Ауу мајко мила колку ми е секси во костум а крајот вреди за сите пари на рипит го гледам  никогаш не сфаќав кога некоја ќе каже за машко дека има слатко или добро газе, но сега се приклучувам на таа група
Излезе албумот, само што го дослушав . Најмногу ми се допадна Timezone, т.е. најпевлива ми е . Мило ми е што извадија и италијански песни, многу се чувствува разлика, комплексност, моќност и во музика и во текст . Не можев да дефинирам што не ме воодушевува кај англиските песни сѐ досега: утврдив дека им се баш за собирање повеќе публика, особено во поглед на текст. Многу им е попразен текстот, особено во рефрени, каде акцентот е ставен на повторувања на исти зборови/фрази, што ги прави полесни за паметење и пеење . Макар што, мислам дека со овој албум се малку подобрени во тој поглед, имаат песни и со подобрен англиски текст (Gasoline, If not for you). Kool kids ми е интересен текстот надвор од рефренот што е 90% cool kids . Уникатна ми е песната, иако не е мој стил, ама можеби така ми се чини баш дека не слушам таков стил на песни . Друго, значи и претходно се чувствував вака, ама пошто не ги слушам активно, не можев да дефинирам: некои од сингловите многу ми наликуваат еден на друг, или барем кога ги слушам, како да ги имам слушнато тие акорди претходно (како déjà vu), на нивна или туѓа песна, само не можев/ам сѐ уште да лоцирам на која. Еден пример што успеав да лоцирам е: рефренот на Mammamia со пола рефрен (делот Dance, dance...) на Don't wanna sleep. Друго што многу ме мачи, а никако не можам да кажам на која песна ме потсеќа е делот од рефренот на Timezone (So fuck what I'm dreaming...). Значи имаше една поп песна/балада што така ескалираше во рефренот - дали од Billie Eilish, Olivia Rodrigo или некој друг, никако не можам да се сетам, а популарна песна беше во најмала рака барем минатата година . Едит: Инаку, ми се допаѓа што извадија lyrics видеа со песните, а особено што голем дел од нив може да функционираат како мини спотови .
Да и јас приметив дека им наликуваат песните едни на други, дали тоа им е била целта нз, но да лесно певливи се а јас иако не сум по рок нив не ги можам
Исто и јас не сум многу по рок,но кога ги слушнав колку добро звучат,се заразив со нив. Инаку, го ислушав и јас целиот албум и ги оценив песните. 1.OWN MY MIND-9/10 2.GOSSIP-6/10 3.TIMEZONE-8/10 4.BLA BLA BLA-10/10 5.BABY SAID-9/10 6.GASOLINE-7/10 7.FEEL-4/10 8.DON'T WANNA SLEEP-7/10 9.KOOL KIDS-9/10 10.IF NOT FOR YOU-10/10 11.READ YOUR DIARY-5/10 12.MARK CHAMPAN-6/10 13.LA FINE-4/10 14.IL DONO DELLA VITA-5/10 15.MAMMAMIA-6/10 16.SUPERMODEL-10/10 17.LONELIEST-10/10 Одличен беше.Се надевам дека вака ќе продолжат и во иднина
Бендов после победата на Евровизија буквално не се застанати од работа, фронтменов Дамиано чинам од умор не личи веќе на себе