Би требало да има лајф сега на Монескин и Евровизија акаунтот што е.. Бтв го видовте ли последното стори? Прекрасно
Колку е само прекрасен и негуван. Стварно неговата кожа има мазен сјај право бебе. Згора на тоа е преталентиран и роден да ја доминира сцената, многу ми е мило за него и што беше препознаено и испочитувано она што го сработил досега. Едвај чекам да слушнам нова песна од неговава група.
Оној со долгана коса тапанарот ли беше ми личи на травестит. Имаат добри песни навистина ама нз што толку полудеа сите по нив Дамјано е симпатичен ама ништо посебно.
Тоа е до вкус. Јас не сакам набилдани мажи надуени или плочки нардени, веѓи потенки од моите, засукани фармерки над глуждови, тоа е врв мислам не можам да замислам ... а некои сакаат. Дамијано и со шминка и штики има посебна харизма, таков сексипил, типот зрачи. Па каков глас има, тоа да не коментирам. На некој најубавиот му е грд, на некој и најгрдиот му е убав, вкус.