А мене да ме фрлите прва? Останатите кај Томас и Итан. Ако остани жив ќе ви го дадам. Т.Е. ќе го оставам жив де . Нема да го мачам многу жими се. Потоа за секоја ќе има по малце, а после вратете ми го. Sharing is caring, ептен другарка ќе испаднам. Е на мажи не го давам . Од девојче што е пресрамежливо и повлечено Дамиано ми ги "отвори чакрите" што би рекол мој пријател. Шала на страна, имам работа гз преку глава ама ги измањачив прописно и сите песни ги преслушав. Некои споменаа дека се најдоброто нешто што и се десило на Европа, за тоа потполно се согласувам и не само на Европа туку на целиот свет. Се надевам, а и не се сомневам дека добро ќе ја искористат победата и ќе направат светска слава. И најважно од се е дека се надевам дека ќе си стојат на зборот и ќе направат концерти низ цела Европа, ако не дојдат кај нас ќе одиме во соседните држави. А за тоа што ќе фрламе, мислам дека ќе си одиме голи хахахах.
Тешко тешко тоа, овие едвај душа берат, ќе ги носи на душа некој/а како шо ми изгледа Ај ја напуштам темава да не ви рушам бујни фантазии, битно доста сега преку ноќ се "љубитељи рока"
Нон-стоп ми вратат песните на Spotify, имам придонесено околу 1/4 да бидат меѓу најслушаните артисти на светот во моментов. Многу ми е ќеф шо речиси светски се прославија бидејќи навистина го заслужуваат тоа и сум препрерадосен шо се произведува квалитетен рок. За другите “каприци” нема да дрндам јавно, се беше кажано од претходните постови... П.С. Хејтерите нека намалат малку, не се интересни.
Генерациски ми се погоди песнава, ама и во текстов можам многу да се пронајдам. These lyrics hit hard..
Мислам дека не е фер према Викторија да се занесувате само во Дамјан ( ), покрај нејзината убавина A moment of appreciation :
Јас го гледав Санремо финалето годинава, не ни приметив некоја голема разлика, еве да не спомневте на форумов немаше ни да знам дека последниот дел е сменет. Ама не сфаќам што е толку многу едитирано освен цензурава нели зашто ДеЦа ГлЕдАаТ Да не е апла ке кацо (winks at @Biljarkata) на Евровизија. Иначе Санремо е секогаш препосебен со оркестарот, само среќа претрпе промени кај што не мора само стандарни канцони да се песните, стануваше досадно. Мене ептен убави песни од Санремо ми имаат излезено последниве години.
Па порано си беше со оркестар Евровизија, не знам зошто сменија, ептен друг филинг беше Е сега не беше 100 саати, ама оркестарот фали дефинитивно.
Ladies and gentleman, Damiano David’s girlfriend: Giorgia Soleri https://twitter.com/unicorniens_/status/1395693550671646720
Викторија е out of this world! Искрено, сите то еден се iconic и меѓусебно имаат многу добра енергија и совпаѓање. Им се восхитувам на соработката, пријателството, близината...
Ги чекам Манескин/Монескин на кончерто ин Мачедониа да се нацртам и јас. Групата во Италија ја викаа(т) Манескин, но името е данско и се чита Монескин и тоа ме збунуваше како треба да ги нарекувам. Мислам дека е во ред и на двата начина. Песната ме тера да се влечам по земја како змија. Се си има.
На Сан Ремо помоќно ми звучеа. На крајот солзите на Дамиано, срцка... Девојка му е убава, со мене повеќе си одговара, ама ај... Кога прочитав дека напуштил средно, ми дојде родителски да го искарам
Не гледав многу Евровизија годинава, ама...омг луѓе... I am so turned on. Ваков стил на музика одамна си слушам, и смешни се оние butthurt турбофолкери со коментари на фб како овие биле сатанисти и дрогираши. Смешки.
Ако I wanna be your slave и For your love им се најсекси, овие две ми се најемотивни... имаат песни за секакво расположение уствари