Ова се моите работи за моминската вечер :)

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Kom.pot, Anna-Banana, Mihaela.P и 4 други им се допаѓа ова.
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    anastasijaki прекрасни се стварчињава, но малку ме збуни. Зар ти сама си ја организираш моминската. Па јас колку што знам тоа треба да е во режија на другарките. Некако не ми оди невестата неколку дена пред свадба и ова да го организира :^) или можеби грешам, не така, незнам.
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.038
    Пол:
    Женски
    Овие работи ми се порачани од пред месец дена , од мене за нив :) Иначе тие беа оние кои што ја организираа самата вечер :)
     
    На Cinderfakinrella и irena.1 им се допаѓа ова.
  11. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Девојκи може ли да ми пρедложите неκои интеρесни натписи за на блузичκите? Што би пишале вие?
     
  12. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Тортите со пенис ми се многу гадни или колачи со сперматозоиди. Јас не би јадела од нив, уффф...
     
    На Cinderfakinrella, koritsaki, SV1911 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.902
    Допаѓања:
    132.715
    Модерно е торта во пенис форма и колачиња со пенисчиња. И да се сликаш со исплазен јазик, дека ке го јадеш:)
    Оти сите невини невестиве, не знаат за кај се пенисите, па ке ги јадат

    Од моминска вечер највеќе ја мразам иронијата и претеризмот. Особено вулгарноста. Ама вишок пари, нема кај да се потроши, па ке си пијанчиме со другарките.
     
    На zaMiG, koritsaki, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  15. hanny

    hanny Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    61
    Здраво девојки,

    погоре во постовите прочитав дека некои од вас ангажирале стриптизер :lol: :rofl: :$ имаме невеста во друштво и ајде да биде нешто понеобично(дур сме дома да се загрее атмосферата :lol: :lol: )
    ај споделете искуство денеска се јавив во валијант и ми побараа ни помалку ни повеке 8.000,00денари аууу за 2 пати од 10-15 минути.... искрено немам искуство у барање стриптизери но зар не е малку многу хм...
    доколку имате информација или контакт ке ве замолам да споделите како би и ја зачиниле моминската вечер на невестата :D :D :D
    фала ви :rofl:
     
  16. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Многу сум против моминска вечер. Некако се ми е пренадувано и вештачки. А за вулгарните торти и колачи не сакам да коментирам...
    Ама секој си знае за себе. Јас дефинитивно нема да правам. Обично вечерно излегување со најблиските другарки е сосема доволно.
     
    На zaMiG, koritsaki и SimonaTino им се допаѓа ова.
  17. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Наскоро другарка ми прави свадба, уште од претходно знам дека не сака да има моминска вечер и` било глупаво, џабе трошење пари, па решив да и ја почитувам одлуката и да не спремам забава.
    Ама сепак сакам да и поклонам нешто лично од мене, ама немам никаква идеја, прогуглав малце и се што најдов беа торти со пенси |( а тоа не доаѓа у обзир.
    Незнам што може да и поклонам, мислев да и поклонам долна облека, незнам некој магнет со интересна порака :?: ама да не е нешто скапо некаде до кај 500-600 толку имам собрано. :)
    секоја идеја е добредојдена.
     
  18. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.522
    Пол:
    Женски
    мислам дека некоја убава долна облека би било доволно сопакувај ја во убавка кутија со порака за твојата прва брачна нок (малку да се насмееме) и толку јас тоа би и го поклонила
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. keti.gjorg

    keti.gjorg Нов член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Незнаев дека има ваква тема, баш ми е потребна помош во моментов, братучедка ми се мажи а незнам воопшто како функционираат овие работи, а многу ми е блиска и со сестра и сами треба да го организираме ова, навистина незнам што да правам ... Ве молам помогнете ми, фала. :$
     
  20. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно.... јас сум за без претерување ако веќе се организира нешто, но вие треба најдобро да си ја познавате. Сте правеле ли макар одоколу муабет какво мислење има таа на оваа тема? А лично јас би ти рекла, резервирајте ресторан, купете венчиња за на глава (а ако имате повеќе пари за давање можете и маички да испринтате), вечера со винце, торта ќе купите и то је то. Секако нека биде културна, и јас сум против пенис тортите и слично (баш не ми се вкусни за личност која треба да направи толку сериозен животен чекор како бракот), така да нека има натпис како "Bride To Be" или "За најубавата идна невеста и името", датумот на венчавката или пак многу други работи кои ги знаете за невестата и можете да ги искористите, ова беа само мои уникатни идеи инаку не сум видела вакви торти :D но мислам дека е добра идеја и дека е мнооогу подобро од веќе избледените и одвратните пенис торти. :D Пенис торта за заебанција меѓу другарки на роденден и слично повеќе ми прилега отколку на моминска вечер искрено, ние на другарка за роденден и имаме порачано. :D

    Исто така за после ресторан ако имате прилика да отидете на караоке е многу интересно, ќе и посветите некоја песна и можете и да кажете збор-два нешто убаво за идната невеста. :) Истово може и ако отидете во ресторан со жива музика, мислам уште подобро. :) Со среќа нека е на идната невеста. :)