Imam vpecatok deka maskite se plasat da mi prijadat neznam zosto izgledam ubavo sekogas moderno i srdeno,intelegentna sum studirma medicina zbavna ,no sto e problemot ? mn.mina od maskite me smetaat za ubava devojka .Podilgo vreme nemam decko a mn bi sakala .Pred edna nedela bev izlezena kako i sekogas top imase ede mn sladok decko koj cela ve4er me gledase i jas nego ama ne mi rijde zosto? Zbunuvacki e sto maskive ednostavno "se palat i se vrtat" na lesni devojki glupi i rasipani kako da nesakaat da imaat ubava i pametna devojka VE MOLAM POMOGNETE MI ZATOA STO GUBAM NADEZ BI SAKALA DA ZNAM AKO IAMTE NEKAKOV SOVET POMOGNETE MI
Фали ме усто да не те расчепам... Јас не добив впечаток дека се работи тука за исклучителна личност,ниту пак особено речита...освен површна и фокусирана на изгледот,средна,топ,фенси,шменси,а и многу ме занима како тоа се плашат да и пријдат затоа што е паметна и студира медицина гледајќи ја само надворешноста?! А друго е ако видот на мажи кои ги бира се како на аватарот,тогаш не ми е ни чудно зошто не придуваат... Надеж била изгубена туф,туф...ако си толку сигурна во своите квалитети,паметна,убава,тантара,пантара...таквите не бидуваат немажени,зошто се паметни...освен ако не одлучиле да останат цел живот сами.
Срцка да си го спуштиш носето најдобро ќе е Според ова што го напиша,звучиш како некој тежок нарцис и за тебе никој не е доволен Спушти се малку на земја,види што има околу себе.Т.е. тргни се од пред огледало,ти штети.Извини ако ти звучам грубо,ама таков впечаток стекнав.
Devojce nemoze site da te izbegnuvaat za nisto , me svakjas , jas ne osporuvam deka si ubava samo ostaj drugite da kazat za tebe , obicno maskite nesakaat arogantni smizli i prcli i zatoa na takvite ne im priogjaat , ajde smeni go pristapot pa ke vidis kako ke idat rabotite!
Тоа обично им се случува а оние што глумат недопирливи. Ако ти е ставот Газам се пред себе... нормално е дека никој нема да сака да ти пријде. И да те опоменам, внимавај малку на правописот, не ми изгледаш како некоја наобразована... секој втор збор ти е згрешен. Всушност, збориш ли ти убаво македонски... зборчето што треба да биде пријде на три места различно го имаш напишано.
Se soglasuvam , a i nemozes za nekoja devojka da reces deka e glupa i rasipna samo zatoa sto nekoji priogja poveke odkolku na tebe , site imame razlicni kvaliteti koi na nekoj od drugata strana mu se privlecni!
Јас да ти кажам искрено добив впечаток дека си исклучително глупава и површна личност. Прости ако грешам
Ама го нападнавте девојчето.. Кажала што кажала не туку одма критикувајте и етикетирајте дајте некој совет или мислење ако не немојте.А за Кјара..е па машките се плашат на некој начин од убави и паметни девојки..И ако евентуално се држиш на некоја дистанца им делуваш недопирлива и реакцијата е таа, тешко некој ќе ти пријде.Пробај да си опуштена, другарски расположена па дури и сама пробај да пружиш рака на познанство и да искомуницираш со некој дечко.Многу ќе помогне ова кога ќе види дечкото дека си приступачна, отворена за разговор и дружење, нормално со доза на недопирливост...ќе пријде без проблем.И важно биди скромна кога кажуваш што и да е за себе.Повеќе ценат..Остави другите посебно машките да кажат за тебе пофалби.Со среќа
Интелегентна? Образована? По постот твој не би рекла. Ако толку сакаш да имаш дечко.. зошто едноставно ти не пријдеш некому прва? Или не се згодни како типците од аватарот?
се согласувам со Lilit ако била образована можеби ќе го напишела постот како што треба,и не мислам дека женската е многу површна и нарцисоидна
Кога пишувате тема ако веќе сте ја напишале на кирилица и воведот треба да биде на кирилица и почитувајте ги правилата на форумот. Во уводниот дел има многу печатни грешки, латиница е, зборовите се неправилно напишани и после точка се пишува ГОЛЕМА буква , а и пишувајте целосни зборови за да недојде до некоја забуна. Ако не сте информирани прочитајте овде http://forum.femina.mk/soopstenija/koristenje-na-kirilica-i-pravila-za-pisuvanje-na-mislenje-t747/
Епа што е со тие машки? Или тие тебе не ти чинат !? Инаку не те познавам и не можам многу да те посоветувам, ама претпоставувам дека можеби си дигната девојка. Па затоа машките да се плашат да ти пријдат, од страв да не бидат одбиени и засрамени. Сепак ти знаеш што е и како е. Во секој случај не губи надеж, ако не друго ти пријди некому прва, немаш што да изгубиш
Не можеме да и судиме само со еден пост дечки , секој може различно да и го протолкува постот, а јас си мислам кој знае што се крие позади ова што е напишано Немој некој да ме сфати погрешно,прво кога го прочитав помислив има ли сигурно 22 или 12? Можеби е некој тинејџерски нагон, сака да има дечко и измислува тука приказна, а гледам и нова е и има само 2 мислења. А да не е можеби машко? Гледам слика со некои типови па пробува да не зафркава. Се може да си биде Кјара не се лути гласно размислувам ко ќе се доискажеш ќе прокоментирам иако не сакам да давам љубовни совети.
Постов на KYARA личи на се освен на прашање поставено од зрела, образована, интелегентна и самоуверена девојка. Не знам што да прокоментирам, не можам ни да и судам се додека не пише пак во темава за да одговори на сите прашања поставени претходно и се додека не даде објаснување за ваквиот чуден пост...