Значи се лигавам ко тинејџерка, не ме личи на годините со вакви мисли Како не сум ја знаела групава претходно ќе си пукнам, фала евровизијо за откритиево на годината.
Да додадам само, не сакам им ги слушам англиските верзии, не им лежи, или до мене е оти италијанскиов ептен им е хот, посебно со неговиов глас . Човече кој секси, најпрекрасен глас го има детево. Жал ми е само што не знам да ги пеам. А во песнава се заљубив...
Гитарата Групава е нешто најубаво шо му се случило на светов подолго време. Се чуствувам како тежок манијак
Не ги сакам ни јас на англиски, посебни се со италијаснкиот. Не ми се верува дека постои ваков бенд, млади, различни, што сакаат и создаваат ваква музика. Може се гледа кои им се инспирација, ама се убедливо свои.
И го виде текстот? Преубава Иначе Torna a casa е првата што сум ја слушнала, ама не бев свесна дека се дечкиве, негде 2018-2019 мислам беше, бев во Италија и ептен хит беше, насекаде се слушаше Многу убава исто
Марлена марлееена П.С: Има опасност од пандемија со Монешин, ќе одиме сите по улица и ќе им ги пееме песниве Не е битно како знам
Не знам чуму фама за бендов. Што се однесува до самиот стајлинг на групата, не се нешто креативни. Кисс во 80тите носеа топуци и ставаа кило шминка, патем останаа икони кои ќе се слушаат со генерации. Песната што победи на Евровизија и дадов не една, туку 101 шанса да ме привлече, ја гасам цело време, воопшто не го задржува моето внимание. За физички изглед и вкусови, не се дискутира, али пејачов во фацата ми е ко испиена мушмула. Хатари за овие беа измислени во секој поглед, само што изгледа беа ,,премногу" за еден ваков настан. Него свака му част, ја толика штикла не сум носела никогаш, а и да носам, ќе завршам на инфузија со штаки. Сума сумарум, ништо посебно, and yet нешто поразлично од се останато на овогодинешниот натпревар.