1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Монотонија во врската или нешто друго?

Дискусија во 'Канта' започната од BlackSwan070, 23 јуни 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. BlackSwan070

    BlackSwan070 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    Епа вака, веќе сум во врска со дечко ми година и пол но во половината од оваа година тој малку како да се смена започна со неговите другари само да излегува не ми се јавува често односно ми вели само јас да местам бесплатни потоа порано ми имаше ветено дека нема да адднува ниту да прифаќа девојки на ФБ а сега тоа го прави онака како да кажам масивно :( тоа премногу ме лути и цело време се караме заради тоа исто така не бевме ни заедно за 1 мај. А за разлика минатата година се гледавме често се гледаше дека е премногу премногу заљубен во мене но нешто се има сменато во него се уште ми вели дека ме сака и дека не сака да раскиниме. Епа кога е така ко тогаш зошто адднува зенски на ФБ и зошто не иди да се гледаме? Дали ова е само период сега си велам да го подоставам да не му спомнувам за гледање онака да се подоладиме..Но потоа ке продолжиме?? :( :( :( :( Ве молам кажете ми ваше мислење ;( ;( ;(
    Благодарам однапред
     
  2. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Совет нешто..навистина не знаам како да постапам :/

    Прашај го зошто така се однесува! Можеби веќе не те сака или па сака да се одалечи од тебе некое време. Најдобро ке биде да си го прашаш! :)
     
  3. anabela931

    anabela931 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    41
    Совет нешто..навистина не знаам како да постапам :/

    Јас мислам дека со оглед на тоа што поминало време од година ипол , секоја подолга врска има кризи и такви периоди, еве и јас сум во врска од 2 години па и мојот е оладен. Ви треба нешто ново, монотонијата ја уништува врската.Со паузи немој, затоа што јас имам лошо искуство со онаа паузата од 1 недела... :)
     
  4. BlackSwan070

    BlackSwan070 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    Совет нешто..навистина не знаам како да постапам :/

    Мхмм..паа не мислев на пауза мислев онака да не се карам ко да е се ОК да се понашам а ќе се поправи понатаму или..? :/
    А на пр. дали има врска на пр. тој сега ќе оди 4та год. јас 2 тој сака да излегва од 11 часот а мене само до 12 ме пуштаат..дали заради тоа не сака да излегуваме..навистина не знаам :/
     
  5. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Совет нешто..навистина не знаам како да постапам :/

    Не знам дечкото твој како мисли ама јас кога вака би се однесувал со девојка би значело дека веќе сум во потрага по друга алтернатива а неа ја чувам за резерва додека не најдам нешто подобро. Јас би раскинал ако дојде до таму ама знам многу што седат во врска се додека не најдат друг па дури потоа раскинуваат.

    Те запоставува, не ти се јавува и сака ти да земеш бројче, кисне со другари и аднува женски на ФБ иако знае дека те нервира. Мене ми се чини дека сте пред раскинување или игра мудро па сака ти сама да му раскинеш за да не биде он крив.

    Јас би играл на шок терапија ама треба да си свесна дека пациентот (врската) може притоа да умре (ако веќе не е касно).

    Или земи да разговараш отворено и стави ултиматум дека вака тебе веќе не ти одговара и види што ќе каже, или речи му дека сакаш да раскинете па ако рече ок значи само си го претркала а ако почне да те моли имаш сеуште некоја (макар и мала) шанса нешто да спасиш. Или па почни и ти да не се јавуваш и да флерташ со други и да излегуваш со другарки без да му кажеш. Ако сеуште те сака ќе реагира да те врати а ако не реагира и онака било веќе готово.

    Сепак ова се совети од страна, сама мораш да одлучиш што ќе преземеш а најлошо е ништо да не правиш и пасивно да чекаш на него и да се нервираш. Најпрво пробај со отворен и искрен муабет да се разберете а ако не бива пробај со другиве алтернативи.

    Постои и мала шанса да е само привремена криза која ќе помине ама машки и во тоа привременото бараат алтернатива така да имај го тоа на ум и не дозволувај предолго да трае затоа што ако утре му прелета пред очи некоја фуфица што му се пушта може да ти го земе.

    Стапи во акција веднаш без одлагање.

    Пс. Вие средно сте биле а јас се распишав :(.
     
    На BoaVista и BlackSwan070 им се допаѓа ова.
  6. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Совет нешто..навистина не знаам како да постапам :/

    Не може он да не сака да излегува само затоа што тебе те пуштале до 12.. Ти за тоа не си виновна, а со оглед на тоа дека сеа си завршила 1ва година и доволно е..Знам една иста ваква случка, истото и се случува и на една другарка.. Види најубаво е ти да седнеш со него и да разговараш, да видиш што ќе ти каже, што он планира.. Дури и да ја прекинете врската не се разочарувај, можеби е така подобро.. Ехеее млада си уште.. После него ќе најдеш уште многу многу дечковци.. Немој да се залетуваш така, а исто и некако мала си за толку сериозна врска.. Сега ти е време кога треба да менуваш дечковци ( не секој ден нов туку да пробуваш најразлични нешта да видиш кој ти одговара тебе).. И како за крај, ако решите да останете во врска, пробај те да смените некои работи.. Направете да ви биде интересно.. Направи му некое изненадување, поклони му нешто, одете негде заедно и сл.. Гуд лак дарлинг :)
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Совет нешто..навистина не знаам како да постапам :/

    вака јас кога би осетила ваква ситуација не ми било сеедно нормално но одма ќе превземам нешто година и пол е добро време да се осети монотонија во врската за жал во секоја врска има криза е сега некој ја поминуваат таа криза а некои за жал не
    јас ти предлагам да му купиш нешто да го изненадиш не да го поткупиш ама некој детал или да му предложиш да одите некаде на вечера на некое место каде не сте биле досега речиму вечер таму одиме јас частам бе :) би се облекла преубаво би блескала едноставно да го закочиш неговиот прглед во тебе нема да остане рамнодушен верувајми ова е така едно советче да ја освежиш врската
    пробај првен вака ако не реагира олади ти кон него не трчај по него нека почуствува и тој како е ако не го побараш нема да му е сеедно и ќе му одиш контра малку речиму ако сакаш да ме слушниш јависе бе намести и ти бесплатно има начин биди ладна не само него ладила ти да му правиш
    со овие работи ако те сака мора ад реагира верувајми ако од ова ништо не запали па тогаш тоа е тоа јас би се оддалечила тотално од него кога повеќе не го интересирам вистинската девојка тоа го прави а не моли потоа времето ќе покажи све
    со среќа
     
  8. BlackSwan070

    BlackSwan070 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    Фала ова е добра совет иначе па тој си е премногу љубоморен на пр. ако не му се јавам или слично ќе се лути..и сл. тој ми се лутеше на почетокот и сеуште шо сум го сакала Хари Потер само треба тро построга да сум :/
     
  9. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Можеби осеќа притисок, искача само до 12 па сака и со другарите. А машкото друштво понекогаш знае да биде и расипано па може му се уарнило така сам со другари да се шета.
    Срдно сте, можеби не сака уште толку многу да се врза за една девојка.
     
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Секоја врска, особено ако е подолга, поминува низ кризни периоди. За ова нема подобро решение од разговор, сепак не можеш да знаеш зошто се однесува така ако не седнете да поразговарате нели? Тука никој не може да ти ја каже точната прилина. Побарај да разговарате отворено за се. Тоа што тебе те пуштаат само до 12 не треба да му биде изговор за да не се гледате, треба да најде време за тебе, ако навистина сака.
     
  11. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    И мене тоа ми се случило со дечкото...но за среќа ние ја поминавме таа криза што беше пред една година...ааа како сега ќе ти кажам направив искрен разговор со него.....искрено не ми помогна нешто посебно..ама прстанав да го барам престанав да му кажвам колку го сакам дека не можам без него...едноставно тој си излегваше и јас си излегвав...морам да признам дека не е лесно..но шо се мора се мора..тој кога виде дека ме губи...дека не го барам како шо го барав...тој почна да ми пиши на мсн на фб почна да ми се јавува...мислам дека имаше љубов и затоа ме побара...ако нема љубов во овај шо го сакаш џабе тие шо и да напрајш тој само ќе сака да се тргни од тебе....затоа те советувам првин разговарај...ако нема ефект..продолжиси со животот како пред него шо си живеела...ее иако тогаш нема ефект...џабе ти се...шо и да напрајш тој нема да ти се врати....се надевам дека ќе има срекен крај (како мојот) ;) :) ;) 8)
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.927
    Душичке такви се машките, никакви, бесчувствителни... и мене ми се постојано лути мојот што сум го сакала многу магаренцето од Шрек, ама не сфаќа тој, друга е таа љубов. Го сакам дечко ми, ама со магаренцето имаме некоја посебна приврзаност, тој е толку посебен, духовит, луда сум по него, се губам кога ќе му го слушнам гласот.
    Ама за жал дечко ми не го разбира тоа па се лути...
    [​IMG]
    Ах љубов моја :inlove: :inlove: :inlove: ... колку сум само љубоморна на таа змејката да знаеш... :@
     
    На BlackSwan070 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BlackSwan070

    BlackSwan070 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    Znam kako e. Inace haha bas e interesen lik ama ne razbiraat ne mozis so sila da mu turis :/
     
  14. kalinka89

    kalinka89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    8
    девојко како можеш да му забрануваш да аднува девојки на фб тоа е глупаво јас имам дечко па аднувам на фб другари познаници и ептен би се изфрустрирала ако тој ми приговара за тоа. не треба да ти пречи ако понекогас излегува со другарите и тоа треба да му го кажеш дека кога сака можи да излегува со другарите но се разбира да има време и за тебе. ако се сака се се можи има време и за другарите и за тебе. ако врската ви станала монотона дај сменете некој работи правете работи кои претходно не сте ги правеле шетајте во природа одете на кино гледајте филмови кај него игарјте игри на компјутер имајте попикантен секс поинаков од претходно. се надевам ти помогнав некако само најбитно е немој да го задушуваш и да му забрануваш работи и да се чувствува како во ланци да е оти така уште повеќе ќе го оддалечиш од тебе ти зборувам од лично искуство како е некој да ти забранува и да ти се лути за некој работи тогас уште повеке сакас да ги правис забранетите работи. со срека се надевам ќе успеете да ја поправите врската.поздрав
     
    На BlackSwan070 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    :D :D :D се сложувам само времето потрошено за вас двајца (корисно) ке ве извади од монотонијата ;) ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.