Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моминска вечер

Дискусија во 'Свадба' започната од fs-fs-fs, 1 јуни 2011.

  1. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Женски
    Пвие да не мислеле дека е она што по филмовите го гледаме,, пробна вечера,,, а не моминска. Боже, ај оваа без обзир, но типов со која памет се заакал. Зарем го излажала каде оди????
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    Мене накако ми е глупо ова моминска вечер, ние со мажот ми се договоривме ден пред свадбата за последно да си излезиме во ресторан ме испрати до дома и преубо си поминавме интимно немаше ни многу луѓе во ресторанов ама баш убо пријатно. Мене глупирање ми е па вакви украси па незнам шо ти не па слики на фб родителите да ги гледаат со безобразни работи мене амаа башшш ми е ептенн глупо....
     
    На Aschenputtel и Оленка* им се допаѓа ова.
  3. Zenski Svet

    Zenski Svet Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2016
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.199
    Смешно е што и маживе почнаа да припаѓаат за момачките
     
    На Cinderfakinrella и BlackNight им се допаѓа ова.
  4. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Типот беше присутен кога зборевме дека утредента ќе правиме девојачко (невестата им ги даваше поканите). Така да, будали испаднавме ние и никој друг...
     
  5. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Женски
    Страшно!
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Сега актуелно е момачкото другарите на момчето да му го организираат во Бугарија во Банско.
    Едно ноќевање, со танчерки...
     
    На Mr. Right, sanjaeva и Petar80 им се допаѓа ова.
  7. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.078
    Пол:
    Машки
    Море како си упатена во се Рефке браво.
     
    На Bozica1980, Mr. Right, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  8. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.145
    Допаѓања:
    50.523
    Пол:
    Женски
    Е да сега тоа е актуелно.
    И на дечко ми другар ќе се жени и сакаа ергенска да му прават во Бугарија, ама не се нешто договорија.
    Јас пак се чудам зошто во Бугарија оно да ти било за танчерки. :D
     
    На Cinderfakinrella, sanjaeva, Petar80 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Женски
    Дека немало тука танчарки...
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Во лето посебно ефтино е аллл инклузив сместувањето во Банско.
    Ке се испијанчат и утредента цел ден - лешеви:lol::lol:
     
    На Mishela, duffi, Cinderfakinrella и 2 други им се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.213
    Допаѓања:
    111.929
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е ништо глупаво кој како си смета така нека биде. Мојата не беше со курови и слично имав превез за сликање и послем си се подиспијанивме со жените се расположивме и си отидовме. Поклон ми беа бели чорапи со чипка горе престилка за готвење и сукало :lol::lol::lol: интересно беше. Синоќа братучетка ми ми праќа прин скрин од разговор каде се договараат за девојачко на некоја другарка таму и читам (другарка некоја и пишува на братучетка ми) “украсувањето на масата од цвеќарата е 6700 тоа ќе го поделиме на 15“ е тоа е веќе многу а сигурно има тука и поклон за невестата па некое благо мафини или торта па трошокот од пиењето и слично многу е што е многу. Се можам да прифатам ама да нема претерувања сепак се тоа трошоци, а потоа следува и свадба за која исто треба да се даде поклон секако.
     
    На Shalitra му/ѝ се допаѓа ова.
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.137
    Мојот во Благоевград или Софија одат. И вели поефтино минуваат отколку тука.
    Ме врти ли кој знае . :D

    А и мојата беше таму во близина . Без торти и гаџети. Само забава со друшките.
     
    На Bozica1980, Cinderfakinrella и referentka им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Ма танчер имаше ли кажи..
     
    На Bozica1980 и duffi им се допаѓа ова.
  14. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.554
    Пол:
    Женски
    Ниту ќе правам, ниту ми се допаѓа моминска/момачка. :D Единствено нешто што би прифатила е baby shower за да не ми идат повојничари после дома за бебе :lol:
     
    На Shalitra и Petar80 им се допаѓа ова.
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.137
    :nod::$И танчер и танчерки.
    Ама културни си бевме.:!:
     
    На Dadusicka, Bozica1980, Rebecca_R и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    Врв на безобразлук:
    Невестата си организира викенд девојачко во Грција каде што поканетите другарки си плаќаат сами сместување, превоз и испечатени исти купачи. Кога ја прашале невестата што сака поклон (за девојачко) фраерката си одбрала накит од 100 евра. Ги обврза другарките да бидат сите во долги исти фустани (демек bridesmaids )кои исто така си ги платија сами и нормално секоја од нив однесе поклон на самата свадба.
    Јас да бев поканета на свадбава- немаше да одам. Пази ја, Бога ти, уфилманава невеста што очекува за нејзината dream wedding сите да одвојат по 500 евра.
    Немојте бидете такви себични, да си го терате филмот на трошок на другите.
     
    На Haritiela, Feminka88, blueberry23 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Ја како што знам другарките го организираат "девојачкото". :?: Сите униформирани китенки, дијадеми, маици или фустани ги плаќаат другарките, но ги прават според нивен буџет. За подарок не се прашува, ама најчесто се одбира долен веш, нешто симболично.

    Моја замисла е дека невестата не треба да знае ништо за организацијата, туку да дојде на настанот и да биде изненадена.

    На свадба сум поканета и ќе одам, на таква моминска вечер - дефинитивно не. Јас немам такви другарки и навистина не можам да замислам какви се тие личности воопшто.

    Едит: те цитирав тебе, но верувам дека има многу такви личности. Штом другарките не изреагирале никако, тогаш не им било проблем.
     
    На Bozica1980, Cinderfakinrella и Dadusicka им се допаѓа ова.
  18. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    Има амбициозни невести ;) Како после ќе и се препричава свадбата... Се ок, нека си организира сама, ама и нека си плати сама.

    Дали и како реагирале пред неа- не знам, ама од неколку нејзини другарки ми е муабетов. Се развлече работата после свадбата, дел од друштвото им се растури, наводно поради "захтевната" невеста.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Арно велиш, се е фино изрежирано, но битен е моментот: кој плаќа за тоа задоволство. Ако сака она може и во Париз да ги води, но на нејзин трошок.
     
    На Bozica1980, BlackNight и Avery им се допаѓа ова.
  20. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Женски
    Верувајте има такви невести кои мора да имаат моминско надвор од градот во кој живеат, државата, на Бахамите или не знам каде зошто нели моминско било... Абе и таа да плаќа, побогу за пат се работи, луѓе имаат планови, деца, бракови, обврски, не можат да си дозволат викенд некаде само зошто госпоѓицата наскоро ќе се мажи, па морала да се журка како да е крај на светот. Што е најтрагично не е фокусот на дружбата, туку на чаламот!
     
    На Flower123123, Bozica1980 и Gosh им се допаѓа ова.