Ме разочара новава песна. Очекував дека ќе се држат и понатаму до рокот, и италијанскиот јазик. Добро, очекувано беше дека ќе извадат англиски песни за да се приближат до странската публика, но овакво експериментирање ги носи поблиску до мејнстрим поп, што мене секако не ми се допаѓа. За нив може да е исплатливо затоа што тоа го сака и бара публиката. Но, јас повеќе ценам кога некој артист се држи до своето. Ќе си се држам јас до старите нивни песни.
Мене баш ми се свиѓа песнава. Летно хитче ќе ми биде. Долго возење покрај море и песнава во позадина, ми делува како совршена комбинација. Иако да, по рок се препознатливи, но ми се свиѓа што и во друг жанр можат да се снајдат. Би сакала сепак да извадат и нови песни во нивниот препознатлив стил.