1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Момци со деца (Guys with Kids)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од alekce83, 29 ноември 2012.

  1. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Сосем случајно налетав на серијава и право да ви кажам ми остави интересен впечаток.Се работи за тројца другари Крис(има малечко синче, разведан е и пробава да се состанува), Зек( татко на две деца и женет со Емили, пробуваат да најдат слободно време за нив двајцата) и Гери(најитересниот, црнче со 4 деца, од кои две се близначиња).

    Серијата е релативно нова, има излезено 9 епизоди до сега.Мене лично ми е интересна, има многу комични ситуации а најинтересно ми е тоа што до сега нема направено слична серија, за тројца 30 годишни татковци со деца.

    Ајде ако некој е расположен можеме да си размениме мислења.(епизодите траат по 20 минути, таман за една во денот да ве насмее) :D

    Видете ја сликава и сигурна сум овие слатки бебенца но и татковци дополнително ќе ве зинтересираат
     

    Прикачени фајлови:

    • main.png
      main.png
      Големина на фајлот:
      241,7 KB
      Прегледи:
      121
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Момци со деца-Guys with Kids

    Не дека е нешто посебно ама почнав да ја гледам, и не е толку лоша за да ја прекинам, иаку очекував да се најде на листата на укинати.
    Концептот им е онака, ништо посебно, но има смешни моменти.
    Најсмешна ми е Марни и децата :rofl: па и сиротиот Гери, луд се како семејство.
    Најдосадни и некако како исилени - Крис и Шила.
    Најнеинтересни ми се.
    Ник и Емили ми се океј, си имаат моменти.
    Уште не се знае дали ќе ја продолжат, но веројатно ќе има фул прва сезона.
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG]
     
  3. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Момци со деца-Guys with Kids

    Јас пак веднаш откако видов дека ќе почнат да ја даваат, одма знаев за што ќе се работи. Штом и деца има вклучено, треба да биде добра.

    И да, добра е. Ги немам изгледано сите епизоди, стигната сум некаде до 5-6, утре ќе ги догледам сите.

    Во овие епизоди што ги изгледав многу ми се допаднаа, знае да насмее секоја епизода, за разлика од други серии каде не се смеам ниту еднаш. Затоа гласам за серијава, ја препорачувам.

    Животот на тројца пријатели со нивните деца и жени, секојдневието и тн.

    Само ме интересира, што работаат? До сега во овие епизоди не кажаа ништо, како цело време да се дома и деца чуваат :D :D

    Најинтересен ми е Ник :D улогата му е баш вклопена со неговиот лик.

    [​IMG]

    Баш уникатни се. :D