Уште кога ги видов ми беа апсолутни фаворити и реков нема боље песна годинава Мислите за господинов кај идат боље да не кажам хахахаха... Туку ме интересира, бидејќи воопшто не разбирам италјански, а си ја слушам песницава нонстоп, знае ли некој кај можам да најдам превод на песнава (бар на англиски), евентуално некој тука љубезен да ми ја преведе
Дечки што не пренесувате вакви работи, цц страм да ви е Да ги знаев од лани, карантините и сите стресови поинаку ќе ги поднесев Прекрасни се Манескин. Особено последниот албум им е препресовршен. Дефинитивно бенд на кој би ги потрошила и последните пари за да ги слушнам во живо. Иначе Манескин биле и пред Евровизија доста познати во Италија, особено кај помладата публика. Кога на некој италијански новинар му поставиле прашање колку биле познати Манескин во Италија пред Евровизија тој му одговорил дека тоа што настапувале на концертот на Imagine Dragons во Рим а патем тие биле воодушевени од нив, доволно кажува. Јас им предвидувам светска слава и дефинитивно нема да бидат така лесно заборавени после Евровизија. Зрачат со енергија, младост, живост и некоја невообичаена заразна мелодија а тоа е се што му треба на секој млад човек. Дефинитивно се гледаме на некој концерт, па макар бил и во Тунгузија Викам млад човек а би ги слушала и на 30 и на 80 год
Се затрескав во Дамиано, го изманијачив максимално (син може да ми биде според годинкиве, ама пресекси и преубав). Zitti e buoni, не е нешто препосебен текстот, ама генерално ми се свиѓа песната, настапот, целата енергија што ја даваат.
Срам ме фаќа од работите што им ги коментирам по социјалните мрежи, ко некој сељо на слики од убави девојки се осеќам. Да ме види некој што пишувам од страна во установа ќе ме затвори, евентуално забрана за приближување ќе извади. Нека ми земе некој телефон и во Киргистан нека го фрли и и мене нека ме фрли таму да не го гуглам.
Не слушам ваков тип музика, но евровизиската песна ми се допадна многу, на repeat ми е од финалето наваму Може ќе им дадам шанса и на другите нивни песни. Симпатични се, харизматични, малку ексцентрични, а тоа ми се допаѓа многу.
Итан бубњарот ми е легенда, гледајте го видеово. Колку е само посмирен од другите, вака се: Дамиано Викторија Томас Итан
Me пресмеавте бе луѓе со коментарите. Да сте ми живи и здрави. Обожавател сум на ваква музика па групава ми дојде како 1 на 10. Дамијане човече, Дамијане. Тебе би ти дозволила се да ми правиш. Одлична песна, одличен сценски настап иако не сум баш некој фан на евровизија ама си реков да дадам шанса на некои песни. Ова ли е тоа што го викате љубов на прв поглед? Ме нанервираа со скандалот поврзан со кокаин. на раат да не може да ужива у победа. Еве зошто ја сакам Италија.
Not to be dramatic ама бендов е нешто најдобро што ѝ се има случено на Европа од почеток на 2020 па навака, после сите потешкотии со пандемијава и сѐ тоа. Со право стануваат атракција низ цел свет - на Spotify Global се 9ти, добија и признание и честитки по социјалните мрежи од големи рок ѕвезди како Skin од Skunk Anansie и Alex Kapranos од Franz Ferdinand. Им ги ислушав сите три албуми сосе настапи/лајв верзии и кавери што ги најдов, а и интервјуа, толку се опседнав што цел explore feed на инста ми е со нив Срцки се и во секојдневен живот, скромни, природно кул и пресмешни. Ми се допаѓа естетиката и бунтовната енергија во песните, а и кршењето на родови стереотипи. Преатрактивни и харизматични се сите, а гласот и појавата на Дамиано е on another level Првпат да се затрескам во позната личност помлада од мене, он две години е а другиве дури 3-4, they make me feel old За @KateKane и сите со dirty мислите за него, двете нај...кхм песни
@Someonespecial не да се затрескав Ем помал ем вака во славна личност не ми се десило Ептен сум опседната деновиве шо мислам дека не е на арно Какви перверзи па му мислам е друго Цел ден и навечер се само нив Еве од Икс ФАктор. Како игра мачето на шипка мх мх Гласот па
Koга открив колку се малечки уствари подзината останав. Damiano ми е бебе, значи не памтам од кога вака се имам оспеднато со лик, веројатно од тинејџ години Ама стварно е движечи секс. И целата група општо заедно многу се совпаѓаат, си имаат изградено стил на тие години што е одлично. Гледав видеа кога настапувале на почетокот на улица, какви се малечки, слатки. Многу ми е жал што им направија таков скандал со дрогата, иако стварно многу личи ама е технички невозможно. Гледам дека е најслушана италијанска песна, и сум Браво за дечкиве, стварно. Многу, многу успех им посакувам, се надевам дека ќе ги чуеме и во живо, и дефинитивно сум им фан, и се си преслушав.
Марлена им е нешто ко Дани што им е на Ред хот чили пеперс. На Икс Фактор бил бонбонче, ваков клод без тетоважи ми е уште посекси