Причината поради која ја отворив темава е поради видеово на следниот линк: http://www.24sata.hr/sokantno/monstrum- ... %2Bstatusi Значи какви луѓе монструми постојат на светов, од кога го видов видеово не можам да се смирам, почнав и да плачам и си викам ако ова некој го направи на моето детенце нема да остане жив. Како може ова некој да му го направи на едно невино и беспомошно бебенце. Ова видео треба да биде предупредување за сите родители да внимаваат на кој ги оставаат децата и кој им ги чува. И сакав со вас да го споделам видеово и да ги слушнам вашите мислења што би направиле доколку ова ви се случи и ако некој имал некое вакво искуство или знае некој на кого му се случило нешто слично нека пише.
Што би направиле доколку ова би се случило со вашето бебе? јас сум крајно разоЧарана до каде отиде Човеството каков монструм мозе да го направи тоа бидејки Човек не мозе,искрено се згрозив од старицата си мислам треба многу да винимаваме зарем не мозе давањето на работа како бејбиситерка да оди преку агенции да имаат поголема контрола кого и како вработуваат,инаку да сум јас на местото на мајката пред со свои раце да ја однесам во полиција сама ке се погризам за неа уствари незнам сто ке и направам страсно и зално
Што би направиле доколку ова би се случило со вашето бебе? многу е жално ова да го гледаш детето кој знае какви трауми ке си носи цел век од неа али добро е што мајката го пуштила на интернет да се свестат родителите и да обрата пазња на дадилките и бебињата
Што би направиле доколку ова би се случило со вашето бебе? Ове е премногу вознемирувачко, искрено не го ни догледав видеото, кнедла ми застана во грлото и ми се стегна срцето.
Што би направиле доколку ова би се случило со вашето бебе? кога го гледав утробава наопачки ми се сврте немем зборови ја со зуби би ја кинела во парчиња што све не држи земјава
Што би направиле доколку ова би се случило со вашето бебе? Луѓе бре за во топ е оваа да се мачи доќивотно во еколот нека кори. Срцево ми се растопи не ни можев да го догледам, одма на малиов мој ми текнува колку е само мал, а и ова душиќе невино, како можела Бог да ја казни бездушничка една.Не знам вечер како ќе спијам искрено срце мисе стегна од призоров грозоморен
Што би направиле доколку ова би се случило со вашето бебе? Искрено мене многу ме вознемири видеово, се почувствував како моето дете да е таму на видеото, тоа мало, беспомошно и некој да се изживува врз него. Душиче од што го тепала престанува да плаче и се смирува Не можам ни да замислам како им било на родителите кога ја гледале снимката. Јас да сум ќе зажали што е жива и ќе моли да и ги скратам маките. Ти се грижиш за детето влакно да не му фали од главата, а некој како овој монструм ќе го тепа Најлошо од се е што таа им била дадилка и на претходните две деца, што значи истото им го правела и на нив и родителите мислејќи дека таа е човек од доверба и дека добро се грижи за нивните деца ја ангажираат повторно. Но добро е тоа што се посомневале и решиле да стават камера инаку којзнае колку време ова ќе се случувало. Значи јас знам за случаи кога дадилката носела дечко или го оставала бебето да плаче ама вака крвнички да тепаш бебе затоа што плаче е навистина нечовечки. На запад многу често се ангажираат дадилки, и најчесто од финансиски причини луѓето не решаваат да ангажираат некој од агенција туку некој што го знаат или по препорака. И ги разбирам родителите што ставаат камери, од кај знаеш кој ти го чува детето. Во нашиот регион уште се тука бабите и дедовците да ги чуваат децата па среќа не мора да ангажираме дадилки ама полека полека и кај нас почнуваат. Јас знам една мајка што нема никој кој ќе може да и го чува детето, а после 6 месеци мораше да се врати на работа па си викна жена да и го чува детето и ја плаќа. И во градинка исто може да се случи иако поретко, бидејќи сега веќе има построги контроли кој се прима на работа и кој смее да работи таму. Мене како мала ме оставиле со повраќаници да спијам и не ме преслекле цел ден и мајка ми кога ме земала и ме видела таква се испокарала со тие таму и од тогаш веќе не ме носела во градинка, а сестра ми па воопшто не ја ни носеше. Сакам да кажам мамички отворајте четири очи, внимавајте со кого ги оставате децата и многу контрола над нив сега и понатаму бидејќи постојат секакви луѓе на светов и можат да се случат вакви работи.
Што би направиле доколку ова би се случило со вашето бебе? иииииииииии леле луѓе што е ова????? ми се згрози душата, леле неможев да го догледам скроз се шокирав, и мм го виде видеото и вика леле оваа да ја фатам ке ме моли да ја убијам од што ке и биде тешко. Па оваа жена заслужува најстрога казна на светот да ја мачат полека полека ииии уште сум згрозена...
Што би направиле доколку ова би се случило со вашето бебе? Јас не сум мајка па се расплакав бетер од бепчево. Едино ми е мило што ја откриле лудачава, па бепчето веќе нема да трпи. Јас да сум на местото на мајката гркланот со заби би и го извадила.
Што би направиле доколку ова би се случило со вашето бебе? јас видеото го видов на фб знам дека сум чуствителна на вакви работи и пак од проклета љубопитност го гледав и јас не го догледав само што го пуштив кога влага дадилката и монсруозни шамари му дава на бебето се запрепастив се стопив на лице место ми влезе во психа и никако да го извадам видеото од глава цел ден па може вратчето да му го скрши од каде толкава сила старка глупа да се изначудиш ,цел ден се прекарувам што ми требаше да го отворам видеово запрепастена сум и разочарана од човештвото
Немате поим колку се расплакав во сред ноќ, мм стануваше да ме смири. Колку ми беше жал го гледав и викав по нејзе, леле само да ми е при раце без разлика дали се работи за моето или било кое друго бебе-дете, па што е тоа криво бре? Не можам да се смирам навистина , какви луѓе постојат.. Целата се тресам и си размилувам како ли ги чуваат децата по градинките. Јас не да го споделам видеото на лице место би ја УБИЛА. Уфффф Не знам што ми требаше ова, мислам дека нема да заспијам сега. Боже па јас го раѓам се мачам за него, за се и сешто се потресувам и животот ми се скратува секојдневно при некое нагло нејзино движење , а некој да го тепа и да го малтетира, уште кога го фрли како мирно си лежеше. Па и по глава го мава бре да ја мавне гром аууу
Се изнаплакав додека го гледав видеово Вештерка една, како го удираше бепчето за да не плаче душичка мала, како го траќаше, па удараше Ах бе не е за секого таа работа
Уште кога го видов насловот знаев дека нема да го пуштам видеово да го гледам,ама ај си викам барем да ги прочитам коментарите,и да ви кажам и од нив се потресов Можам само да си претпоставам што му правела на бебето таа бездушничка,уууффф Таквите како нејзе само за во гасна комора,да им е*ам мамичето нивно скапано
Еве линк јас кај што го гледав: Спојлер http://www.24sata.hr/sokantno/monstrum-a-ne-dadilja-bebu-tukla-jer-joj-je-stalno-plakala-300664
Јас нема да го изгледам видеото сепак...синојќа баш сознав за ова преку разговор со пријатели...нормална реакција беше , запрепастеност секако , јас понекогаш си викам дали беа добар начин електричните столици?Или премногу сум осетлива на неправди. Ама бре за една е..на серија да изиграваш лудак ондак носи си ги последниците.
ЛЕЛЕЛЕЛЕЛ е готово,сега нема да можам да заспијам од што се изнервирав Лелелле,како ја колнам во моментов,дајбоже поскоро да умре,и во пеколот да гори само лоши работи да ја пратат Спојлер вештерка грда старица недоквакана Ја на оваа не само отказ,туку од маж ми 100 бокса би и дала,и плус би и ги исекла прстите да види што е болка гнаса една,не заслужува да повживее 3 минути. Извинете за речников,ама толку се изнервирав,мислам јадењево ми се врати,ми иде да ја задавам.Краветина.