Да не бришам понатака оф топици, гледам почна да оди дискусијата веќе надвор од темава, да си се вратиме на коментирање на талентираниве дечки и нивните песни.
Офф топик ама ми се гади кога ќе прочитам коментари особено од 18+ лица како исмеваат други лица на сметка на нивниот изглед. Не дека не е спорно и за тие под 18 годишна возраст, само тие се сеуште во фаза на развој и допрва го осознавват светот, па до некаде им е опростено. Ама возрасни лица, НЕ и НЕ. Ако не ми се допаѓа некој/некоја би кажала дека не ми се допаѓа, а за коментарите околу физичкиот изглед би избрала многу посоодветни зборови. Ама нос како за бурек сечење, сува, стап за чукање ореви, дебела, мрсна, очи како був, ситни очи итн. Не ви е срам вака да коментирате? т.е. да бидам попрецизна не ви е срам вака да се изразувате? Вистина е дека убавината и привлечноста се субјективни работи, колку што има луѓе во светот толку има и различни вкусови. Еве и мене лично Дамиано не ми е нешто особено привлечен. Ама погледот, начинот на кој што ја движи устата, начинот на кој што се изразува, начинот на движење и држење на телото, убавиот тен, темните очи итн се магнетски привлечни за мене лично. Всушност тој, а и целата група се доказ дека и надвор од "стандардите" поставени од незнам кој луѓето се УБАВИ и ПРИВЛЕЧНИ. Да, носот му е римски ама и вилицата му е римска, така да ако читаш Дамиано од некаде дојди ми сонце, и носе и уста и телце, ма се ќе ти љубам. А за килажата има 22 години, што очекувате, допрва ќе се развива и како што некои и пред мене коментираа убаво ќе старее. И да се редактирам додека можам, по незнам кој пат, за срце ми зарасна песнава А цел албум им е сврш ...
Не знам зошто некои луѓе имаат потреба да навредуваат луѓе врз база на физички изглед.. Дали тоа им прави да се чувствуваат подобро за себе, не знам.. Anyways.. За мене Дамиано е дечко по мој вкус, ама прво ме освои со харизмата и талентот. Мислам дека целиот бенд го освои светот заради тоа што сите 4ца се уникатни, посебни и различни млади луѓе кои се преталентирани. Самата нивна енергија го прави бендот тоа што е и јас навистина им се дивам. Како љубител на рок, навистина ми е мило што ги открив зашто музиката им е предобра и навистина уживам во неа. За некои ќе останат само победници на Евровизија, но за некои се повеќе од тоа. Looking forward to see them live Кој не ја слушнал изведбата, задолжително е нема да зажалите.