Моногамијата и модерното општество

Discussion in 'Општи дискусии' started by WildMk, Apr 15, 2021.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,356
    Според она што сум читала, моногамијата не им е својствена на луѓето, но е имплементирана како модел, за да се одржува структурата на општеството. Нели 'Семејството е клетка на општеството'.

    Дали можеби има потреба од реструктуирање на постоечкиот концепт врз кој е организирано модерното општество?
    Дали е моделот 'застарен'?
    Дали сте размислувале која би била алтернатива, како би се организирало општество кое не се базира на концептот моногамија-брак-семејство?
     
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Joined:
    Oct 25, 2012
    Messages:
    8,066
    Likes Received:
    48,455
    Gender:
    Female
    Денес владее слободната воља на граѓанинот.
    Денес секој со го креира начинот на живот, од самиот себе зависи дали ќе живееш и ќе имаш однос само со еден партнер, дали ќе склучиш брак и дали ќе го прошириш семејството.

    Опшеството само по себе го налага овај терк како што пиша моногамија-брак-семејство, ама и да скрсниш/да не се согласуваш, нема ништо кривично.

    Моделот е веќе застарен, има многу случаеви на парови кои се против бракот а живеат заедно, исто и еднородни родители на кои не им треба партнер за да се остварат како родители ...

    Нема потреба од никакво реструктуирање, тоа би значело ново ограничување на слободната воља и начин на живот
     
    Last edited: Apr 16, 2021
    WildMk, cresa-jagoda and Limpan like this.