Заразна е песната. Не сум преголем фан на рок музика, ама ова ми се допадна многу. И оваа песна е преубава.
Не можам да престанам да ја слушам изведбата на Amandoti, на Санремо, со Мануел Ањели, перфектна! И се уште трујам со La paura del buio, предобра (како и повеќето од вториот албум). Ме освоија трајно
Ги гледав видеата од вчерашниот настап.. Аууу вриштат од енергија. Секоја чест на храброста на Дамиано да се фрли во публика, онака одеднаш сепак косата не можам да ја прифатам
Очаен е со фризурава, избрза со промена и тоа грда промена Да го советува некој да залиже тоа шишкана бар
Вака ми изгледаат моите лакирани нокти моментално... Го видов овој дека се лакира и трк да го копирам