Пенис торти и колачи кога ќе видам на некоја ваква забава ми се крева косата! Мислам сериозно, зошто побогу? И венчињата ми се веќе клише али ајде! Идеална забава : јас и најблиските другарки на викенд ( по можност во странство ) дооооообра музика и наши хитови од 2004 до денес, вино - не во големи количини, една вечер журка, другата вечер муабети и смеење до касно вечер. Е сеа тоа е за мене идеалната забава, а како ќе испадне во реалноста тоа ќе видиме
Ја добивам алергија од моминска вечер у маички , балони, венчиња, торти со чудни форми, уште по чудни натписи на маички ...... МАСКЕНДБАЛ е тоа за мене Ама тоа е..... American dream ...
Да се пофалам и јас неодамна ја имав својата прва моминска вечер. Секако не моја, да се разбереме! Нејсе, мојата повозрасна другарка не покани два дена претходно нели како што е редот. Јас па возбудена тој ден шта да ви причам, небаре на лото сум добила. Па, како резултат на таа моја неконтролирана еуфорија си добив несразмерно исечени нокти, една полуисчупана веѓа, и локни у Тина Тарнер стил. Ама ај бидна што бидна подготовката, дојде време да тргнеме со другаркиве, ја собравме тортата ус пат, купивме подароци и се упативме кон кафулево во кое бевме договорени со будучава невеста. Арно ама беља работа, истиот ден се трефна на една од другаркиве тетката со црвено ферари да ја изненади. Па така дур весело и безгрижно разгракани итавме по улица Македонија, се повеќе забележував како не одминуваат напалени тинејџерчиња со некоја подбивна зла насмевка, и така се дур мене не ми светна колку е саатот па решив да ја ѕирнам позадината на моиве другачки, кога кај една од нив ме чекаше право изненаџење! Што ќе видам, белиот фустан и се претворил во црвен! Па, како резултат на тоа доцневме и на моминската, нели за да се пресоблече.. А и за воља на вистината ама баш ,,ништо'' не пропуштивме освен ко од мајка роден келнер кој денсаше пред невестулево, еден куп пијани гости и скршени флаши сред локалот. Ама ете и тоа бидна. Се пожуркавме до доцните утрински часови па кој стаса дома стаса. Али сума сумарум фино искуство со исклучок на воа збиднување претходно.
И јас исто. Ако не е тортата со К.Р исто како да не е момачко. Getaway weekend со другарките е најдобро нешто.
Е колачи во форма на пенис - небаре на лото добиле купишта пениси. Да го јадеш и голтнеш, абе купи вибратор и тоа е за во уста, колку толку ќе се попалиш. Чаши со машни и сликички - можам и ја дома плукни залепи. Црвен фустан за моминска - да не ќе губи невиност??? Цвекиња на глави - се знае венче за што е, а за цвеќе за што е. Немам ништо против ама ова неиживеано не. Па и фалењето на фб, а повеќе внимание им даваат на тортички во форма на пенис. Пенис бее, како услуга дека друг пенис во животот нема да види освен домашниот. И се изгуби смисолост што е моминска вечер?
Ова веќе видено, она неизживеано, трето вакво, четврто онакво... И што е сега смислата на моминската вечер? Секој со различни желби и вкусови, секој со различни замисли и мислења, на крај се треба да се сведува на желбите на невестата. Во секој случај, креативноста не треба да изостане. Патем, се согласувам дека gеtaway weekend е најдобар избор, ама не секој може да си го дозволи
Какви идеи има за моминска вечер,еден куп.Многу ми е мерак и јас да направам.Само симнувам некои идеи од нет. Пред некој ден бевме кај една другарка па ми кажување како ја изненадиле неа со моминска.Навистина секоја чест.Ќе го памти цел живот тоа.Башка тоа е уште еден повод каде би се собрале сите блиски другарки на невестата. Баш интересно е,со венчиња,па торта интересна,па некои додатоци таму,па секоја другарка ти остава лична порака дали во писменце дали на пример на зид закачени (баш таков беше случајот со другаркава,на зид самолепливи ливчиња,и секоја од нив оставила порака за неа). Се на се одлично...
Мојата моминска беше организирана од старосватицата и сестра ми. Поканија 10 поблиски другарки на пијанка во кафуле во кое често одиме. Датумот и времето беа договорени, јас дојдов подоцна - така ми рекоа, а во меѓувреме имаа украсено со траки, цвекиња од хартија, стикери и сијалички за елка на батерии - преубаво. Подговиле мезенце - канапеи, апетисани, џели - шотс во портокали и купиле кап кејкс. Баш се израдував и сум благодарна за трудот што го вложиле. Се договоривме да не се трошат за подарок, но сепак ми купиле обетки (прекрасни) а од најдобрите другарки и сестра ми добив „фото - дневник“ со сите глупости кои сме ги правеле откако се знаеме - ептен ме разнежнија. Навистина се памети моминската вечер, има и невкусни забави, да, ама оправдувам со тоа дека така сакала невестата. Мојава баш ми ја имаа направено по моја мерка и вкус, и секако нивни, затоа што си заминавме дома во 7 изутрина и токму затоа советувам секоја идна невеста да си има една собиранка со девојките кои и значат.
ејј ова со фото дневник многу добро е.Слики сто имате заеднички и плус секоја нешто да пишува.Ауу многу добра идеја.Кога ќе спремам за другарките ќе направам и такво нешто.
Бидејќи прв пат ќе приссутвувам на моминска вечер, а воедно и треба да ја организирам, би ве замолила за конкретни идеи. Место, подарок, што се' ,,треба'' да има...
Прво список на гости, во консултација со невестата. После одреди си буџет. Ако треба собери пари и од гостите. Место - зависи каква музика сакате, секаде ќе ве примат. Допоплнително (и ако сакаш): Шнолички/венчиња за присутните, некое сендвиченце или грицки, балони или цвеќиња од хартија, список на „задачи за невестата“, подарок за невестата - нешто симболично (обетки на пример) и нешто секси (ако сакаш) - подвезица, лисици... МОРА: Добро расположение, насмевка, алкохол (или чај со рум, исполнување на желби на невестата
Мојата моминска многу убаво помина, убаво организирана од мојата старосватица Јас ништо немав врска, само знаев дека треба да се спремам за некаде се дотерав и ме однесоа во Инвино, имав едно 15 другарки, сестра ми, братучетки, сестра на мм.. сите успеале да се соберат иако скоро сите работат за сите имаше убави венчиња со бели цветови, а за мене убав долг вел и венче па пееше Миле Кузмановски, па јас баш со столчето до музиката цела вечер ајде за идната невеста, поздрав до старосватицата, кумата абе лудило хахаха (а не ни барав поздрави) па после ми донесоа торта многу убава со секси облека на неа (таква беше тортата со прслуче и гакички нацртано) и напишано Future Mrs.... Ми ја донесе келнерот со запалена голема жижица, прскалка како и да се вика и ми поклонија многу убаво ланче од Сваровски... (претерале малку, ама им напраив кеиф го носев на свадбата)
Јас не планирав моминска вечер, ама другарките ми спремиле Ама немаше маици со натписи, венчиња, тракатанци, бидејќи знаат дека првиот момент штом ќе видам такво нешто сите обележани се вртам и правец дома За мене имаше вел кој што го извадив првите 2 минути и една лента на која пишува Bachelorette. Тортата беше маж врзан за кревет а женската врз него Во принцип изгледаше како нормално излегување во кафана освен тоа што ми донесоа куп подароци секси долна облека, корсети, секси игри, лисици итн итн и не ме оставија денар да дадам за ништо што јадев и пиев.
Феминки, дали може да ми препорачате некое кафуле во Скопје за правење моминска вечер? Не сакам ништо помпезно, пренадуено, едноставно,сакам да направам една убава седенка со другарките.
Изработувам цветни венчиња за девојачки и други додатоци. Нарачки во инбокс. https://www.facebook.com/pages/Victoria-accessories/863821203656049?ref=hl
Zdravo, Dali imate predlog lokacii za SPA centar za devojacka proslava? Sega za sega znam samo edna lokacija (Gardenia Spa) a bi sakala da imam izbor, moze ima nesto podobro?
на мојата прва братучеда и спремивме моминска у Бугарија во еден хотел со базент.Бевме облечени во купаки само она носеше плус трака.Се изнапивме накрај се фрливме у базент ноќно капење.Убаво беше