1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Момчето во пижами на риги (Џон Бојн)

Дискусија во 'Книги' започната од N1ky, 29 јуни 2012.

  1. N1ky

    N1ky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    26
    Ако почнете да ја читате оваа книга, ќе тргнете на патување со деветгодишното момче Бруно. (Иако ова не е книга за деца.) Раскажана од перспектива на Бруно, оваа книга на моменти е смешна,на моменти детски наивна, на моменти искрена како што знае да биде само дете и постојано полна со надеж и пријателство.

    Патувајќи со Бруно,вие ќе мора да го напуштите неговиот удобен дом во Берлин и да се преселите во новата куќа,каде што неговиот татко,еден од командирите на Хитлер,има многу важна задача.Бруно ќе биде тажен,осамен и ќе нема со кого да си игра,па ќе Ве поведе на пат кон оградата зад која има „фарма“ полна со луѓе и деца во пижами на риги.Она што тој не го знае е дека „фармата“ воопшто не е фарма,туку логор и дека чадот од големите оџаци не е ѓубре, туку...
    Доколку сте запознаени со Холокаустот(а верувам дека сте) мислам дека ќе ви биде јасно за горе напишаното.


    Мене книгата ме воодушеви , дури и на крајот ме расплака. Со своите 222 стр. се чита во еден здив и на крајот ве остава без здив. :) Топло ви ја препорачувам.
     

    Прикачени фајлови:

    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Баш сакам да ја прочитам книгава, одлични критики прочитав. Е сега ако може да ми кажеш каде да ја најдам? :)
     
  3. N1ky

    N1ky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    26
    Па јас ја зедов од градската библиотека, ама не сум од Скопје.Така да би требало да ги има по библиотеките или книжарите(доколку сакаш да ја купиш). :)
     
    На M.a.r.i.l.y.n му/ѝ се допаѓа ова.
  4. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Oд сите книги кои ги прочитав во распустот, оваа книга ми остави најголем впечаток. Ме лазеа морници кога го читав крајот, воопшто не очекував таков крај.
    Сите кои ја немаат прочитано, топло ви препорачувам одма да ја земите и да ја прочитате. Одлична е!
    Јас ја зедов од Градската библиотека во Битола :)
     
  5. Cija-si

    Cija-si Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    50
    го има и како филм, кој сака може да го подледне, јас го имам гледано неколку пати, порано на НВО го пуштаа стално... перфектен филм

    http://www.imdb.com/title/tt0914798/
     
  6. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    од кога првпат слушнав за книгава и влегов во трага ! Летово ја најдов и ја прочитав и ептенски ми беше интересна... пишувана на таков детски стил а толку зрела и сериозна приказна . крајот ме трогна дефинитивно не очекував нешто такво...но тоа е што е... Шта је од Бога добро је
     
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    21.765
    Пол:
    Женски
    Јас го гледав филмот одамна, и многу плачев. А има и зошто, навистина тажна приказна. Трагедија за едно германско семејство. Верувам дека книгата е подобра од филмот. Баш ќе ја побарам. :)
     
  8. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.583
    Ја прочитав.Не очекував таков крај.Воопшто
     
  9. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    12.536
    Пол:
    Женски
    Многу добра книга. Книгата нема голема фабула,а со оглед на тоа што главен лик е 9 годишно дете,книгата е лесно читлива и го задржува вниманието. Ја прочитав во еден здив. Солзи ми надојдоа кога го читав крајот,навистина верувам дека никој не очекуваше таков крај.
     
  10. chamomile

    chamomile Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    7
    Ја немам прочитано книгата, но го имам гледано филмот. Не очекував таков неправеден и потресен крај, а бидејќи го гледав навечер, после него долго не можев да заспијам. Го препорачувам да го гледате, но не навечер пред спиење :mm:
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Оваа е прва и единствена книга со која ми се случило да ги препрочитувам последните страници. Каков крај... Целокупната приказна е врвна. Тажно, затоа што опфаќа вистински настани, не` носи во едно друго време и ни прикажува животни приказни кои будат емоции.
     
  12. Persephone

    Persephone Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2019
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    25
    Ја прочитав пред околу 3 години и сеуште ми стои грутка во грлото. Мислам дека ова е една од оние книги кои ме променија. Откако ја прочитав доста време бев опседната со книги околу холокаустот.
    Според мене сметам дека треба да биде воведена и како лектира, апсолутно секој треба да ја прочита!
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Лектира е, мислам ја обработуваат во осмо или деветто одделение, така некако.

    И мене ми беше прекрасна книга, многу сакам историска фикција па едноставно немаше простор за утка.
     
    На Persephone му/ѝ се допаѓа ова.