Можи ти за некој не си убава. Како бе може да коментирате за туѓ изглед? Совршени сте? Немате маани? Транвестити биле, грди биле. Не ги гледајте, решен проблем. Само да се хејтало.
Леле, колку креативно. Aнфас е совршен. Килажата идеална. Во никој случај не е преслаб, мускулатурата е нормална, баш таман. Нема како да се оспори неговата убавина според мене. Сеа, на кој му се бара раска во јајце, тоа е друго. Темава во музика беше фановите да коментираат, или нешто сум грешка?
Ооооммггг оваа иста ко мојата плејлиста Деп, Виле секогаш ми биле најголема љубов меѓу сите артисти, глумци итн. Ноооооо, сега италијанецов им се приклучи
Така - можиме. Ко шо може некој да каже колку е убав, заради тоа и тоа, така не има такви кои ќе си кажиме зошто не ни е убав. Ај сеа ќе припаѓаме во несвест како може на фана да не му е убав, па боди шејминг па трансови па чуда ....
Не ја гледам поентата да кажувате кој каков изглед имал а први сте по темине ако ве навреди некој. Вие си знаете.
Се што е "неправилно" во општеството мене исто баш ми се свиѓа и баш е кул што некој шо се издвојува од стандардите за онаа општо прифатена убавина вака доби симпатии од луѓето. Дамјано ми се свиѓа повеќе како талент да бидам искрена отколку за изгледот, но мислам дека за едно 10тина години баш убав маж ќе биде, сепак ептен е млад, мислам дека убаво ќе "старее". За музиката немам збор, премногу ми се свиѓа и ми се допаѓаат јавните настапи, како пакет мислам дека е супер млад нов лик што се појави и ќе имаат доста убава музика ко група. Интересна појава е сепак. За навредиве што ги читам за неговиот изглед жално ми е што само обични дечки што во живо имаат сличен изглед ги добиваат истиве навреди, на Дамјано верувам дека не му е гајле толку за некој коментар во Мк или било кај, си доби слава и доста симпатии од фановите, се гледа и дека е сигурен во себе ама другите со ниска самодоверба цел живот си шетаат ради тие зборови, костур и нос за сечење бурек што не знам зошто уште се употребуваат за било кого, без разлика јавна фаца или не.
Што зборуваш, боди шејминг е само кога се работи за личност со вишок килограми. За некој со помалку килограми сосема е океј да го нарекуваш прачка, исушен, да го дувнам ќе падни, 30 кила сосе кревет, додајпожелба.. И мажите со помалку килограми се привлечни! Не секој сака набилдани батки со six pack, замислете. Патем, за вкусови не треба да се расправа, освен кога ќе почнат да фрчат навреди.
@Dream-Girl се сложувам со се што си напишала, и девојки и машки јадат срам, фрустрации зашто некој некогаш решил дека ваков или таков нос е грд, дека устата мора да е полна, телото одредена килажа, мене без трошка преправање секакви луѓе ми се убави. И Итан ми е појава, во лице не толку по мој вкус, ама со таа индијанска долга коса и одредени движења, смирен, има посебен шарм. И покрај тоа што тука зборам за изгледот на фронтменот пред се, групата ја сакам и почитувам заради музиката, за мене се откритие, од оние што се појавуваат еднаш во сто години. Таман работа да слушам одредена група зашто пејачот ми се свиѓал
Дојдов да кажам Итан да не го вреѓате, човекот е пресмешен, го обожавам Ми изгледа како баш некој за дружба такво човече. Иначе ок, не гледам ништо страшно да не ви се свиѓаат, ама не сфаќам ни зошто потребата да специјално дојдете да пишете "Не сфаќам како што, зошто ви се свиѓаат". Ако сите ни се на сите убави, имаме проблем Ама ако, искажете си се. Они секако и на мапа не не знаат дека постоиме.
Баш тоа им е поентата на дечкиве. Без разлика на тоа кој како изгледа или кој каква сексуалност има дека не треба да се оспорува талент без разлика дали станува збор за пејачи, гитаристи, тапанари или било која друга професија. На светот стварно му е доста од поставени “стандарди“ кој како треба да изгледа, на крајот од денот сите сме различни нема никој совршен. Баш напротив, денес да си поразличен е доблест. Особено кај женските. Сврти на инстаграм веќе нема усни со ваков облик онаков.. све е на филери и пластични корекции, тоа се изгледа исто. Дечкото си има некој свој шарм и природни црти на лицето, тоа го прави згоден иако за мој вкус е ту мач ексентричен во стилот. Најбитно е тоа што музиката му е ТОП. Еве веќе неколку недели не можам да престанам да ги слушам
Гледам коментарите од фб се преселиле и тука. Тоа, е. Се знае што е прав маШ. Мрсничок, со ланец око врата со крст, со симетричен нос и да нема долга коса, оти само травеститите имаат долга коса. И кога ќе прочитам коментар "само мене ли не ми е убав" ми дава pick me girl vibes.
Сметам дека едно е искажување на свое мислење и став, а друго е омаловажување и критика на туѓо мислење шо се коси со сопствените желби, интереси и вкусови. Ирелевантно е да се зборува за вкусови(како шо веќе беше кажано неколку пати низ темава), бидејќи нели тие се сопствени, индивидуални, посебни и сметам дека никој не треба да се прилагоди кон нешто шо се смета “општо прифатено” и “убаво/привлечно”. “Shaming is so last year“ or more like last century.
А што бараш во темава да коментираш гледаш дека скоро сите тука сме нивни фанови, синкир на некој му е гајле ако некој не ти се допаѓа,
А тек жена со кратка коса, куку ноне... Мене Ethan со косата многу егзотично ми изгледа, ме потсеќа на дечкото на Покахонтас, тој пред Џон Смит Што да бидеме реално поубав беше За Дамиано не знам што да коментирам, мислам со таа енергија можеше и тотално невпечатлив да е на лик, и пак да е секси. Спојлер Ајде ајде, плакнете очи малце.