Како обожавател на рок/метал музика многу ми е мило што за прв пат после не знам колку години се појави рок жанр на Евровизија. Монескин скроз заслужено си ја зедоа победата. Не пратам толку активно Евровизија последниве 4-5 години, ама специјално за Монескин годинава ја пратев драмата.. Иначе, Итан е мој, сакам долга коса на мажи, се разбира ако добро им стои, на Итан на пример...
Мене па најинтересни ми се овие што прашуваат зошто победиле, демек ради изгледот. Не е ради изгледот, заради енергијата која ја пренесуваат е, буквално она што сите го викаат шарм, харизма, х фактор како и да е. Ја запалија цела Европа, big dick energy at it's finest. И со самото тоа каква и песна да пеат ќе направат забава, затоа не е само победничката песна убава, туку сите нивни песни. Најблиску до нив во енергија ми беше Марув од Украина во 2019. Штета, најголема штета што самата држава и го скрати правото да се натпреварува. Гарант ќе победеше, како што Манескин ја освоија цела публика со појавата, истото и таа ќе го направеше. Најкатастрофалната одлука што Украина ја донела на музички план. Трета победа ќе си однесеа дома.
Исто Инаку, нели поентата е Евровизија да го отвори патот на победникот кон европска и светска сцена? Макескин веќе успеа во тоа
Плус да додадам го напаѓаа Дамијано заради она со кокаинот демек. Будала е пред 9845096 камери да шмрка. Имаше од друг кадар слика дека имало падната чаша и тој ја собирал. Не можам да ја најдам. Истите тие хејтери се пијанчат на мрсникот Аца Лукас и Цеца.
На прва јас не кликнав на нив. Јас сум по поп и аренби повеќе, ако се земе во предвид дека Бијонсе ја обожавам. Но неговиот моќен вокал, харизма и сексипил.. Па кој е имун на тоа? Сега му го манијачам профилот по неколку пати дневно, а сторито од бањата... Не знам колку пати https://www.instagram.com/p/CPf2ZYQNvoz/?utm_medium=copy_link
https://instagram.com/stories/ykaaa...ce=ig_story_item_share&utm_medium=share_sheet Значи не можам да опишам колку ми е секси со цигариве
Претпоставував дека е согласка што не се изговара во македонскиот, а ни во италијанскиот со оглед на тоа што истите ги имаме, па затоа и ни се слуша А кога Дамиано ја претставува групата. Сега гледав на кратко видео, никако не е А, туку долго О, вика буквално устата внатре да добие округол изглед и јазикот да се постави што поназад. Нивниве песни ми разбудија многу емоции, одамна не ме допрела вака музика, мислев дека толку, не може да се појават некои такви
Каква бре асиметрија. Колку повеќе го гледам, толку поубав ми станува. Како ангел е. Опседнативе хејтери ќе пукнат од мака што не се ниту приближно убави и талентирани. Втора недела брујат, наместо фино, културно, да слушаат квалитетна музика. Мене од сабајле само неговиот глас ми се врти во глава, не можам више да се одвикнам.