Колку само не. Останатите ми се чини ко од сожалување да ги викнал со него во бенд...оти другарчиња од мали Женската посебно и оној плавиот толку обични и неавтентични. Еден е ѕвезда таму. За денес
Женската и плавиот го основале бендот, а тој е викнат Иначе се надевам нема да се растурат како бенд, јер бендовиве немаат долга историја
Обично помислува најпопуларниот од нив, најчесто пеачот т.е го убедуваат продуценти и остали дека сам ќе направи многу повеќе. Многупати видено досега. Само, тоа е обично во бендови каде сите се пеачи па тој што најмногу се истакнува се дели (поп бендови претежно). Тука очигледно не му се конкуренција останатите, ко статични играчи се, но ако не се истакнат со тек на време можно е да ги напушти пошто му рушат просек.
Колдплеј е рок бенд од 1996 година и уште опстојува. Баш да видеме да им дадеме време. Се надевам нема и славата да ги удри у глава. Ќе ми биде криво ако се распаднат. Оти се навистина нешто најдобро последниов период и поразлично.
Така убав и добро граден, тешко дека немаше да биде забележан. И не може да беше “обичен човек“ со таа вонсериска харизма Импозантен е како што не се многу други пејачи и јавни личности. Јас само него го гледам, другите од бендот не ми се интересни ко појави. Сори. Мада добра авторска работа вршат, I guess (велат дека е нивна заедничка)
Моите омилени Ред Хот не се распаднаа од век и веков, добро менуваа некои членови. Да, рок бендовите подолго опстојуваат од поп. За овие имам некои безвезе чувство, што се надевам дека ми е од страв да не се распаднат, ама мааалце треба да подзабави лидеров, да не е ко оние брзо што прегоруваат. Другиве членови не дека не ми се срцки, ама дааалеку се од него.
Добро е, не сум единствената од овде што му праќа срциња ко тинејџерка.. Btw си го сменив рингтонот на телефонот да ми ѕвони на I wanna be your slaveјас што сум онака повлечена...Одлепив
Ухх... ве најдов конечно кај сте се собрале. Еве ме и мене со мало задоцнување Дечкиве не ми се новитет, ме запозна со нивната музика братучед кој живее таму и случајно ги открил и се опседнал со нив. Ги преслушав уште тогаш ама некако бев со мислата "уште еден млад предобар бенд кој за жал ќе остане незабележан од светот". И Voila! Се израдував многу кога ги видов дека ја претставуваат Италија. Не следам Евровизија и не ни знаев која држава каква песна има, ама ептен ме израдуваа Måneskin и Hooverphonic со настапите. Конечно малку освежување на тој ултра монотон настан. За победата, се радував како да сме победиле ние Ги сакам, одлични се! Да останат такви какви што се, тој ретро вајб што го држат од музика до облека, до филтри на слики, да не се менуваат ни под разно, под ниту еден услов или притисок од менаџери, јавност, медии. Некако премногу ми се поврзани на higher level за да се распаднат толку брзо. И за крај, да не се лажеме, сите сме тука за еден посебно Спамирам....
Måneskin на Viral 50- Global Spotify: 2. Zitti e Buoni 5. I wanna be your slave 18. Coraline 27. Torna a casa 31. Beggin' 38. For your love Måneskin на Top 50- Global Spotify: 11. Zitti e Buoni 26. I wanna be your slave
Мене само не ми е јасно како може по фејсбуци и коментари сите да пишуваат хејт коментари па вакви биле па онакви па пе*еровизија било .. а песната 1 во трендинг Не знам тогаш може тетка ми од Америка дека има македонски пасош да ја сметаат во овие што го гледаат видеото на риплеј од Македонија.. ах бре македонче
Затоа Zitti e Buoni e #1 трендинг на Youtube во Мк, а до вчера беше #12 настапот во живо кај WiwiBloggs на Zitti e Buoni и I wanna be your slave