И јас, се изнасмеав пред некој ден, од Спотифај ми стигна мејл дека сум била во топ 5% во свет што ги слушале HIM последниов месец! Виле форева!!!!
Ако го нема објавено некој: „Немам прототип на жена која ми се допаѓа. Секоја жена ја сметам за убава. Сакам многу слаби девојки, но и девојки со изразени облини. Го сакам женското тело. Како и да е, сакам убави девојки, ги сакам сите“, вели тој, додавајќи дека своето прво сексуално искуство го имал на 13-годишна возраст со постара девојка и призна дека отсекогаш го привлекуваат постари девојки. Лелеее, постари сакал. Душа. Еден плус за мене, а минус дека сака убави.
Од све живо што исчитав за Дамиано нема никакви податоци за неговото семејство затоа што строго ги чува во тајност, има и брат, а иначе на пресконференцијата кажаа дека тапанарот го нашле преку интернет
Спојлер: Hell to the yes +1 Човече, каков поглед има, грр! Во време кога концептот на оригиналност е одамна надминат, мислам дека е излишно да се споредуваат со Боуви и Симонс, па и Џегер. Океј, инспирацијата е очигледна ама Монескин се автентични! Штом за релативно краток период имаат ваков вртоглав успех толку млади луѓе, посакувам да творат уште долго, дооолго зашто имаат што да дадат. Ептен ми се допаѓа каква лудачка енергија имаат. Il ballo della vita мене воопшто не ми звучи на првенче, напротив. Бунтовност и дозирана агресија - одлична спојка се, фантастична синергија. Каверот на Vengo dalla luna; Le parole lontane, L'altra dimensione, Lasciami stare, Lividi sui gomiti, In nome del padre, La paura del buio постојано вртат на spotify.
Ако е дете на доселеници, уште повеќе браво. Ќеф ми се такви успешни приказни. Ама којзнае. Мене повеќе ми личи на Италијанец, има староримски профил како од монетине, хахаха. Мада чудно ми беше тоа што не можев да му најдам презиме на нет, не му е белки Давид презимето....